Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
1Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
МакедонијаМицкоски исклучува секакво политичко мешање од страна на владата во процесот за судењето за „Пулс“Премиерот Христијан Мицкоски негира дека има политичко мешање од Владата во судските процеси, вклучително и за трагедијата во Кочани. Прашан дали граѓаните може да очекуваат фер и транспарентно судење, без политички притисоци за да се дојде до правдата, Мицкоски категорично отфрли било какви влијанија, а прстот го впери во опозицијата и некои од судиите и обвинителите кои, како што рече, жилаво се борат за поголем Буџет и повеќе народни пари. -Не знам дали некогаш во демократска Македонија и пошироко се случило здружно обвинители и судии да нападнат претседател на Влада за кажан збор во демократска држава. Јас тоа го доживеав. Не знам како би можело да има политичко мешање од страна на Владата. Тоа го исклучувам. Но има политичко мешање и притисок од опозицијата. Прво велат премиерот и Владата се виновни, вршат притисок притисок врз судиите, тие се добри, чесни си ја вршат работата независно, но ај да формираме анкетна комисија и да ја префрлиме работата во Парламентот. Ние сега треба да водиме јавна дебата со поединци, не се тоа мнозинство судии и обвинители туку поединци кои зафатиле позиции, не се мрдаат, со кран не можеме да ги поместиме од таму каде што се. Седат грчевито се борат за функцијата, малку им биле 3.000 евра, сакале 5.000 евра месечна плата во држава во која просечната плата е 750 евра, изјави Мицкоски. Според Мицкоски судството и обвинителството ќе добијат свој буџет, но трошењето ќе бидат под лупа на собраниска комисија. За него прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП да се одвојува за судиите и обвинителите, но не гледа причина да биде дополнително зголемен, зашто како што вели, Македонија како држава одвојува повеќе средства за правосудството од 75 проценти од земји членки на ЕУ. -Има претседатели на судови кои што имаат месечни примања од околу 180.000 денари, отприлика 3.000 евра месечно. Јас како премиер мојата плата заедно со стажот со годините кои што ги имам од претходно е 155.000 денари, значи од прилика 2.500 евра. Не мора да е многу подолу, иста нека биде на претседател на суд. Судиите немаат под 100.000. Така што ние ќе направиме закон со кој што ќе дозволиме еве плановите за вработувања, плановите за унапредувања да ги определуваат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а нас нека не информираат, ние нема да се мешаме. Но ќе има собраниска комисија којашто ќе врши надзор на работењето на судовите и обвинителствата, кажа премиерот. Минатата недела, Судскиот совет, Здружението на судии и Врховниот суд му пишаа отворено писмо на премиерот во кое реагираа дека неговите изјави за судиите и обвнителите од изминатиот период ја преминале границата на доброто однесување и преминале во неаргументирани и паушални напади. Според законот, државата треба да одвои 0,8 отсто од БДП за судската власт, што е околу 115 милиони евра. Тагови: Пожарот во Кочани Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
КошаркаСаторански се јави од болница: „Беше страшно“Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка. Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест. „Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНародната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорВо врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци. Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook