Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
2Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
2Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Или ќе не биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоимеПрес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод деншната трагедија.Со едноминутно молчење премиерот Христијан Мицкоски ја почна прес - конференцијата на која потенцираше дека во неговиот живот имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес, како што рече, е убедливо најтешкиот ден од мојот живот. - И јас по ова прашање немам дилеми, ниту пак ќе калкулирам. На мене не ми е потребна власт по секоја цена, но јас сум тука да се борам и да демонстрирам со личен пример како сметам дека треба понатаму, и што доколку се откажеме. Тогаш ќе дозволам ли да победи корумпираниот систем? Секако дека нема. Во наредните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја и во име на сите жртви на оваа трагедија и на нивните семејства. Тоа Ви го должам Вам, го должам и на семејствата на загинатите и на медиумите и на секој еден човек во Македонија, рече Мицкоски. Тој информира дека веднаш биле преземени првите чекори за справување со последиците, а во моментов има информациите дека објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца, која била издадена март, 2024 за мито. Тоа е документ, рече Мицкоски, за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство. Според него, тука има многу прашања кои истрагата ќе ги одговори. - Оттука, во сето ова што ни се случува и ни се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија итн., итн. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме. Во хируршки прецизна акција на институциите. Без милост, најави тој. Додаде дека е потребна демонстрација на морална одговорност. - И многумина ми велат народот знае дека Владата нема вина во ова, дека е нова Влада која влезе во костец со проблеми таложени со децении и систем на корупција кој е создаван со децении во државата, но јас ви велам без разлика на тоа, ние мора да бидеме пример кој ќе има значење и вредност и мора да има морална одговорност, рече Мицкоски на прес - конференцијата. Најважно е, посочи тој, денеска да изразиме сочувство кон семејствата, да се молиме за семејствата на загинатите и повредените и за народот на Македонија. Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочиме кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. - Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка и главна закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе нè биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување, беше дециден премиерот. Мицкоски нагласи дека ги слушнал пораките од опозицијата и не сака, ккао што рече, да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност. - Ова не е меѓупартиска битка ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпираните од сите партии и сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија, и во ВМРО-ДПМНЕ, и во СДСМ, и во Вреди, и во ДУИ и во други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпираните и раскалашени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите исто како што тие го срозија и прегазија ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема со себе жртви. Ни ги зема најмилите. И победата врз него е наша обврска, говореше Мицкоски на прес-конференцијара. Најави дека ако има одговорност при непостапување во минатиот период ќе се преземат соодветни чекори. Ќе се разгледаат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и се она кое јавноста оправдано го детектира како проблем и предизвик на општеството. -Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки. Ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите, рече премиерот и искажа голема благодарност до докторите и целиот медицински персонал во земјава кој несебично се вклучи во укажување на помош на настраданите, како и благодарност за сите наши пријатели и соседни држави кои се ставија на располагање. Се осврна на тоа дека во неговиот живот и кариера се одлучил да делува принципиелно, одговорно, чесно и отворено, без разлика на ризиците и без разлика на последиците кои тие ризици можат да ги донесат по неговиот животен пат. - Влегов во политиката да променам нешто. Наидов на систем длабоко корумпиран кој е создаван и негуван со децении, чиј дел се лица од сите партии, од секакви профили. Тој систем ако не се сруши оваа држава нема никогаш да ја биде и тој систем не може да се сруши лесно и брзо, затоа што е граден со децении, не со месеци и години. Јас чувствувам длабока огорченост, длабока одговорност за се што се случувало сите изминати децении, како и од тоа што го видов до сега и што не довело до вака тешка ситуација на државата, државата во која сме сите, и ова чувство е сега дотолку по длабоко, што ова се случи токму сега после нецели девет месеци од како беше избрана оваа Влада којашто ја предводам јас, изјави Мицкоски. Во нашата држава, рече тој, се случувале негирања и проблеми со државноста, суштествени проблеми за опстанокот на нацијата и државата, имавме и воена криза, вооружен конфликт, се случил пад на авион, потонување на брод, пад на хеликоптер, масакр на невини луѓе, деца кај Смилковско, се случувал тероризам како Диво Насеље, имало обиди за дестабилизација имало свесни подметнувања и сценарија, имало и големи и помали несреќи. - Секоја со својата тежина и со свој интензитет на трагичност во себе. Но, ова е кулминацијата на еден лош, забревтан систем, кој ги јаде нашите надежи, а покрај надежите и нашите соништа. Или ќе го победиме ние него или тој ќе оставиме да не победи нас. Победа над тој систем е можна само со одважност, доблест и принципи во кои веруваме, никако поинаку, не можеш да го излажеш тој систем, затоа што се храни од лагата и така станува посилен. Систем во кој погрешни луѓе носеле погрешни одлуки. Да знаете, само со одважност, доблест и личен пример, со лична жртва може да се избориме и да го победиме тоа зло. Тоа зло на корупција и злоупотреби на институциите, приватизирање на државата и уништување на се што е правично и нормално, зло во кое сите работеле и соработувале меѓу себе на штета на сиот нормален свет, рече премиерот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБаба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата. Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности. Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото? Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти. Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите. Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година. Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија. И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка. Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија. Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга. Приказната за натчовечките способности веќе кружи Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа. Од каде прогнозите за поединечни години? Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната. За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фиреротСуд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times. Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер. Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија. На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн. „Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој. На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“. Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR. Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
СветТалибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“. Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја. Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки. Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии. Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените. Жените со години се борат за правото на сопственото име Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка. Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци. По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.Тагови: талибанци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook