Мицкоски: Избираме потежок пат кон ЕУ бидејќи достоинството нема цена - Канал 5

Мицкоски: Избираме потежок пат кон ЕУ бидејќи достоинството нема цена

Пократкиот пат до ЕУ има понижувачки предизвици, Владата го избира потешкиот пат бидејќи достоинството нема цена- изјави премиерот Христијан Мицкоски за македонските евроинтеграции, на самитот „Македонија 2025“. 

Мицкоски: Избираме потежок пат кон ЕУ бидејќи достоинството нема цена

За тој избор вели дека се соочува со постојани навреди и критики, но оценува дека доколку ги прифаќал условите кои ги преговарала претходната влада, ќе бидат создадени нови проблеми за идните генерации на Македонија.

-Владата што јас ја предводам има поинаков пристап во споредба со претходната влада. Ние цениме дека пократок пат нема. Односно има, но тој пократок пат има свои предизвици. Најчесто тие предизвици се понижувачки. И затоа велиме: ако треба да одиме по потешкиот пат, ќе одиме по потешкиот пат, но тоа место ќе го заслужиме со квалитет и со испорака, а не со тоа што ќе потпишуваме бели листови хартија,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот е убеден дека на крај земјава ќе направи исчекор по заслуга, бидејќи според него значителен дел од реформската агенда е исполнета. Владата работи интензивно и во јуни очекувам да се приближиме до предводникот, Црна Гора, рече Мицкоски.

-Да не бидеме тврдоглави. Да работиме, да испорачуваме. Акциски план за малцинства – испорачан, реформска агенда – први во испораката. Мора квалитет да покажете. Тогаш и најголемите ќе признаат, ќе симнат капа и ќе речат: „Овие го заслужуваат местото, дај да не се глупираме со имиња, презимиња, устави и слични работи,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

За 19 дена ќе се потврди неисполнувањето на реформите, реагираат од опозициската СДСМ. Според нив реалноста е сосема поразлична – велат дека нема реформи, резултати и напредок, туку Владата создавала само нови конфликти со соседите.

Една од обврските за која премиерот неодамна рече дека ќе остане неисполнета е промената на Изборниот законик, откако СДСМ одлучи да ја бојкотира работната група. Сепак вчера во министерството за правда беше одржан уште еден состанок на кој дојдоа претставници од сите други партии, а во соопштение потоа соопштија дека очекуваат СДСМ да ја преиспита одлуката и да учествуваат повторно во работата, со цел реформите да се носат низ широк политички и институционален дијалог.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер