Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)
2Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)
Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)
1Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ МакедонциЌе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМЌе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за тоа дали Владата има временска рамка до кога ќе се обидува да изнајде некаква промена на нашата преговарачката позица или постои можност целиот владин мандат да помине во барањето на подобрата позиција. Мицкоски во својот одговор се осврна на повеќе аспекти на евроинтегративниот процес, а во однос на последните случувања во Европскиот парламент, околу извештајот на Томас Вајц, напомена дека во ЕП изминатите години не е донесен извештај, бидејќи како што, рече воопшто не станувало збор за македонски јазик и македонски идентитет, туку за „северномакедонски јазик и идентитет“. -Тоа е сосема различно од сегашната состоба. Сега на три места има македонски јазик и македонски идентитет, предложен како амандман на европратеници, извештајот го помина првиот филтер во ЕП, во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ). Тука бугарските претставници преку еден европратеник, кој излезе во името на неколку групи, вклучително и нашата ЕНП, вашата ПЕС, либералите Ренју и зелени и рече да го модифицираме македонскиот идентитет и македонскиот јазик со зборчето „модерен“. Суштината не е Бугари во Уставот и трите нови етнички заедници, кои би ги додале, туку да создадеме нов топоним, „модерен“ македонски јазик на „модерни“ Македонци, кои се дел од „модерниот“ македонски идентитет и тоа е суштината на францускиот предлог, истакна Мицкоски во одговорот до Филипче и рече оти жали што тоа тие не го согледале, иако во минатото ги предупредувале. Изрази надеж дека и тие како опозиција ќе работат поинтензивно следните две недели до пленарната седница на ЕП и додаде дека Владата ќе продолжи да работи и со европратеници и со други релевантни фактори. На забелешките на Филипче во поставеното прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ кога била во опозиција одбивала да учествува во работните групи за т.н. француски предлог и што всушност претставува проблем да се внесат трите етнички заедници во Уставот, меѓу кои и Бугарите и да се оди чекор по чекор, Мицкоски нагласи дека неговата партија во 2022 година не одбивала состаноци за предлогот, туку напротив молела и нудела соработка, но не и било овозможено. -Три пати повторивте чист македонски јазик, чист македонски идентитет, а велите никој нема право да преговара за тоа, па зошто сте преговарале, зошто сте преговарале за идентетот и јазикот, ако никој нема право да преговара...зошто за мене сте преговарале, а не сте ме прашале, зошто сте преговарале за мнозинството граѓани во Македонија, а при тоа знаете дека немате услови да го испорачате тоа што сте го договарале...и тогаш бевме на лидерска средба и ви реков нема да помине и предложив две измени за да застанеме сите позади тоа, но бев одбиен, рече Мицкоски. Во однос на трите етнички заедици, Мицкоски напомена дека нема проблем да се стават и 30 етнички заедници, но има проблем со континуираната негаторска политика кон нас. -За трите етнички заедници, немам проблем да ставиме и 30, но имам проблем да разговарам на тема во која континурано некој нас не негира, континурано некој нас не оспорува и ни го ускратува правото да бидеме тоа што сме. Исто така имам право да се сомневам дека тоа не е ниту последната, туку можеби не знам која поред отстапка што треба да ја направиме, а при тоа да не ја завршиме трката и по пат нешто ново да ни се случи. Таков е оној предлог, францускиот и тој е единствениот предлог во современа Европа, во која членството на една држава во ЕУ зависи од работата на Комисијата, која ја толкува историјата, бидејќи во протколот, потпишан од поранешниот министер јасно стои дека мора Комисијата да ја заврши својата работа пред Македонија да стане членка на ЕУ, рече Мицкоски. Премиерот во однос барањето за внесување на македонски претставник во Министерскиот совет во Бугарија, кој управува со Комитет за етнички прашања, нагласи дека тоа е сосема легитимно барање. -Што е нелигитимно и ненормално да бараме во Министерски совет кој управува со Комитет задолжен за етничките прашања, праша Мицкоски и нагласи дека таму има претставници на други етнички заедници, но не и на македонската во Бугарија, бидејќи ним име ускратено правото да се организираат во здружение, кое потоа треба да го предложи својот претставник. -Тоа се случува и покрај тоа што има 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, од кои барем девет од нив велат дека Бугарија треба да дозволи регистрација на ОМО - Илинден Пирин и во следен чекор да предложи претставник, кој ќе членува во тој Комитет, нагласи Мицкоски и додаде дека тоа е нешто што сите во Парламентот треба да го поддржат, заеднички да побараат Македонците да имаат свој претставник во тој Совет. Филипче по дадениот одговор од премиерот нагласи дека додека биле на власт за јазикот никогаш не се преговарало, тоа биле нивните црвени линии, а во однос на случувањата во ЕП и можноста да помине амандан со кои се дообјасува македонскиот јазик и идентитет нагласи дека сега е потребна сериозна координација во Парламентот, но и на сите институции, за како што рече, да ги обединиме силите, со цел таков амандан да не помине во Европскиот парламент. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаМајмун нападна жена среде улица и крвнички ја изгриза (Вознемирувачко видео)Жителите на комплексот Инфиниум Флетс во Индија се соочија со сериозен проблем откако агресивен мајмун нападна жена пред нејзиниот дом на 13 ноември, каснувајќи ја повеќе пати.Жртвата претрпе сериозни повреди, додека снимките од безбедносните камери ги забележаа драматичните моменти и предизвикаа страв кај другите жители. Повреди на телото Вознемирувачката снимка го прикажува дивото животно како одеднаш ја напаѓа жената, која не направи ништо за да го испровоцира. Мајмунот ја каснува повеќе пати, додека таа вреска и се обидува да се одбрани. Таа претрпе длабоки повреди на телото, поради што веднаш беше однесена во блиската болница, каде што доби медицинска помош, објавува Дејли Стар. Жителите велат дека веќе некое време се справуваат со мајмуни во комплексот, а најновиот напад повторно го отвори прашањето за безбедноста на жителите. Сериозен проблем Снимката оттогаш се појави на социјалните мрежи и предизвика бројни дискусии за присуството на мајмуни во станбените области. Соседите велат дека нападот толку многу ги исплашил луѓето што жените и малите деца сега се плашат да ги напуштат своите домови. Според нив, зголеменото присуство на мајмуни во урбаните средини стана сериозен проблем, но властите сè уште не презеле никакви конкретни чекори за да го решат. Агресивниот мајмун подоцна бил фатен од службеници на Шумскиот оддел, што исто така било снимено со камера.Тагови: жена мајмун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЛагард размислува за нова раководна функција по оставката во Европската централна банка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум.Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум, но нагласи дека засега не сака да шпекулира за својот иден ангажман. Кога беше прашана за можноста да го преземе раководството на организацијата со седиште во Женева, Лагард на самитот на „Њујорк тајмс Дилбух лист“ изјави дека тоа е „една од можностите“, пренесува „Блумберг“. Таа додаде дека ќе остане на чело на Европската централна банка до 7 февруари и дека нема планови да се пензионира. Зборувајќи за нејзиниот иден јавен ангажман, Лагард нагласи дека мора да ја задржи политичката неутралност додека ја води ЕЦБ, особено со оглед на бројните избори што се очекуваат во Европа. Се очекува дека по напуштањето на централната банка, таа би можела поотворено да зборува за политичката и економската состојба во Франција, чии буџетски проблеми и политичкиот застој во последните месеци придонесоа за притисок врз пазарот на државни обврзници, според агенцијата Њујорк. „Сметам дека е моја должност да разјаснам работи, да исправам неточни изјави и да зборувам од искуството што го стекнав“, рече Лагард. Таа претходно ги отфрли шпекулациите дека би можела да се кандидира за наследник на Емануел Макрон на функцијата претседател на Франција.Тагови: Европската централна банка Кристин Лагард Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГрадоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер Швеѓанецот Ларс Ериксон (55) ја изгуби работата минатиот месец откако беше откриено дека се појавил во филм за возрасни. Тој тврди дека филмот е направен пред да влезе во политиката!Ериксон глуми во порнографски филмови од 2018 година, истата година кога го напушти Риксдаг, шведскиот парламент, објави Дејли Меил. Сепак, неговата кариера како порно актер излезе на виделина откако Ериксон беше идентификуван во два филма за возрасни, кои беа објавени во 2025 година и во октомври оваа година, додека беше претседател на општинскиот совет на Јокмок во шведска Лапонија, според локалните медиуми. Според извештаите, тој бил отпуштен на 19 октомври, а бил вратен на работа една недела подоцна, но без овластувања врз вработените, финансиите и буџетот на општината. Ериксон тврди дека филмовите, снимени во Соединетите Држави, се направени пред тој да стане градоначалник на Јокмок и дека неговиот последен контакт со порно индустријата бил во 2022 година. Тој глумел во филмовите под псевдонимот „Ханс“ и се појавил пред камерата во филмот, кој беше објавен во октомври. Small Swedish town council chief is sacked for starring in porn... but says he should keep his job because clips were filmed before he started and it's no secret https://t.co/TzORhUWS6Q https://t.co/szAmphBA8X — Daily Mail US (@Daily_MailUS) November 17, 2026 Ериксон претходно беше пратеник од Социјалдемократската партија за изборната единица Вестманланд, која се наоѓа во близина на Стокхолм, во шведскиот национален парламент. Истрагата на шведската телевизија SVT откри дека филмовите биле промовирани преку сметка на социјалната мрежа X до минатиот месец. Сепак, Ериксон изјави за шведскиот медиум дека немал влијание врз тоа кога филмовите ќе бидат објавени и дека не ја управувал сметката, додавајќи дека таа била управувана во име на дистрибутерот. „Со оглед на тоа што ова е легална, иако табу, активност што е завршена повеќе од две години пред да бидам подобен за вршење функција во општинската власт, тешко ми е да видам какво влијание би можело да има ова“, рече тој. Ериксон е претседател на општинскиот совет и градоначалник на Јокмок од февруари 2024 година, но објавено е дека ќе биде разрешен од функцијата општински лидер, според весникот „Афтонбладет“, и покрај тоа што беше вратен на работа една недела по неговото првично разрешување. Тој ќе добие пакет отпремнина еквивалентен на седум месечни плати. Трудовата комисија на Јокмок ја оправда одлуката за отпуштање на Ериксон велејќи дека порнографските филмови претставуваат потенцијален безбедносен ризик, бидејќи криминалците би можеле да ги искористат за да го уценуваат поранешниот претседател на општинскиот совет. Општинскиот советник Роланд Боман наведе „безбедносни причини“ кога беше прашан за одлуката на SVT. Боман тврдеше дека верува оти Ериксон не ја информирал општината за својата кариера во порно индустријата. „Самата општина е од голем интерес за странските сили, а јас првенствено мислам на Русија. Да се има таков фактор на ранливост во општина што е од големо значење од гледна точка на безбедносната политика не е оптимално, но тоа е нешто што општината би морала да го реши и отстрани“, рече Оле Лундин, професор по административно право на Универзитетот во Упсала. Сепак, Ериксон одговори дека обидот да ја искористи својата порно кариера како средство за уцена би бил „бесмислен“, бидејќи бил отворен во одговарањето на прашања од шведските медиуми кога бил замолен за коментар.Тагови: градоначалник порно актер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter