Мицкоски: Договорот за стратешка соработка со Хрватска претставува долгорочно партнерство - Канал 5

Мицкоски: Договорот за стратешка соработка со Хрватска претставува долгорочно партнерство

Договорот за стратешка соработка со Хрватска претставува долгорочно партнерство за продлабочување на односите во областите кои се од суштинско значење за иднината на двете држави.

Мицкоски: Договорот за стратешка соработка со Хрватска претставува долгорочно партнерство

„Почитуван претседател на Владата на Република Хрватска, драг пријателе Андреј Пленковиќ,

Почитувани министри,

Почитувани претставници на медиумите,

Дами и господа,

Дозволете ми најнапред да му посакам срдечно добредојде на премиерот Андреј Пленковиќ и на хрватската делегација.

Денешната посета има особено значење за нашите две држави, затоа што таа не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку претставува потврда на едно пријателство кое се градело со години, на односи засновани врз заемна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка.

Република Хрватска е наш близок партнер, пријателска земја и сојузник во НАТО. Земја со која делиме многу заеднички интереси, слични регионални предизвици, но и заедничка визија за стабилен, безбеден, развоен и европски Западен Балкан.

Со премиерот Пленковиќ денес имавме исклучително отворен, конструктивен и пријателски разговор за повеќе прашања од заедничкиот интерес.

Разговаравме за билатералната соработка, за економските односи, инвестициите, инфраструктурното поврзување, енергетиката, европските интеграции, регионалната безбедност, како и за актуелните геополитички случувања кои влијаат врз целиот европски простор.

Особено сме задоволни што денес ја подигнуваме нашата соработка на уште повисоко ниво преку потпишување на Договорот за стратешка соработка помеѓу двете влади.

Овој договор е повеќе од дипломатски акт.

Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка определба за продлабочување на нашите односи во области кои се од суштинско значење за иднината на двете држави.

Нашата стратешка соработка ќе биде заснована врз принципите на заемно почитување, целосно уважување на суверенитетот, меѓународното право и заедничките интереси на нашите граѓани.

Во услови на нови глобални предизвици, нестабилност, безбедносни ризици и економски трансформации, денес повеќе од кога било е важно државите кои споделуваат исти вредности да градат посилни партнерства.

Токму затоа, договорот што денес го потпишуваме создава можности за уште поинтензивна соработка во повеќе стратешки сектори.

Ќе работиме на развој на конкретни иницијативи и проекти во транспортот, енергетиката, информатичките технологии, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, сајбер безбедноста и управувањето со границите.

Посебно значајно е што договорот отвора простор за подлабока поврзаност меѓу институциите, компаниите, инвеститорите, академската заедница, граѓанскиот сектор и експертските заедници на двете земји.

Ние сакаме оваа соработка да не остане само на ниво на политички декларации.

Сакаме таа да донесе реални резултати, нови инвестиции, повеќе економски можности, нови работни места, поголема институционална подготвеност и подобар животен стандард за граѓаните.

Една од најважните теми на нашите разговори беше европската интеграција.

Хрватска е земја која успешно го помина патот од кандидат до полноправна членка на Европската Унија, иако тој пат почнавме заедно да го одиме. Токму затоа, хрватското искуство има особена тежина и значење за нас.

За нас европската интеграција не е само надворешно политичка цел.

Тоа е процес на институционално созревање, владеење на правото, економски развој, модернизација и создавање подобри услови за живот за нашите граѓани.

Затоа ја цениме поддршката што Хрватска континуирано ѝ ја дава на нашата европска перспектива.

Нашиот пат кон ЕУ за жал е исполнет со непринципиелни блокади поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес, но сакаме да веруваме во Европа на вредности, Европа на принципи, Европа која препознава реформи, посветеност и резултати.

Денес разговаравме и за продлабочување на нашата соработка во енергетскиот сектор, област која станува едно од најважните стратешки прашања на современиот свет.

Енергетиката одамна не е само економско прашање. Таа е прашање на национална сигурност, отпорност, конкурентност и долгорочен развој.

Токму затоа особено значење има Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор кој денес се потпишува меѓу нашите ресорни министерства.

Со овој меморандум создаваме рамка за унапредување на можната соработка во повеќе клучни области.

Во зајакнување на енергетската безбедност и регионалните интерконекции.

Истовремено, како НАТО сојузници, разговаравме и за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа и регионот.

Во време на неизвесност, на воени конфликти, сајбер закани, миграциски притисоци и хибридни ризици, потребни се силни партнерства, координација и заеднички одговори.

Остануваме посветени на зајакнување на регионалната стабилност, евроатлантската безбедност и мирот.

Дозволете ми на крајот искрено да му се заблагодарам на премиерот Пленковиќ.

Ви благодарам за пријателството, за поддршката, за конструктивниот дијалог и за јасната подготвеност меѓусебните односи да ги издигнеме на уште повисоко ниво.

Убеден сум дека денешните договори и меморандуми нема да останат само документи потпишани на хартија.

Тие треба да станат двигател на нова етапа на соработка, конкретни политики, нови партнерства и видливи резултати за двете земји.

Остануваме посветени на градење силни партнерства, добрососедски односи и политика на дијалог, соработка и заеднички напредок.

Затоа што веруваме дека иднината не се гради во изолација, туку преку партнерства, доверба и заедничка визија.

Почитуван премиере Пленковиќ добредојдовте во Охрид, истакна премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари.

„Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм.

Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез.

Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка

Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“.

„Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера.

„Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

Само 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар.

Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември.

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти.

Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“.

Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро.

Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата.

Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад.

Операција во Каракас

Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави.

Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер