Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
2Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМицкоски е за 120 изборни едници, очекува отстапки од власта за законот за ЈОЛидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ако СДСМ сака да има компромис за законот за jавното обвинителство, тогаш припадниците на владејачката партија, како што рече, би требало да нaправат отстапки.На новинарското прашање во однос на тоа, дали е можно законoт за ЈО воошто да не биде донесен, Мицкоски нагласи оти не верува дека од страна на СДСМ постои искрена желба да се постигне договор. – Јас не верувам дека постои искрена желба да се постигне договор од страна на СДСМ, особено не сега, неколку месеци пред парламетрани избори, бидејќи тие на овој начин, пред нивните симаптизери,имаат една реторика. Велат, еве ги префрливме предметите од таму, ќе видат сега овие од ВМРО, наши се обвинителите, наши се судиите, ќе ги притиснеме и ќе ги однесеме таму каде што им е местото, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Потенцираше дека СДСМ ги става партиските интереси над државните. – До денеска македонската јавност не го виде писмото од Клатица Јанева. Кој било што се занимава со оваа тема, не го виде нотарот кој го потврди потписот на Јанева, не го виде судијата кој го одобри текстот на тоа писмо. Ние денеска имаме јавен обвинител кој издава согласности за застапување на предмети на лица кои немаат засновано работен однос во Обвинителството. Лица кои немаат засновано работен однос денеска прават класичен политички прогон врз политички неистомисленици. Тие лица ја ја држат во заложништво ВМРО-ДПМНЕ, го имаат замрзноато имотот на партијата, рече Мицкоски. Запрашан дали ќе предложи измени во изборниот законик во врска со изборните единици, Мицкоски нагласи дека предлага 120 изборни единици, посочувајќи дека оној кој во првиот круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во рамите на Парламентот. Во однос на тоа дали за него е прифатлив предлогот на премиерот Зоран Заев да има една изборна единица, Мицкоски рече дека за него е прифатливо секое решение што ќе го зголеми демократскиот капацитет. – Прифатливо е секое решение кое ќе го зголеми демократскиот капацитет и квалитет, но и што ќе понуди гласот на граѓаните што ги бираат своите претставници да биде посилен и погласен и да биде тој глас што треба да ги застапува интересире на граѓаните кои што ги бираат тие претставници, рече Мицкоски. Посочи дека за изборниот законик се уште не се одржани никакви состаноци на ниво на меѓупартиски комисии и повторно повика да се одржат предврмени парламентрани избори./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаНаучниците од Германија, САД и Канада работат заедно за да направат стакленици за зеленчук на Месечината Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA).Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA), кој треба да обезбеди свежа храна за астронаутите за време на долгите мисии во иднина. Проектот, наречен „Лунарен земјоделски модул - демонстратор за тестирање на земја“ (LAM-GTD), има за цел да развие контролиран систем за одгледување растенија во услови без атмосфера погодна за живеење, плодна почва и лесно достапна вода, со големи температурни флуктуации и изложеност на космичко зрачење, објавува Euronews. Планирано е стаклена градина да биде поврзана со симулираниот животен и работен простор на астронаутите, за да можат истражувачите да ги испитаат можностите за меѓусебно снабдување и функционирање на двата система. Првиот демонстративен модел ќе биде изграден на Земјата, а трите партнерски институции треба да одлучат за неговата евентуална изградба на Месечината најдоцна до 2032 година. NASA веќе спроведе бројни експерименти за одгледување растенија на Меѓународната вселенска станица (ISS), каде што, меѓу другото, се одгледуваат зелена салата, кинеска зелка и чили пиперки. Новиот проект е чекор кон развој на поголеми и посложени системи што би можеле да обезбедат храна за цели екипи. Германскиот центар DLR го носи во проектот искуството стекнато преку претходниот проект EDEN ISS, во чии рамки на Антарктикот работеше специјално дизајнирана стаклена градина од 2018 до 2023 година. Во екстремни услови, без почва и природна сончева светлина, со помош на LED осветлување, хранливи раствори и систем за наводнување, истражувачите произведоа околу еден тон свеж зеленчук, вклучувајќи зелена салата, домати, краставици, ротквици и јагоди. Истражувачите истакнуваат дека технологиите развиени за одгледување храна на Месечината би можеле да имаат примена и на Земјата, особено во сушните области и регионите со ограничени резерви на вода. Контролираните системи за одгледување би можеле да овозможат поефикасно користење на водата, енергијата и просторот, како и да ја намалат употребата на пестициди.Тагови: зеленчук месечината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа во Собрание во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, дискутираше за случувањата поврзани со Алта банка .Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа во Собрание во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, дискутираше за случувањата поврзани со Алта банка и посочи дека јавната комуникација на политичките субјекти носи сериозна одговорност, особено кога станува збор за банкарскиот систем, штедните влогови и финансиската сигурност на граѓаните. Во овој контекст, тој додаде дека особено загрижувачки се јавните настапи и партиските соопштенија на СДС и претседателот на партијата, Венко Филипче, во врска со случајот со Алта банка. „Сакам да отворам едно прашање коешто сметам дека е многу важно. Станува збор за јавната комуникација на политичките субјекти во врска со овој случај и пред се за можните последици од изнесувањето на одредени тврдења врз довербата на граѓаните во банкарскиот систем. Ќе наведам неколку конкретни примери од официјалната веб страница на политичката партија СДС, од нивни прес-конференции и прес-конференции на претседателот на партијата Венко Филипче и официјални партиски соопштенија“, изјави Петрушевски и додаде: „Прво, на 31 октомври 2026та година на прес-конференција Венко Филипче изјавува: Мицкоски и Трајко Славески се дел од оваа мафијашка мрежа во Србија. Во истата изјава зборува за сомневања дека капиталот на Алта банка потекнува од криминал, корупција и шверц на дрога. Истовремено предупредува на стампедо пред експозитурите на банката и прашува дали се загрозени депозитите на граѓаните и јавните претпријатија. На денешната надзорна расправа сите надлежни институции недвосмислено потврдија дека нема сомнителни трансакции помеѓу Алта банка АД Битола и српски субјекти ниту во обратна насока освен вообичаените трансакции поврзани со увоз и извоз на стоки. Второ, на 1ви ноември на официјалната веб страница на СДС е објавено соопштение со наслов „Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ“ и Вучиќ продолжуваат да се „перат“, а парите на народот заробени. Во ова соопштение се тврди дека парите на граѓаните во Алта банка ќе останат заробени, додека парите од криминалните тендери ќе продолжат да се „перат“. Иако на денешната расправа сите надлежни институции потврдија дека Алта банка е ликвидна, дека нема оштетени граѓани и дека навремено се преземени сите административни мерки за заштита на граѓаните и ликвидноста на банката. Трето, на 2ри ноември на прес-конференција во Собранието Венко Филипче изнесува исклучително сериозни обвинувања. Цитирам: Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150 и 180 милиони евра од граѓаните. Исто така на таа прес-конференција е битно да потенцирам и една негова изјава која гласи: стравуваме дека ќе има домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни се јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“. Петрушевски упати три конкретни прашања до јавниот обвинител Ненад Савески во врска со јавните настапи и соопштенија на СДС и претседателот на партијата Венко Филипче, во кои беа изнесени сериозни обвинувања. Тој побара од обвинителството да одговори дали ги има регистрирано овие изјави, дали по нив е отворен предмет и дали се преземаат дејствија за проверка на изнесените тврдења. „Ова не е само политичка критика кон една банка или кон гувернерот. Ова е јавно пласирање на тврдења за можен домино ефект врз други банки и за загрозена сигурност на депозитите на граѓаните кои воопшто немаат сметки во Алта банка. Истиот ден Филипче изјавува оваа криминална власт кај нас во Македонија предводена од Христијан Мицковски е арамиска и криминална, потоа прашува како граѓаните ќе си ги повлечат парите и ја квалификува изјавата на гувернерот во врска со отплатата на кредитите како врв на безобразлук. Денес надлежните институции јасно објаснија и за начинот и динамиката на исплатата на граѓаните при што беше потврдено дека нивните средства на сметките на банката не се доведени во прашање. И уште една квалификација. Ова е заштита на криминал на капитал на криминалците на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. И овие тврдења денес беа демантирани од гувернерот кој појасни дека административните ограничувања се однесуваат на правните субјекти и дека банката има добра ликвидност“, рече Петрушевски и додаде: „И вакви примери има многу, но на крајот би ве прашал конкретно дали јавното обвинителство ги има регистрирано и дали ги испитува овие конкретни јавни изјави и соопштенија на политичката партија СДС и дали е отворен предмет по овие наводи. Второ, дали Венко Филипче е повикан или ќе биде повикан да даде исказ во јавното обвинителство во врска со овие конкретни тврдења за криминал, трговија со дрога, перење на пари. Доколку изнесува вакви сериозни тврдења и обвинувања, дали од него ќе биде побарано да ги презентира и доказите врз основа на кои ги изнел овие тврдења во јавноста. И трето, дали обвинителството ќе испита дали со ваквите јавни настапи во зависност од нивната вистинитост, контекст, намера и последици се остварени елементи на некое кривично дело предвидено во кривичниот закон, вклучително и предизвикување паника и друго дело против јавниот ред и сигурноста, односно кога конечно Венко Филипче ќе биде повикан во обвинителството“, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34