Мицкоски: Изнасилена нормалност кој ја нарача Заев и неговиот диктат на комисијата за заразни болести овие денови гледаме завршува со капитулација

Здравјето пред се, беше реченицата која што ја кажав во моментите кога беше поставено прашањето за важните политички случувања и изборите кои требаше да се случат во април.

Јас сум сеуште на овој став, но проблемот е што Владата кон ова се однесуваше како чиста флоскула, а во позадина се одвиваше вистинска канонада на случувања кои говореа дека се глуми изнасилена нормалност, основана на нездрави основи кои овие денови гледаме дека завршуваат со класична капитулација.

Се што креваа во височините прикажувајќи го како лажен успех видовме дека се враќа како бумеранг соочувајќи не со грдата реалност. А реалноста е дека луѓето се препуштени самите да се грижат за своето здравје и дека системот не само што потклекна, туку е збришан од политички диктати, примеси на суети, дворски игри и желбата да се клекне државата, а сето тоа се прави во обид да се спасат неколку луѓе од одговорност.

И така целата држава, сите ние станавме заложници на лудоста во пресметливоста на Зоран Заев за избори и тесен пораз, личните абиции на Спасовски и преголемата желба за пи-ар на пар други министри.

Одма да споменам, навистина за мене е несериозно да се препукуваме преку социјалните медиуми или да си пишуваме статуси и прозиваме преку портали со лидерот на власта Зоран Заев, затоа што имаме многу посложена состојба од тоа оваа тема да ја претвораме во политичко препукување или во детска игра на обвинувања. Се работи за животи на илјадници граѓани. Стотици семејства кои во овие моменти треперат над своите најблиски зафатени од овој смртоносен вирус.

Но, мора да ги кажеме работите, реално и онакви какви што се.

Луѓето со право се прашуваат зошто седеле дома повеќе од 2 месеци кога вака власта дозволи, поради брзи избори да глуми нова нормалност и да ги изложи сите граѓани на нов ризик. Но и во право се оние кои се чудат како е можно вака ноншалантно веднаш да заборави власта на ризиците, мерките и крантнините, само во функција на налог кој ќе го добие од Зоран Заев да глумат дека се е нормално.

Патем ние сме единствената земја во светот која веќе го живее новиот бран на Ковид 19 вирусот кој е последица на лошо менаџирање и политички притисок на еден човек. Ќе ве потсетам само на оние надри медицински пресметки на Зоран Заев кога точно ќе почнел вториот бран, како се имал под контрола, и се така како нему му одговаара наспроти реалноста и бројката на новозаразени која постојано одзвонуваше и се зголемуваше. Кога предупредував на сето ова, Зоран Заев ингорираше.

Секоја моја критика која и тогаш и сега е иста и издржана, завршуваше од власта со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори и дека состојбите биле под контрола, небаре системот не може да биде разнишан, во состојба кога гледаме како целиот буквално пред очи ни се распаѓа.

Се потврди секое мое стравување дека недоволно се штити народот од корона и дека се пристапува премногу политички и непрофесионално. Овде не е стравот од избори во прашање, туку стравот за животите на граѓаните со кои Зоран Заев се коцка барајќи го својот спас од одговорност.

Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација.

Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен.

Ќе кажам во продолжение збор два и за она салто мортале кое го прави Заев и промена на реториката за 180степени каде од фалење дека најсупешно се справувале со кризата сега велат дека виновен бил народот. А тук таму Наќе, јас за да биде целото бегство од одговорност комплетно и истата се префрли на друг и сето тоа да добие политичка примеса. Би рекол какво само потценување од Заев кон народот и оживување на онаа нивна позната за СДСМ теза препознатлива дека народот греши. Вистината е дека не е виновен народот, туку лошо водениот систем, а Наќе Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од Владата и за жал од онаа политизираната комисија за заразни болести. Работата на Чулев не е да му се допадне на Заев, тоа најмалку и на него и на мени ни е потребно туку да брка криминалци и спроведува закони, е тука Зоран Заев има вистински проблем и со мене и со господинот Наќе Чулев.

Би посветил внимание да внимаваат и би ги советувал во нападите кон припадниците на Министерството за внатрешни работи пред се затоа што тоа е напад на 10 илјади припадници на МВР кои пожртвувано и храбро беа на улиците кога ограничувањето на движењето на граѓаните беше во сила, одржувајќи ред и мир и ризикувајќи ги своите животи. А само ќе потсетам и на редицата други предизвици за овие луѓе кои 66 дена беа вопрвата линија во борбата против Ковид 19.

На тоа дека Заев мислејќи дека со измама ќе добие албански гласови сакаше да провоцира проблем со полицијата за време на Рамазам Бајран, како и седењето 48 часа дома затоа што било опасно, а кое заврши со отворање на рестораните и укинување на полицискиот час ден потоа, затоа што според власта се се средило, па потоа гостите во истите тие ресторани беа виновни. Политизацијата на литијата во Струга, а да не зборам и за онаа неразбирлива мерка за превоз за пензионерите ризикувајќи ги нивните животи како и редица нелогични одлуки. Да не се релативизираат работите затоа што тие се премногу сериозни.

Ова е нечесна игра на Заев со човечки субини, која за жал станува се побрутална.

Од власта да престанат да лицитираат датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓаните, и заштитата на стандардот и ништо друго, ама баш ништо друго.

Мора да се носат одлуки кои нема да бидат под импресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост.

И сосема на крај, кога го отворив проблемот дека малку се тестира затоа што излезот е масовно тестирање бев брутално, повторувам брутално нападнат. Кога кажав дека земјава најлошо се справува со Ковид 19 и е на врвот во регионот по смртност излезе ресорниот министер Филипче да каже дека не било точно и дека јас не ја говорам вистината.

Кога по лидерската кај Пендаровски се извинив на жртвите од Ковид пандемијата затоа што ние збориме за избори кога дваесетина имаме ново заразени на дневна основа, Заев лицемерно се изнасмеа. Но се што кажав се покажа за точно. Затоа нека не ги повторуваат грешките кои ни се повторуваат како фарса.

ВМРО-ДПМНЕ е различно и има зошто граѓаните да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Остануваме заедно со народот да ги пребродиме овие сериозни моменти. Ќе предлагаме мерки кои се сериозни и издржни. И се ставаме целосно во зашита на здравјето на граѓаните, со сите наши сили.

Мицкоски: Во декември велеа дека буџетот е ликвиден за сега да се задолжат 870 милиони евра

Новинарско прашање: Господине Мицкоски, најавено е ново задолжување во износ од 700 милиони евра, коментар ваш или идна ваша економска проекција?

Новинарско прашање: Вчера владата донесе одлука за нова еврообрзница за 700 милиони евра и одлука за нов заем од 180 милиони евра, тоа за неполна недела е 880 милиони евра, ваш коментар?

Одговор: Јас ќе се вратам неколку месеци наназад после онаа средба кај Спасовски, во владата, чинам дека беше, 12-ти или 13-ти и тогаш рековме под итно да се бараат средства затоа што работата ќе биде многу сериозна. Тогаш бев демантирам од владата, од ресорните министерства, од господинот Спасовски, дека тие воделе сметка и дека сега немало потреба од никакви мерки, буџетот бил ликвиден, блескаме итн. За да недела дена подоцна видовме како излегоа со апокалиптични сценарија дека ни се подготвува банкрот. За да еве три месеци потоа, ние денеска зборуваме за 700 милиони евра бруто износ којшто владата го обезбеди преку еврообврзница, до нас стигаат информации дека истата за само два дена е препродадена и дека тој што ја препродал отприлика некаде 0,45, 0,5 процентни поени остварил профит или тоа е некаде околу 21 милион евра на сметка на граѓаните, Но затоа еве ја отворам оваа тема, вие сте сите искусни новинари, да ја консултирате и ресорната министерка и потпретседателот во владата задолжен за економски прашања, да одговорат дали ова што јас го говорам е точно или не е точно. Ако е точно е страшно затоа што 21 милион ги чини граѓаните само што не почекаа два дена од тоа што ја набавија таа еврообврзница. Настрана од тоа дека треба да платиме 170 милиони евра камати и прашањето е зашто ги имаме најлошите услови убедливо од сите и зошто само на 6 години се издаде оваа еврообврзница, но за тоа претпоставувам ќе ви одговорат претпоставувам надлежните. Да, истовремено добив и таква информација дека од страна на Европската комисија е обезбеден заем од 160 или 180 милиони евра, дел од тој заем ќе пристигне во втората половина на јули месец, останатиот дел од заемот е врзан за структурните реформи којшто ценам дека ова влада нема никаков капацитет за да ги спроведе. Така што јас би зборувал за 80-тина милиони евра коишто би стигнале до јули месец. Сето ова е помалку од оние една милијарда и педесет коишто и се потребни на Македонија за до крајот на годината да нема проблеми со ликвидност, односно тоа се средства кои што и се потребни на нашата држава, од први мај до 31-ви декември за да го покрие буџетскиот дефицит по основ на планираниот дефицит и по основ на оние помали примања кои што ќе стигаат во буџетот во периодот кој што следи, но истовремено задолжување поради раздолжување. Тука не се опфатени мерките од Ковид 2, Ковид 3 програмата кои што дополнително ќе го оптоварат буџетот. Така што за да одржиме макро-економската стабилност за да нема кратење на платите како што тоа го планираше Зоран Заев и го најави на прес-конференциите, за да нема намалување на пензиите ќе бидат барем уште од прилика за нормално функционирање од 350 до 400 милиони евра за до крајот на годината. Врз основа на таа математика која што ја имаме ние расположлива сега, тоа е онаа математика којашто и вие ја гледате и којашто е јавно достапна. Условите и начинот на коишто се обезбедени овие средства тоа е друга тема, но ние покажавме дека сме различни споредено со СДСМ во минатото. Се сеќавате кога се издаваа евро обврзници кодошеше државата се пишуваше писма по светот, се нарушуваше имиџот а тоа ги чинеше граѓаните десетици милиони евра поголема камата. Нашиот претставник во министерството, техничкиот заменик министер ги потпиша ги поддржа сите досегашни решенија затоа што цениме дека во овие тешки моменти потребно е тие средства да завршат онаму кај што се најпотребни, а тоа е во стопанството и во реалниот сектор. Тоа што овие средства Владата се обидува да ги пренасочи во обид за поткуп на граѓаните пред избори, тоа е друга работа. Но, и да се обидуваат и да поткупуваат, се што сакаат нека прават кога и да се случат тие избори, ќе видат како тоа ќе им се врати од глава по принципот на онаа нивна позната максима „Трас-трас“.

Новинарско прашање: Каква одлука очекувате од претседателот Стево Пендаровски, дали ќе се продолжи вонредната состојба за нови 14 дена?

Одговор: Прво да кажам дека очекувам одлука која што денеска веќе откако ќе се донесе вонредната состојба ќе имате брифинзи каде што ќе викаат дека изборите сега ќе бидат на 5 јули. Тоа значи дека таман се направени овие 14 дена за да тие се повикаат на тие 22 дена кои што викаат дека се доволни според ДИК и да речат еве на 5 јули ќе имаме избори. Така што не очекувам дека претседателот Стево Пендаровски нема да рече ќе рече нема да ви дадам 14 дена туку ќе бидат 30 дена да има, па ќе ја продолжиме вонредната состојба, иако вчера имавме 52 новозаболени со 4, а потоа коригирано 5 кои што го загубија животот, завчера имавме 38 со тројца, претходно исто така над 20 со тројца. За многу помалку вонредната состојба беше продолжена за 30 дена, сега очекувам дека оваа математика која што ја склопиле и ја составиле и од денеска нова реторика, прво беше 14 јуни, па 21 па 28, сега ќе биде 5 јули. Тоа ќе биде, наместо да зборуваме за мерките како да не ни се случува да не умираат по неколкумина и неколку десетици да се заразуваат, сега ќе се занимаваме со тоа ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, а СДСМ бил тој кој ќе оди на 5 јули на избори. Тоа не очекува деновиве и не очекувам дека ќе бидат прифатени 14 дена. Јас кажав и во текот на вчерашниот ден и денес дека после ова што ни се случи со овие 52 и со четворицата кои ги загубија животите и тие кои ги загубија пред нив, ние сме држава во регионот со најголем број на починати луѓе, најголем број заразени, први сме на оние непопуларни ранг листи и сега си го поставувам како човек и граѓанин во оваа држава прашањето, кога седат тие луѓе во комисијата за заразни болести и кога неколкумина заразени и нула починати предлагаа рестриктивни мерки и практично ги држеа луѓето во сериозен карантин, прогласуваа вонредна состојба од 30 дена и истите тие луѓе кои што вчера при 52 заразни и 4 кои починале дека размислуваат за повторно воведување мерки. Кога се повикуваа на Хипократ кога ја носеа првата одлука или сега вториот пат кога размислуваат? Апелирам до нив сепак на крајот од денот се доктори, овие луѓе ве школувале ви овозможиле бесплатно да се школувате и да завршите медицински факултет и да се грижите за здравјето на граѓаните. Не да се грижите да ги исполните желбите на диктатот на Зоран Заев. Постапувајте според заклетвата која што сте ја положиле, апел до нив кога ќе се погледаат во огледало и да носат одлуки, да носат ваква одлука. Нека го заборават диктатот на Зоран Заев, затоа што животот ќе продолжи и после оваа влада на Зоран Заев. Ќе треба да се сретнеме по улица и ќе треба да се погледнеме во очи, некој ќе ведне глава и ќе тргна поглед. Тие се доктори и треба докторски да се однесуваат. Не може еднаш вака, втор пат по потребите на СДСМ поинаку. Треба да разберат дека ова не е игра. Ова се сериозни работи, луѓе животи губат, други се збогуваат со најмилите, фамилии во црно се завиткани. И ова не е желбата на Зоран Заев. Јас одбивам вака да живеам во животот со коронавирусот и ќе се борам се додека можам да се спротивставам на овој начин на навикнување на живеење со корона. Така да, да очекувам да ги прифатат овие 14 дена ни ден повеќе ни ден помалку.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер