МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За прв пат во Македонија ВМРО-ДПМНЕ воведува дигитален процес на ажурирање и зачленувањеОд 1 септември ВМРО-ДПМНЕ започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и отворање на партијата за нови членови под мотото „Заедно за иднина – Приклучи се!“.Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чекор во развојот на партијата, со цел изградба на посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, која е подготвена за иднината. Ние имаме повеќедецениска историја, силна организација и бројно членство, а силата на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето кои со децении се дел од партијата, кои верувале и придонесувале и во најтешките периоди, но и новите генерации кои носат знаење, идеи, енергија и желба активно да придонесат за иднината на Македонија. И во таа насока пораката на кампањата е јасна и едноставна, „обнови го членството, биди активен и биди дел од иднината“. Почнувајќи од денес во период од три месеци, секој постоечки член ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци, а истовремено, ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за секој граѓанин кој ја прифаќа програмата на партијата и сака да се приклучи. ВМРО-ДПМНЕ е партија отворена за нови знаења, вештини и енергија и за секој еден кој има идеја, знаење, енергија и желба да придонесе, местото му е со нас. Во рамки на процесот, за првпат во Македонија се воведува целосно дигитален начин на зачленување и ажурирање на партиското членство и за таа цел нашата ИТ комисија изработи веб-апликација која веќе е ставена во функција во општинските комитети. Додека, пак, мобилната верзија на апликацијата е доставена до Google и Apple и по нејзиното одобрување ќе биде достапна и за мобилните телефони. Со дигиталниот процес, пријавата, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдата на членството ќе можат да се завршат дигитално за само неколку минути дигитално од телефон. Ова е уште еден чекор кон модерна, ефикасна и технолошки напредна ВМРО-ДПМНЕ, која се менува со времето и ги користи современите технологии за да биде поблиску до своите членови, до граѓаните и пред се до новите генерации. Но, во овој процес, никого не оставаме зад нас, затоа што дигитализацијата е дополнителна можност, а не замена за досегашниот начин на зачленување и ажурирање на членството и секој што сака тоа да го направи лично, ќе може да го направи тоа во општинските комитети. Од денес, 1 септември до 30 ноември, секој ден од 17:00 до 20:00 часот, општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат отворени за членовите и за сите граѓани кои сакаат да се приклучат. Како и до сега, личните податоци ќе се обработуваат согласно важечките законски прописи за заштита на личните податоци. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите свои членови да го обноват и ажурираат своето членство, а сите граѓани кои досега не биле дел од партијата, но сакаат активно да придонесат за посилна и поуспешна Македонија, да се приклучат, затоа што со овој процес го поврзуваме искуството и традицијата со новата енергија. Твоето место е со нас, затоа што заедно сме посилни и заедно одиме напред. Заедно за иднина – Приклучи се! За ВМРО-ДПМНЕ, за Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter