Мицкоски: Ме боли и пече, на името не сакам да градам кариера!

Власта скапо ќе плати на следните избори, порача вечерва на протестот пред Владата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Опозицискиот лидер рече дека власта на референдумот не добила легитимитет од народот за прекрстување на државата.

„Додека ја оцрнуваат опозицијата, спроведуваат политички прогон а криминалот расте, спротивно на војлата на народот го менуваат името, не нарекуваат народ со комлекси,. Господине Димитров ти ветувам јавно ќе му се извиниш на народот, ќе ги исправиме неправдите, оставка на оваа влада”, порача Мицкоски вечерва.

Млад пар во „жешка“ акција за време на лет- патниците не можат да поверуваат што гледат (ВИДЕО)

Млад пар се препуштил на жешка акција на летот за Даблин, игнорирајќи ги останатите патници.

Патничка снимила девојка како наводно допира млад човек со раката под шал за време на летот. Шокантна снимка од секс во авион е снимена минатиот вторник на утринскиот лет од Лондон до Даблин, објави Дејли Меил.

- Секогаш кога ќе се свртев, гледав енергични движења на седиштата од другата страна. Беше многу очигледно што прават момчето и девојката. Ова траеше околу 20 минути. Едно дете трчаше горе-долу и можеше да види што прават. За мене беше прилично непријатно да седам до брат ми и да морам да посведочам на тоа - изјавила девојката која ја снимила сцената.

За инцидентот се огласи и Бритиш Ервејс.

- Нашите колеги од кабинскиот екипаж не беа информирани за никаков проблем за време на летот. Доколку беа информирани, ќе преземеа соодветни чекори за да го решат тоа - изјавил портпаролот на компанијата.

Полицијата неодамна приведе млад човек и девојка откако биле фатени како имаат секс во тоалетот на авионот. На видеото се гледаат други патници на летот од Лутон како врискаат шокирани откако член на екипажот на EasyJet ја отвори вратата од тоалетот за да ја пронајде експлицитна сцена.

Змија во воз предизвика хаос и застој на железницата во Токио, не успеале да ја фатат

Воз на прометна линија во Токио бил привремено запрен денеска откако патник пријавил кај персоналот дека видел нешто што изгледа како змија.

Ја барале змијата околу 15 минути, но животното не било пронајдено, објави Кјодо.

Железничкиот сообраќај бил обновен еден час по пријавата.

Друг патник рече дека го видел малото животно како „бега во греалка под седиштето“, соопшти линискиот оператор East Jeppen Railway Co.

Поради потрагата по змијата биле погодени околу 2.700 патници.

Никој од патниците не бил повреден.

Украинката Јастремска не се поздрави со Белорусинката Сабаленка по поразот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи украинската тенисерка Дајана Јастремска со 2:0 и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим.

Сепак, покрај тенисот, она што привлече големо внимание е сцената во самиот финиш на мечот.

Имено, по мечот, наместо вообичаениот поздрав, двете тенисерки само се гледаа, дојдоа до своите клупи, ја спакуваа опремата и без никаков контакт го напуштија теренот до најблиските излези. Покрај тоа, од трибините се слушаа свирежи кои јасно го покажаа односот на публиката.

притисни ентер