Мицкоски: Го поздравувам потпишувањето на протоколот за НАТО, ама Заев го направи на недостоинствен начин

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,по средбите во Европскиот Парламент, изјави дека го поздравува утрешното потпишување на пристапниот протокол за НАТО, иако, како што вели, Зоран Заев тоа го стори на недостоинствен начин.

-Секој успех на Република Македонија го поздравувам иако Заев го направи на недостоинствен начин, тргуваше со нешто што минатите генерации го платиле со своите животи, и го направи тој чин недостоинствен, но секој процес што значи подобрување на животот на сограѓаните го поздравуваме, рече Мицкоски за МИА.

Тој рече дека на денешните средби во Брисел ги изложил аргументите на неговата партија дека постои страв оти владата ќе ги "украде" претстојните претседателски избори и побара засилен мониторинг од страна на странските набљудувачи.

-Генерално пренесовме ситуација во Македонија, политичка и економска, ги артикулиравме стравувања зошто Заев ќе ги украде изборите и на кој начин, рече шефот на опозицијата, и повтори дека ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори.

Запрашан за фактот дека одржувањето предвремени избори се коси со изјавите дадени на повеќе европски челници дека не е време за избори, туку за реформи, Мицкоски рече дека не се согласува и дека ВМРО-ДПМНЕ и со техничка влада ќе ги поддржи сите потребни закони за ЕУ.

Мицкоски изрази сомнеж дека Македонија ќе добие датум за преговори во јуни годинава.

-Видовме минатата година како се убедуваше јавноста, се организираа бедни прослави за датумот, а датум немаше, ако продолжи вака владата, нема ни оваа година да добиеме преговори, предупреди Мицкоски.

Тој додаде дека неговата партија ќе ги поддржи сите потребни закони за европската интеграција на Македонија.

-ВМРО од самото формирање, основна цел и е интеграцијата во ЕУ, секако бланко поддршка нема да дадеме за законски решенија што се срамни, наши работни групи стојат на располагање за креирање закони консензуално, во рамките на парламентот ќе поддржи сѐ што се однесува на интегрирање на Македонија во ЕУ, рече шефот на опозицијата за МИА.

Запрашан за вклучувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи во закон за заштита од дискриминација кои ги бара Европската Унија, Мицкоски рече дека сѐ уште не е разговарано за ова прашање на координација на пратеничката група.

Мицкоски денеска имаше средби со шефот на парламентарната група на Европската Народна Партија, Манфред Вебер, со претседателот на партијата, Жозеф Дол, со претседателот на комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер како и со известувач за Македонија во ЕП, Иво Вајгл./МИА

Симптоми на најсмртоносниот гинеколошки канцер

Тешко се забележуваат, а ова се факторите на ризик...

На 8-ми мај се одбележа светскиот ден за борба против ракот на јајници.

Ракот на јајниците е клеточен раст кој се формира во јајниците. Клетките брзо се размножуваат и можат да го нападнат и уништат здравото ткиво на телото. Женскиот репродуктивен систем содржи два јајника, по еден на секоја страна од матката. Јајниците - секој со големина на бадем - произведуваат јајце-клетки, како и хормони естроген и прогестерон. Третманот на ракот на јајници обично вклучува операција и хемотерапија.

Кога ракот на јајниците ќе се развие првпат, тој може да не предизвика никакви забележливи симптоми. Кога ќе се појават симптоми на ракот на јајници, тие обично се припишуваат на други, почести состојби.

Знаците и симптомите на ракот на јајниците може да вклучуваат: надуеност или оток на абдоменот, брзо чувство на ситост кога јадете, губење на тежината, непријатност во карличната област, замор, болка во грбот, промени во навиките на цревата, како што е запек, честа потреба за мокрење.

Причини за ракот на јајници

Не е јасно што го предизвикува ракот на јајниците, иако лекарите идентификувале работи кои можат да го зголемат ризикот од болеста. Според лекарите од клиниката Мајо, ракот на јајници започнува кога клетките во јајниците или во нивна близина развиваат промени (мутации) во нивната ДНК.

ДНК на клетката содржи инструкции по кои клетката функционира. Промените вклучуваат брз раст на клетките, брзо размножување создавајќи маса (тумор) од канцерогени клетки. Клетките на ракот продолжуваат да живеат кога здравите клетки би умреле. Тие можат да ги нападнат блиските ткива и да се отцепат од почетниот тумор, т.е да се рашират (метастазираат) на други делови од телото.

Фактори на ризик

Факторите кои можат да го зголемат ризикот од ракот на јајниците вклучуваат:

- Постара возраст - Ризикот од оваа болест се зголемува како што стареете. Најчесто се дијагностицира кај постари лица. Наследни промени на гените. Во мал процент оваа болест е предизвикана поради промени во гените што сте ги наследиле од вашите родители. Гените кои го зголемуваат ризикот од ракот на јајници ги вклучуваат BRCA1 и BRCA2. Овие гени исто така го зголемуваат ризикот од рак на дојка.

- Семејна историја на рак на јајници. Ако имате крвни сродници на кои им бил дијагностициран рак на јајниците, може да имате зголемен ризик од болеста.

- Прекумерна тежина или дебелина. Прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од рак на јајници.

- Хормонска терапија во период на постменопауза. Земањето хормонска терапија за контрола на знаците и симптомите на менопаузата може да го зголеми ризикот од рак на јајниците.

- Ендометриоза е често болно нарушување во кое ткиво слично на ткивото што ја обложува внатрешноста на матката расте надвор од матката.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

притисни ентер