Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип - Канал 5

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

Нагласи дека обвинителот Коцевски „никако не може да биде близок со ВМРО-ДПМНЕ“ и дека  тој бил предлог на претходната власт и го гласале тогаш нивни пратеници. 

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

Ги отфрлам овие неосновани обвинувања и апелирам СДСМ да не профитира политички на оваа ужасна трагедија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако опозициската партија обвини дека заедно со обвинителот Коцевски го заштитува тогашниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски, за кого не е покренато обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“.

- Се разбира дека нема вистина. Јас жалам што СДСМ и инсталации во опозицијата се обидуваат на еден мизерен начин да ја злоупотребуваат оваа трагедија. Тоа што го прават е нечовечки и нехумано, но оставам граѓаните да судат и да пресудуваат. Луѓето во чие време се случија најголемите сообраќајни несреќи кои однесоа десетици човечки животи, луѓе живи гореа, додека компании во Хонг Конг регистрирани за трговија со банани и јужно овошје трипати ги натплаќаа вакцините во време на ковид-кризата, луѓето во чие време како Влада се случи најголемиот скандал во здравството, на Онкологија, кога беше јасно дека пациентите во терминална фаза наместо терапија добиваат раствори итн., изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институт за јавно здравје.

Нагласи дека обвинителот Коцевски „никако не може да биде близок со ВМРО-ДПМНЕ“ и дека тој бил предлог на претходната власт и го гласале тогаш нивни пратеници.

Дента на несреќата, „долетале“, рече, обвинители предводени од тројца луѓе – актуелниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Гаврил Бубевски и Ислам Абази.

-СДСМ, ДУИ и други политички партии може да ја потценуваат јавноста, но таа е свесна и многу добро знае кој стои зад изборот на овие три имиња - Абази, Бубевски и Коцевски. Во една прилика во парламентот го читав листингот на пратениците кои го гласаа Љупчо Коцевски за јавен обвинител. Тој може да биде сѐ, но никако не може да биде близок до ВМРО-ДПМНЕ туку тој е јасно изгласан од мнозинството во Парламент и во Владата во која членувале СДСМ и ДУИ, на предлог на тогашниот прв заменик претседател на Владата, г. Артан Груби. Се разбира дека ги отфрлам овие неосновани обвинувања и ги повикувам СДСМ, но и останатите кои се обидуваат да профитираат политички на оваа ужасна трагедија, да не го прават тоа, истакна Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во Евролигата

Центарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70  против фаворизираниот Фенербахче.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за  МВП на 13-тото коло во Евролигата

Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка.

Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди.

Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона.

Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81).

Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Во продолжение целата изјава на премиерот Христијан Мицовски кој со владина делегација е во посета на Делчево.

„Добар ден и од мене.

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево.

Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај.

Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија.

Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани.

Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење.

Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај, истакна македонскиот премиер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Патнички авион на „Ер Њугини“ (Air Niugini), со 146 патници и членови на екипажот, мораше принудно да слета во јужните делови на Филипините поради предупредувања за можен пожар во моторот.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Авионот слета безбедно, а никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот од типот „Боинг 767-383ER“ летал од Хонгконг кон Папуа Нова Гвинеја, кога пилотите забележале предупредување за можен пожар или искрење во десниот мотор. Тие одлучиле да ја пренасочат трасата на летот кон Меѓународниот аеродром во Давао.

Авионот извршил непланирано слетување во Давао, кратко по полноќ во саботата. Во него се наоѓале 137 патници и девет членови на екипажот, кои по слетувањето го напуштиле леталото користејќи тобогани за итна евакуација. Филипинската управа за цивилно воздухопловство потврди дека нема повредени лица.

Патниците и екипажот биле пренесени до аеродромската зграда, каде што им била пружена помош и им било обезбедено хотелско сместување, сè додека не се организира продолжување на патувањето.

Пилотите добиле предупредување за можен пожар. Портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Филипините, Ерик Аполонио, изјави дека пилотите, преку системот за предупредување, забележале знаци на можна искра или пожар во десниот мотор на авионот.

Екипажот веднаш пристапил кон спроведување на безбедносните процедури и побарал дозвола за непланирано слетување. Аполонио најави истрага, која ќе вклучува и изјави од пилотите, со цел да се утврди што го предизвикало предупредувањето.

Засега нема информации за оштетувањата на леталото. Исто така, не е потврдено дали навистина избувнал пожар во моторот, или пак системот само сигнализирал можна опасност, поради што екипажот, од претпазливост, ја променил траекторијата на летот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер