МакедонијаМицкоски: Македонија повеќе нема да се помести ниту милиметар во однос на БугаријаНема простор за идентитски отстапки ниту милиметар повеќе, јасно порача премиерот Христијан Мицкоски. Според него последната изјава на бугарскиот премиер Радев дадена пред средбата со Макрон е јасен доказ дека барањето за промена на Уставот е само почеток и дека тоа нема да биде последниот услов од официјална Софија. Порача дека како влада ќе продолжат да бараат решение кое нема да допира до иднетитетот и достоинството на македонскиот народ, уште еднаш потенцирајќи дека се подготвени да ја платат цената за тоа. „Ние не сме подгтвени да велземе во дополнителна авантура без да има јасен крај на овој процес. Така што ако е тоа цената што треба да ја платиме ние како влада сме подготвени да работиме и да ги решаваме нашите проблеми и да испорачуваме реформи и да изработуваме се она што е објективно барање од страна на ЕУ, но за жал ваквите билатерални прашања и желби немаме намера да исполнуавме, посебно после последните изјави на Радев којшто гордо кажува дека како претседател му требале година дена да убеди шефовите на држави членки на ЕУ дека е потребно да се промени Уставот и дека тоа е само еден обичен почеток, а бидејќи ја знам содржината на разговорот на Муцунски со неговата бугарска колешка можам да кажам дека ова е само почеток на се она кое дополнително ќе следи, така што бние во овој момент немаме намера повеќе ни милиметар да се поместиме. Ако некој цени дека сме потребни како држава ќе сториме се за да ја искористиме таа шанса, но повеќе оттстапки од национална природа нема да правиме“- Христијан Мицкоски, претседател на Влада Решение за надминување на билатералниот спор со Бугарија, Мицкоски ќе бара и за време на средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кој во вториник ќе допатува во земјава и порача дека очекува контруктивност од негова страна. Во однос на предлогот на германскиот канцелар Мерц за постепена интеграција во ЕУ порача дека македонската влада ќе се изјасни откако тој ќе стане официјален. Очекува за деталите да се разговара идната недела за време на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора. „Љубопитни сме да дознаеме повеќе, а тоа претпоставувам ќе се случи на самитот во Тиват од 4-ти до 5-јуни. Јас ќе бидат таму и со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и идеи и откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме да зборуваме во јавност“- Христијан Мицкоски, претседател на Влада Од СДСМ пак и натаму бараат власта да распише референдум за уставните измени и евроинтеграциите. Од социјалдеморкатската младина сметаат дека младите се тие кои треба да одллучат на сопствената иднина и сметаат дека ставот на Влдата дека нема пари за рефрендум е само изговор. „Најскапа цена ќе платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Македонија ќе остане без млади, без народ, без иднина. Камен на камен нема да остане. Младите не сакаат Мицкоски да одлучува во нивно име, да им ја крои капатата а со тоа и иднината во заглавена и изолирана земја. Младите сакаат самите да одлучат во каква држава ќе живеат. Младите не сакаат да ја платат цената заради Мицкоски. Токму младите ќе ги носат последиците од секоја денешна одлука на Мицкоски. Младите имаат став и сакаат да се слушне нивниот глас. Затоа распишете референдум“- Трајче Стојчевски, претседател на СДММ Владата веќе го отфрли повикот на опозицискиот лидер Филипче за распишување референдум за уставните измени. Од таму порачаа дека не планираат да го трошат времето и парите на народот и дека граѓаните јасно можеле да видат како изгледале заложбите на СДСМ за референдум без гаранции за европската иднина на последниот референдумско изјаснување за промената на името во 2018-та. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаПовозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. -Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook