Мицкоски: Денеска и утре исплата на субвениците за тутунарите - Канал 5

Мицкоски: Денеска и утре исплата на субвениците за тутунарите

Во текот на денот и утре на сметките на тутунарите ќе легнат парите од субвенциите. 

Мицкоски: Денеска и утре исплата на субвениците за тутунарите

Ова го соопшти премирот Мицкоски кој рече дека налогот за исплата на нешто над 32 милиони евра од платежната агенција е веќе во трезор за да се пуштат парите кон земјоделците. Премиерот Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години веќе се исплаќаат тековните субвенции за 2025 година.

-Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека огормна е разликата во односот кон тутунарите што се гледа според тоа дека четири години кога тутунот се откупувал по 150 денари а сега последните договори се за цена од 450 денари за килограм, што се одразува и во вкупно откупените количини кои тогаш биле од 16 до 18 илјади тони а сега се од 26 до 28 илјади тони на откупен суров тутун годишно

Претходно преку соопштение опозициската СДСМ обвини дека премиерот ги излажал земјоделците и наместо ветувањата за поголем просперитет сега земјдоелците се соочуваат со намалени субвенции, ниски откупни цени и немање пласман.

После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем.

Според СДСМ доказ за падот во земјоделството е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото, кој во делови од земјава се најавува дека ќе запре а цената на млекото е падната за над 30%. Денес литар млеко според СДСМ се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер