Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар - Канал 5

Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно обвинителска и судска служба. 

Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.

Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0, 2, 0,3 или 0,4 проценти.

- Анализираме неколку модели од Европа колкав е тој процент од Буџетот и дали се однесува на приходната страна, на вкупните приходи или на БДП. Но, треба да знаат дека во тој момент одговараат за секој денар пари потрошени до вас граѓаните. Од хигиенски препарати па се до реконструкција на институциите. Ќе го добијат тоа. Јавно кажувам дека ќе го добијат тоа откако ќе ја направиме деталната анализа во современите земји. Сами нека вработуваат, сами нека се грижат за сите оперативни трошоци, сами нека си дават плата во рамки на Буџетот кој што ќе биде процент онаков каков што е во неколку примери кој што ги дефиниравме, рече Мицкоски.

Ќе барам, потенцираше тој, само една работа: одговорност. - Еве ние тоа како Влада тоа ќе го направиме. Само една работа ќе бараме одговорност за потрошениот денар народни пари преку државниот завод за ревизија и собраниската Комисија која што врши надзор над работењето. Тоа се народни пари. Тоа не се нивни пари. Како што мене ме контролираат, така и нив ќе ги контролираат, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека ако останеме на едноцифрена поддршка за судиите и обвинителите, ние ништо не сме направиле.

-Јас како претседател на Владата сум прв тоа да го добијат. Да видиме тогаш што ќе пречи. Очекува исто така да излезат од Брисел и да кажат исто така браво и да ни кажат дека сме одлични. Петка дека сме добиле. Затоа што нели тоа беше проблемот. Немало реформи еве ќе ги донесеме до нова година. Ајде да видиме дали е тоа пречката или е нешто друго, рече Мицкоски.

Тој не го коментираше писмото на членовите на Судски совет, Врховен суд и Здружение на судиите, потенцирајќи дека остава граѓаните да кажат дали се задоволни од испораката на правдата во Македонија.

-Јас нема да давам одговор на таков тип дописи. Оставам јавноста да каже. Еве граѓаните нека кажат дали се тие задоволни од испораката на правда во Македонија, рече Мицкоски. Додаде дека ќе се држи до она што го кажа претходно. Ќе гледаме, рече тој, секој денар каде го трошат и оти тоа исто така им го ветува. - Да не се случи после дел од нив да се најдат на обвинителска клупа како обвинети, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST).

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички блокади.

Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од разгледување на расположливите институционални и правни инструменти на Унијата, со цел да се идентификуваат конкретни чекори што ќе овозможат придвижување на процесот врз основа на реформските постигнувања и исполнетите критериуми, независно од билатералните блокади од страна на земјите членки.

За неа, важно е техничката подготвеност и спроведените реформи да добијат соодветно вреднување, а европската перспектива да се претвори во предвидлив процес со јасни чекори и мерливи резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Од 4.000 до 11.000 денари во просек повисоки месечни примања со јануарската плата ќе добијат вработените во Армијата и Министерството за одбрана.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Линеарно зголемување од 10 отсто за сите вработени во одбраната најави ресорниот министер Владо Мисајловски.

Покачувањето ќе ги опфати не само основните плати, туку и додатоците за ноќна и прекувремена работа. Мисајловски го оцени зголемувањето како најголемо досега во апсолутна вредност, со што, според него, одбраната станува една од институциите со највисоки примања во државата.

„Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историски најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас многупати ветив дека ќе работам заедно со синдикатите на Армијата оваа институција да биде најдобрата во државата.“ изјави Владо Мисајловски – министер за одбрана.

Најавеното покачување го поздравија и претставниците на репрезентативните синдикати. Синиша Станчевски, потпретседател на Независниот синдикат на одбраната, оцени дека зголемувањето на платите е резултат на успешниот социјален дијалог со Министерството.

„Вака вистински изгледа социјалниот дијалог. Како синдикат се гордееме со постигнувањата што ги остваривме во овој период –изјави Синиша Станчевски – потпретседател на Независниот синдикат на одбраната.

„Ова е историско покачување, со кое за првпат во Министерството за одбрана и Армијата имаме зголемување на платите и другите додатоци од 10 проценти. Исто така, успеавме за неколку месеци да решиме и други проблеми во врска со професионалните војници, согласно член 40 од Законот за служба во Армијата – посочи Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Во меѓувреме, за 7 ноември останува најавен протестот на синдикатот предводен од Александар Насковски, кој бара законско решавање на статусот на професионалните војници, повисоки плати и обесштетување на поранешните припадници на Армијата. Мисајловски порача дека секој има право на протест, додека Алити смета дека барањата се веќе решени и дека нема основа за протест.

-Ние како синдикат на професионални војници не го поддржуваме тој протест бидејќи законски тоа е решено,- изјави Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Покрај повисоките плати, со буџетот за 2027 година за одбраната се предвидени дополнителни две милијарди денари. Според Мисајловски, околу 30 отсто од средствата ќе бидат насочени кон модернизација и капитални инвестиции, а приближно ист толкав дел кон персоналот. Меѓу најголемите финансиски обврски останува набавката на хеликоптерите „Леонардо“, чија реализација, како што посочи министерот, е еден од приоритетите во продолжувањето на модернизацијата на Армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

НБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели.

Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки.

Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ...

-Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата.

-Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација.

Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката.

Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер