Мицкоски до пензионерите: Верувам дека нема да потпаднете на манипулациите на Заев кој и одзема 450 денари од пензиите

Вие се имате вградено во нашата држава, имате работено за неа, сте ја развивале, на ваши плеќи сте носеле цели генерации и периоди, се сте виделе, Вие сте значаен дел и поткрепа на семејствата и јас ви благодарам за се што сте направиле.

Почитувани пензионери,

Вие заслужувате длабока почит и од мене ја имате целосно, вие не заслужувате лаги какви што сака да ви продаде Заев!

Заев говори лаги дека ви ги зголемува пензиите, вистината е дека тој ви одзема од Вашите пензии кои ги имате заслужени!

Се до 1 јануари 2019-тата година, зголемувањето на пензиите се пресметуваше како резултат на зголемувањето на два индикатори, и тоа, првиот е раст на трошоците за живот, а вториот е половина од растот на просечната плата во државата во претходните 6 месеци од годината. И ова покачување се пресметуваше 2 пати годишно, еднаш на 1 јануари, и еднаш на 1 јули во годината.

На 1 јануари 2019 година Заев го укина, го избриша од закон вториот индикатор за зголемување на пензиите, а тоа е растот на просечната плата во државата, и со тоа фактички ви ги намали пензиите.

Како Заев ви ги намали пензиите и колку пари вие пензионери губите за 2019та и 2020та година? Следува во продолжение:

Просечната пензија на 31.12.2018 година изнесуваше 14.445 денари, и ако таа пензија како што беше со закон предвидено се зголемеше за половина од 6,15 проценти колку што беше растот на просечната плата во второто полугодие од 2018-тата година, тогаш пензијата ќе се зголемеше за 3,075%, и таа ќе изнесуваше 14.890 денари, односно вашето месечно зголемување требаше да биде 445 денари во првата половина од 2019-та година, пари кои Заев не ви ги даде, односно ви ги одзеде!

Ако просечната пензија на 30.06.2019 година изнесуваше 14.890 денари, и ако таа се зголемеше за 1,75%, колку што изнесуваше половината од процентот на раст на просечната плата во првото полугодие од 2019-та година, тогаш вашата пензија требаше да изнесува 15.150 денари, или вие пензионери требаше да добиете ново зголемување на пензијата од дополнителни 260 денари.

Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2019-та ви одзема по 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019-та година ви одзема дополнителни 705 денари месечно, или вкупно во 2019-та година Заев ви одзема 6.900 денари, или 575 денари месечно просечно.

Ако просечната пензија на 31.12.2019-та година требаше да изнесува 15.150 денари, и доколку претпоставиме дека растот на просечната плата во втората половина од 2019 и во првата половина од 2020-та година изнесува 5%, тогаш просечната пензија во периодот јануари - јуни 2020-та година треба да изнесува 15.530 денари, а во втората половина од 2020 година просечната пензија треба изнесува 15.917 денари.

Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2020-та година ви одзема по 380 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2020-та година ви одзема по дополнителни 770 денари месечно, или вкупно во 2020-та година Заев ви одзема дополнителни 6.900 денари, или 575 денари месечно просечно.

Драги пензионери, доаѓаме до вистината која е една и единствена,

Вие во овој период од две години, 2019 и 2020 година, требаше да имате повисоки пензии за 1.150 денари месечно, а Заев нуди покачување од само 700 денари месечно, или тоа значи дека Заев ви одзема 450 денари месечно и згора на тоа ви ја ускратува можноста за раст на пензиите во другите години, затоа што го промени законот.

Цврсто верувам дека нема да потпаднете под манипулациите на Заев, кој сака да ви наметне пораз како победа, а одземањето од вашите заслужени пензии да ви го продаде како ново зголемување.

Доаѓа ново време, доаѓа обнова, доаѓа времето на честити политичари, а во обновата растот на пензиите ќе се гарантира со закон, и пензиите ќе се зголемуваат секоја година, и тоа опипливо и суштински.

Доаѓа обновата на Македонија! Доаѓа обновата на Македонија за сите!

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер