Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
2Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаМицкоски: Македонија се рангира во петте најбрзо растечки економии во ЕвропаОбјавени се прелиминарните податоци на ДЗС: Со 3,4 проценти раст на БДП во првиот квартал, Македонија се рангира во петте најбрзо растечки економии во Европа.„Почитувани претставници на медиумите, Драги пријатели, Почитувани сограѓани, Во политиката понекогаш ќе слушнете како некој ќе рече дека „бројките не значат многу доколку не се почувствуваат“. Денес сакам да ве уверам дека бројките што ги објавуваме не се само статистика, тие се огледало на промената што веќе се чувствува. Во секојдневието. Во секој дом. Во секоја компанија. И кај секој човек што веруваше дека Македонија може и мора подобро. Денес, со одговорност објавуваме: Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“. Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат“, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска. Тоа е многу значајно и ова не е случајност. Ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ дека кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и со трпение – резултатите мора да дојдат. Знаевме дека не смееме да губиме време. Го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и манипулација. Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција. Почитувани присутни, Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината коишто секогаш е најслаб би рекол и најпредизвикувачки. Сепак, доколку сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на европската економска скала, мораме: Да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4%, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри тоа многу зависи и од екстерните фактори, имајќи дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4% тогаш можеме да кажеме дека ние сме 2 ипол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2%. Еве неколку податоци коишто можеби ќе бидат интересни. Да речеме Белгија е 1,1%, Германија е 0%, Естонија е 0,1%, Франција 0,6%, Италија е 0,7%, Латвија е -0,3%, Унгарија е -0,4%, Австрија е -0,7%, Романија е 0,5%, Словенија е -0,8%, Словачка е 1%, Финска е 0,8%, соседна Србија во првиот квартал е 2% итн. Целта беше на оваа Влада да ги решиме дупките во продуктивноста и вработувањето, но, она што е важно дека покажавме дека државата конечно функционира. И тоа го гледаме денес. Во странските инвестиции што растат. Во индустриското производство што се стабилизира и веќе би рекол втор квартал по ред е позитивно. Во новите инвестиции што се реализираат – од Гевгелија до Куманово, од Кичево до Штип, од Делчево до Дебар. Овој раст не е само бројка. Тоа се нови фабрики, нови машини, нови договори, нови плати, нова надеж. Тоа се семејства што имаат повеќе сигурност. Тоа се млади луѓе што гледаат причина да останат и да се борат тука, во својата земја. Знаеме дека економијата не е ништо без луѓето. Затоа ја градиме економијата со луѓето. Со трудољубиви работници. Со креативни млади. Со стручни инженери. Со земјоделци што секој ден се борат со временските услови, а не се предаваат. Со жени претприемачи, со ИТ-иноватори, со чесни претставници на приватниот сектор. Оваа бројка е за нив. Но, ова е само првиот важен чекор. Ова можеме да кажеме дека во првата година конечно економијата се стабилизира во рамките на 3 и плус проценти, нешто што порано беше невозможна мисија повеќе од 7 години. Но тука не застануваме, следува повеќе. Да бидеме реални, пред нас има уште многу предизвици. Имаме систем што беше поткопуван со години. Имаме институции кои мора да се вратат на граѓаните. Имаме генерации млади луѓе што чекаат шанса. Но денешниот раст е јасен сигнал: одиме напред. Со посветеност. Со храброст. Со јасна визија. Ќе продолжиме да го враќаме достоинството во секоја професија. Ќе продолжиме со враќање на довербата во домашната економија. Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктура, во нови индустриски зони, во енергетиката и иновациите. Ветивме: Македонија ќе ја направиме земја на можности. И овој резултат покажува дека почнавме да го исполнуваме ветувањето. Сето тоа ни помага да бидеме подобри. Оваа Влада нема да престане да работи. Оваа Влада нема да отстапи пред притисоци. Ова е успех за државата. Ова е само почетокот! Ви благодарам.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Метео Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степениВо Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 0 Попова Шапка, 1 Берово, 3 Лазарополе, Крушево, 4 Крива Паланка, Струмица, 6 Штип, 7 Битола, Виница, Прилеп, 8 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, Велес, 9 Охрид, 10 Кавадарци, 10 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 11 Попова Шапка, 10 Скопје-Зајчев Рид, 8 Тетово, 6 Пожаране, 5 Лазарополе, Виница, 4 Крива Паланка, Велес, 3 Прилеп, 2 Крушево, Демир Капија, Струмица, Штип, 1 Охрид, Берово. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
ХороскопДневен хороскоп за 21. ноември 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 21. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални. Кариера Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите. Здравје и совет Јадете помалку, движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете. Кариера Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето слатки. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции. Кариера На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа. Здравје и совет Бидете доследни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити. Кариера Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете. Здравје и совет Подобро да верувате отколку да се сомневате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали. Кариера Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност. Здравје и совет Ви се подобрува формата. Овен 21.3-20.4. Љубов Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор. Кариера Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе. Здравје и совет Размислувајте додека се шетате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто. Кариера Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања. Кариера Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни. Здравје и совет Наспијте се Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна. Кариера Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно. Здравје и совет Останете какви што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите. Кариера Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски. Здравје и совет Динамични сништа. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами. Кариера Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план. Здравје и совет Изразувајте се слободно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската. Кариера Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаСмртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер Мајка е затворена, заедно со нејзиниот партнер, по смртта на нејзината двегодишна ќерка, во чие шише за млеко е пронајдено дека содржи „смртоносна количина“ кокаин!Итните служби биле повикани на адреса во Билингам во април 2024 година, по извештаите дека девојчето, Лајла Хеч, престанало да дише, објави Би-Би-Си. Нејзината мајка, 22-годишната Џоди Хеч, и нејзиниот партнер, 30-годишниот Дејли Матис, првично ги негираа двете обвиненија за злоупотреба на деца во кои биле вклучени Лајла и друго дете. Тие го сменија своето признание на вина на Крунскиот суд во Тиссајд и беа осудени во понеделник. Mom and drug-dealer boyfriend learn fate after toddler dies from drinking cocaine-laced milk https://t.co/QrE02BgFuI https://t.co/I5KLiG860C — New York Post (@nypost) November 17, 2026 Токсиколошкиот извештај покажал дека смртоносна количина кокаин е пронајдена во шишето за млеко на детето, а дрогата е пронајдена и во нејзината крв, желудочната содржина и прамените коса. Главниот детектив инспектор Крис Прингл од полицијата во Кливленд изјави дека во куќата е пронајдена голема количина дрога, како и канабис. Двојката се изјасни за виновна за поседување дрога од класа А со намера за дистрибуција. Џоди Хеч, исто така, се изјасни за виновна за вмешаност во дистрибуција на дрога од класа Б и беше осудена на пет години и четири месеци затвор. Матис, кој беше осуден и за посебно кривично дело насилно однесување во врска со нападот во септември, беше осуден на 13 години затвор. Прингл рече дека дрогата пронајдена во куќата била „лесно достапна за мали деца“, што ја прави „екстремно опасна средина“.Тагови: кокаин Мајката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08