Мицкоски и Муцунски остварија средба со амбасадорката на Велика Британија, Галовеј

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј

На средбата се дискутирало за аткуелните политички случувања во државата, македонската европерспектива и клучните реформски процеси во државата.

Мицкоски истакнал дека Република Македонија има сериозен проблем со криминалот и корупцијата во највисоките ешалони на власта. Неказнивоста на криминалот и корупцијата исто така се сериозен проблем, напоменато беше дека ниту за „Рекет 1“, ниту за „Рекет 2“, ниту пак за случајот Рашковски се уште нема правна развршница. Ваквата состојба претставува сериозна пречка на патот на македонските европски интеграции, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека интеграцијата во Европската Унија на нашата држава е стратешка цел за партијата, но и за Република Македонија и дека новата Влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ нема да губи време и веднаш ќе се зафати со спроведување на суштински реформи.

Соговорниците се согласија дека помеѓу двете држави постои добро ниво на соработка и дека помошта која Обединетото Кралство и ја пружа на Македонија на европскиот пат е од суштествено значење.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер