Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
1Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
МакедонијаМицкоски до повратниците: Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, а љубовта кон домот не исчезнуваБројот на иселеници кои се вратиле во земјава и побарале поврат на македонското државјанство оваа година е најголем во последните 25 години, а на оние кои се откажале од државјанството најмал, истакна премиерот Христијан Мицкоски.Бројот на иселеници кои се вратиле во земјава и побарале поврат на македонското државјанство оваа година е најголем во последните 25 години, а на оние кои се откажале од државјанството најмал, истакна премиерот Христијан Мицкоски од првиот Форум на повратници организарн од Владата и Агенцијата за иселеништво. Најави дека Владата расмислува за нови законски решенија за даночно олеснување за повратниците и дека тоа ќе биде дел од една сеопфатна камапња која ќе биде промовирна во првата половина од 2026-та. На иселениците им порача дека имаат широко отворени врати да се вратат дома и дека на земајва и е потребен секој Македонец кој сака да придонесе за татковината. „ Но, колку и да оди човек далеку, срцето секогаш влече назад, затоа што, како што мудро вели нашиот народ - каменот тежи на своето место. Само дома си свој, само дома твоето име, твојот труд и твојата приказна имаат длабоки корени и трајна вредност. Вие што денеска сте тука сте жив доказ за тоа. Покажавте дека знаењето и искуството стекнато надвор не се губат кога ќе се вратите туку добиваат смисла, туку стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, идеи и нова енегрија во нашата економија. Држава не се гради само со институции туку со умови, со знаење, со искуство, со храброст да се преземе одговорност. Затоа гласно порачуваме дека ни треба секој Македонец кој сака да придонесе за татковината. Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Дел во потрага по подобар живот, дел за образование, други за усовршување или за спортски кариери го напуштиле родното огниште, но по долги години или децении решиле да се вратат дома. Голем број исленици ги споделија своите животни приказни и причини да се вратат во земјава. И тие порачаа дека „каменот најмногу тежи на своето место“. Некои побараа и да се разгледа можнсота за олснување на постапката за добивање македонско државјанство за оние кои се родени надвор од земјава. Владата, како што порача Мицкоски ќе направи се за да се вратат што поголем број на иселеници дома. Според него, во земјава постои еден како што го нарече талог на општетството, а кој е присутен и во политиката настроен нихилистички, кој бил и една од причините некои граѓани да ја напуштат државата. Најави одлучна борба на Владата против таквата појава во општесвото. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЕлмас: Тешко е да се збори, заслужено победи ШкотскаМакедонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок. -Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас -Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски. Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност. Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба. „Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП). За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки: - Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена. - Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања. - Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите. - Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија. - Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства. „Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов. На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат. „Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава. ЛДПТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаОпштина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“ Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога. Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените. Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05