3Драма во Шпанија: Жена намамила маж во напуштена вила и 15 часа се изживувале врз него- полицијата пронашла страшни орудија
Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
Огромен објект се гради на 1,5 километри под земјата- би можел да ја смени судбината на човештвото (ВИДЕО)
1Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
2Огромен објект се гради на 1,5 километри под земјата- би можел да ја смени судбината на човештвото (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Денеска, како никогаш порано државата е едно големо градилиштеДенеска, како никогаш порано државата е едно големо градилиште. Се гради на повеќе од 1.200 локации рече премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето на камен темелникот ан автопатот Тетово- ГостиварДенес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а ништо не направија: ние не ветуваме празно, ние градиме! Го започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти-изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, во должина од 18 километри. И за сите други технички детали, но и финансиски детали јас нема да зборувам во моето обраќање денес бидејќи веќе од претходните говорници беше се кажано. Јас само сакам да споменам три работи коишто мислам се важни да се споменат и да се потенцираат. Првата работа е дека како земја којашто за жал не излегува на море, секогаш кога разговаравме во рамките на владата ни беше предизвик да изнајдеме која е нашата стратешка предност во однос на сите оние земји во регионот, но не и само во регионот туку и пошироко во Европа, и тогаш многу едноставно дојдовме сите заедно до еден заклучок, а тоа е дека како држава сме единствените можеби коишто имаат потенцијал да бидат дел од пан-европски коридори. Првиот е овој од кој денес се обраќаме, а тоа е Коридорот 8, вториот е Коридорот 10. Коридорот 8 којшто ги поврзува Јонското и Јадранското море со Црното море, Коридорот 10 којшто го поврзува во овој дел од Европа, средоземјието со Централна Европа, но и Коридор 11 којшто поминува во нашето источно соседство. Со една отсечка којашто ќе ги поврзува Коридорот 10 и Коридорот 11, тогаш стануваме земја којашто ќе биде директно поврзана со сите пристаништа во овој дел на Европа и ќе биде значајна алка на она за коешто зборуваше и почитуваната амбасадорка на САД, г-ѓата Агелер, а тоа е значајна алка на јужното крило на најголемата алијанса во човештвото, а тоа е НАТО Алијансата. И затоа кога градите патишта, кога градите булевари, кога градите водоводни инсталации, кога градите канализации и училишта и градинки вие градите иднина. Ние денес градиме иднина, ние не зборуваме за минатото. Ние не сме заробеници на минатото. Ние сакаме денес да проектираме што ќе биде во 27-та, 28-та, 30-тата година. Политичарите коишто имаат визија и коишто гледаат во иднината и градат вакви дела, тоа се политичари коишто ќе бидат запомнети и политичари коишто никогаш нема да излезат од колективната меморија преку своите дела коишто ќе ги остават на граѓаните. Овој пат ќе го возат и ќе го користат и Македонци и Албанци и турци и Срби и Власи и Роми и бошњаци и од други националности, туристи коишто ќе се упатуваат до нашите планински бисери, до нашите езерски бисери како што е Охридското езеро. И тоа е иднината на нашата заедничка татковина Македонија којашто сите си ја сакаме и почитуваме, но со дела. Само со дела можеме да ја сакаме и можеме да ја почитуваме. Драги пријатели, оваа Влада не гради само автопатишта, оваа Влада гради и многу локални патишта, многу регионални патишта, магистрални, експресни, училишта, градинки. И дозволете ми денес втората моја порака е да се заблагодарам на сите општини без разлика дали градоначалникот во тие општини е од редовите на владејачките партии или опозицијата или се независни кандидати коишто се градоначалници, да се заблагодарам за нивната посветеност и тоа што сите општини повторувам се одзваа на вториот повик на Министерството за локална самоуправа и поднесоа проекти во вкупна вредност од речиси 16 милијарди денари со бројка поголема од 900тина проекти. Тоа е многу голема работа на администрацијата, тоа е многу посветеност од страна на градоначалниците и јас им честитам. И ние како Влада ќе продолжиме да ги финансираме овие проекти затоа што денес како никогаш порано државата е едно големо градилиште. Замислете, во еден момент на повеќе од 1.200 локации ќе се гради. Кажете ми кога вон историјата се случувало тоа во оваа наша заедничка татковина? На повеќе од 1.200 локации ќе се гради. Ќе ве потсетам дека зимоска како ниту една земја во регионот се пуштија три големи и конструктивни градежни проекти. Едниот којшто го поврзува центарот со истокот на земјата и е дел од Коридорот 8 којшто завршува до Крива Паланка, вториот е којшто го поврзува центарот на државата, експресниот пат којшто ги поврзува Градско со Прилеп и ќе ве потсетам првата делница од пругата која треба да ја поврзе Македонија со нашиот источен сосед и којашто претставува историски, стратешки проект дел од Коридорот 8, а којшто е еден од најважните два коридори коишто имаат приоритет на НАТО Алијансата и за којшто за време на НАТО Самитот во јули минатата година во Вашингтон министрите за одбрана на земјите членки коишто се дел од овој регион потпишаа договор дека ќе биде нивен приоритет. И последната моја порака денес пред да завршам е дека како Влада продолжуваме да се фокусираме на додадена вредност на квалитетот на живот на нашите сограѓани. Нема подобар доказ за тоа од ова што денес сите ние го гледаме и ова коешто сите ние го градиме. Благодарност на сите колеги во Владата, благодарност до градоначалниците, благодарност до пратениците во македонскиот парламент, благодарност до нејзината екселенција амбасадорката на САД, г-ѓата Агелер, благодарност до директорот на Претпријатието за државни патишта, благодарност до Бехтел и Енка до секој еден работник којшто оставил дел од својата енергија во секое камче коешто ќе биде вградено во оваа делница. Вие сте најважните. Без вас ништо ова немаше да биде денес ниту пак ќе се случеше во иднината. Заедно да ја градиме иднината преку вакви проекти. Нека ние аирлија, и со среќа и уште многу вакви проекти заеднички да изградиме за доброто на нашите граѓани и Македонија. За Македонија да биде повторно горда и да биде повторно ваша, Ви благодарам“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаКинезите направиле чешел што би можел да го запре опаѓањето на косата- тестовите ветуваат Ако имате опаѓање на косата, можеби нема да посегнувате по чешел толку често како порано. Но, тоа наскоро би можело да се промени.Студијата на научници во Кина откри ветувачки нов начин за борба против опаѓањето на косата, а чешелот игра клучна улога во тоа. Создава пулсирачки електрични полиња Сепак, ова не е обичен чешел. Системот, наречен „Детangle“, опишан во списанието Nature Communications, е специјализиран биоелектронски уред. „Системот има електронски заби со електроди поставени на различни висини, како и интегрирани модули за воведување лекови. Тие создаваат подобрено електрично поле кое продира во областа на фоликулите на косата до околу девет пати подлабоко отколку со конвенционалната надворешна апликација“, објаснуваат неговите креатори, предводени од истражувачи од Универзитетот во Пекинг. Иако Детangle е тестиран само на глувци, резултатите сугерираат дека потенцијално би можел да биде моќен третман за андрогена алопеција, позната и како наследно опаѓање на косата, за која се проценува дека влијае на повеќе од милијарда луѓе ширум светот. Уредот генерира пулсирачки електрични полиња користејќи наизменични заби со различни должини. Истражувачите велат дека разликата во нивните должини овозможува создавање на електрично поле кое е 2,63 пати посилно отколку ако сите заби се наредени во ист ред. Кога станува збор за враќање на растот на косата, Detangle работи на два различни начина. Електричните импулси генерирани од забите го поттикнуваат растот на косата со стимулирање на фоликулите. Во исто време, наизменично пократките заби се опремени со систем за испорака на лекови што им овозможува на терапевтските молекули да навлезат длабоко во кожата. Серија експерименти врз глувци Ова се постигнува преку процес познат како електропорација, кој привремено ја зголемува пропустливоста на клеточните мембрани, објавува Science Alert. Во експериментите се користеле и две различни генски терапии, кои ја надополнувале електричната стимулација. Првата била VEGFA плазмид, кој го поттикнува формирањето на крвни садови околу фоликулите на косата, додека втората била SRD5A2 siRNA, која го потиснува дејството на хормонот одговорен за намалување на фоликулите. Во серија експерименти врз глувци, се тврди дека комбинираниот ефект на целиот систем дал импресивни резултати. Кај машките глувци со губење на косата предизвикано од тестостерон, животните кои не примиле никаков третман повторно пораснале само околу еден процент од косата на избричениот грб во текот на 28-дневниот експеримент. Кај глувците кои биле подложени само на електрична стимулација со помош на уредот Detangle, растот на косата се зголемил за околу 40 проценти, што бил значително подобар резултат, велат истражувачите. Сепак, само електричната стимулација дала послаби резултати од оние забележани кај глувците кои ги примиле лековите за раст на косата финастерид и миноксидил. Животните кои ги примиле овие лекови доживеале закрепнување од приближно 50 и 70 проценти, соодветно. Çin’deki Beihang Üniversitesi ekibi “Detangle” adlı biyoelektronik tarak geliştirmiş ve çalışma Nature Communications’ta (3 Kasım 2026) yayımlanmış. Peki bilimsel alt yapısı nedir? Tarak, darbeli elektrik alanı üretiyor ve aynı anda iki deneysel molekülü (VEGFA plazmidi + SRD5A2 siRNA) saç köklerine elektroporasyonla daha derin ulaştırıyor. Elektrik alanı, klasik yöntemlere göre yaklaşık 9 kat daha derine nüfuz ediyor. Sonuçlar (farelerde): Testosteronla saç dökülmesi oluşturulan erkek farelerde 28 günde: Tedavisiz: ~%1 Sadece elektrik: ~%40 Minoksidil: ~%70 Finasterid: ~%50 Tam sistem (elektrik + iki molekül): %97,85 Ama unutmamalıyız! Sadece farelerde denendi, insan deneyi yok. Dökülme laboratuvarda yapay oluşturuldu. Kullanılan moleküller henüz deneysel gen tedavisi niteliğinde. Fare derisi insan kafa derisinden ince; insanlarda aynı etkiyi verip vermeyeceği bilinmiyor. Not: Tıbbi öneri veya tavsiye değildir. Bilimsel paylaşımdır. Durumunuz için hekiminize danışın. Kaynak: Liu et al., Nature Communications, 2026. DOI: 10.1038/s41467-026-79122-3 — Prof. Dr. Kaan Yılancıoğlu (@drkaanyl) November 18, 2026 Ветувачки концепт Најдобрите резултати биле постигнати кога електричната стимулација со уредот Detangle била комбинирана со терапевтски молекули. Кога индивидуалните третмани биле применети со електрична стимулација, SRD5A2 siRNA довела до околу 85 проценти повторно растење на косата, додека плазмидот VEGFA овозможил закрепнување од приближно 90 проценти. Сепак, најизразениот ефект беше забележан кај животни кои го примиле комплетниот третман со уредот Detangle - електрична стимулација комбинирана со двата експериментални третмани, плазмидот VEGFA и SRD5A2 siRNA. Во овој случај, растот на косата беше речиси максимален, а истражувачите пријавија закрепнување од околу 97,85 проценти. „Овој пристап овозможува растот на косата кај глувчешки модел на андрогена алопеција да се забрза до речиси 100 проценти за околу еден месец, надминувајќи ги резултатите што можат да се постигнат со конвенционални орални или локални лекови“, рекоа тие. Тоа е ветувачки концепт, но останува да се види дали понатамошните истражувања ќе покажат дека процедурите што се применуваат со системот Detangle се безбедни и ефикасни кај луѓето. Доколку идните студии ги потврдат овие резултати, обичниот чешел повторно би можел да стане неопходен дел од секојдневната нега на косата, а ќелавоста би можела да се соочи со сериозен предизвик.Тагови: косата чешел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиТајсон Фјури боледува од шизофренија Познатиот боксер, поранешен светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, ја откри шокантната вистина за себе. Тој откри дека му е дијагностицирана шизофренија по борбата со Владимир Кличко во 2015 година. Фјури го откри ова преку нов документарец на Нетфликс, кој сè уште не ја здогледал светлината на денот. Борбата на Фјури со менталното здравје е веќе широко позната, но сега се откриени некои многу „подлабоки“ детали од неговиот живот. - Зборовите не можат да ја опишат темнината во која се наоѓав. Дојдов од жива верзија на пеколот. И 100% понекогаш мислев дека ќе завршам во тапацирана соба со заклучена врата, и тоа ме плашеше ужасно - рече Фјури. - Се будев вака навечер, анксиозноста ме парализираше. Едноставно не можев да го преболам... Сосема изгубен, и тогаш отидов на преглед кај психијатар во Лондон. Таа ми поставуваше безброј прашања и други работи, а јас ги исполнував сите критериуми, што и да се случуваше. Депресија, анксиозност, биполарно растројство - продолжи Фјури. Фјури, исто така, зборуваше за неговата борба со злоупотребата на дрога и алкохол. - Мислам дека пресвртницата за мене беше Ноќта на вештерките 2017 година, кога излегов и се срамев од мојот изглед, бев дебел и имав голем костим, костум со скелет што светеше во темнина, и мислев дека никој нема да ме препознае во него - вели тој. - И се огледав наоколу и ги видов сите овие млади луѓе и мислев дека го имам целиот свет на дланка и го фрлив сето тоа. А сега сум само дебел и зависен од алкохол и си одам дома. Вели дека слушал гласови. - Беше толку лошо што можев да слушам гласови во главата. Не можев да седнам и да зборувам затоа што слушав работи во главата. Не знаев каде да се свртам, никој не знаеше што правам. Навистина ми требаше помош или да се пријавам во рехабилитација или нешто слично.Тагови: Тајсон Фјури Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаКупила дијамант на ТикТок за 23 евра, па го однела на златар за проценка- останала шокирана (ВИДЕО)Кога мислиме на дијаманти, обично мислиме на луксузни златари, скапи парчиња накит, па дури и на избор на веренички прстен. Сепак, една девојка успеа да купи дијамант на TikTok Shop за само 19 фунти (околу 23 евра).Поради екстремно ниската цена, Меги немаше големи очекувања. Сепак, таа одлучи да се впушти во експеримент за да види што ќе се случи. Таа на шега го нарече својот дијамант „сомнителен“ и најави дека ќе провери дали е вистински, објавува Mirror. „Сакам да проверам“ Меги им објасни на своите следбеници дека има намера да го однесе кај два различни златари за да ја провери неговата вредност. „Сакам да проверам дали сум измамена или дали е навистина вистински дијамант“, рекла таа. Првиот златар не можел да утврди дали дијамантот е природен или одгледан во лабораторија (синтетички), бидејќи, како што ѝ објаснил, таквата проверка бара посебна опрема. Па затоа отишла кај друг експерт, кој ѝ рекол дека каменот нема VVS чистота, бидејќи имал голем број ознаки и несовршености. Ознаката VVS се однесува на дијаманти со многу мали внатрешни карактеристики кои се исклучително тешки за гледање, дури и под десеткратно зголемување. На скалата на јасност, тие се наоѓаат веднаш под категоријата Flawless (FL), што значи дека нема внатрешни или надворешни недостатоци, и Internally Flawless (IF), што значи камен без внатрешни недостатоци. Категоријата VVS е поделена на две подгрупи - VVS1 и VVS2. Златарот потоа потврди дека дијамантот потекнува од лабораторија. Нејзината реакција беше изненадување, бидејќи очекуваше дека воопшто не е вистински дијамант. „Значи, изгледа дека овој дијамант е вистински. Бев шокирана“, додаде таа. Сепак, имаше еден проблем. Иако златарот потврди дека станува збор за дијамант одгледан во лабораторија, тој се сомневаше дека сертификатот на Меѓународниот гемолошки институт (IGI) што доаѓаше со него е автентичен. Што рече златарот? Меги објасни што ѝ кажал експертот: „Тој рече дека го знае тоа бидејќи сертификатот IGI вели дека дијамантот е VVS2, што значи дека е многу чист и нема ситни точки во него. „Но, тој рече дека тоа не е вистина“, рече таа. Значи, златарникот заклучува дека дијамантот е одгледан во лабораторија, но неговиот квалитет е понизок од оној што треба да го покаже ознаката VVS2 на сертификатот. „Во основа, тоа не е многу добар дијамант, но сепак е вистински дијамант одгледан во лабораторија“, заклучи Меги. Иако успеа да добие синтетички дијамант за мала сума пари, таа призна дека сепак би сакала да има „прекрасен дијамант“ околу вратот или на прстот отколку овој примерок. Голем број корисници на TикТок кои коментираа на објавата се согласија со неа. Некои претпоставија дека цената е толку ниска токму поради „заматеноста“ на каменот што го добила. „Повеќето дијаманти одгледани во лабораторија имаат многу висока чистота, а никој не купува дијаманти со ниска чистота, па затоа ова е единствениот начин да се ослободите од нив“, напиша еден корисник. Друг кратко коментираше: „Тогаш не е добар дијамант. Искрено, јас дури и не би се замарал со него.“Тагови: дијамант Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter