Мицкоски: Членовите на судскиот совет имаат образ ѓон, а доверба помала од 2% - Канал 5

Мицкоски: Членовите на судскиот совет имаат образ ѓон, а доверба помала од 2%

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. “

Мицкоски: Членовите на судскиот совет имаат образ ѓон, а доверба помала од 2%

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна на тие кои што ги гласале, тие и понатаму продолжуваат да бидат дел од Судскиот совет и да земаат илјадници евра месечен надомест, притоа уживајќи помалку од 2 проценти доверба кај граѓаните и никому ништо. И тоа доволно ви кажува за каков профил на личности станува збор и зарем вие очекувате нешто различно од нив да донесат како одлука, посебно за случајот за младата Теодора која е прегазен ана пешачки премин.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

Мицкоски упати остри реакции и за Советот на јавни обвинители.

„Но, не е само тоа. Во случајот има и една друга институција Советот на јавни обвинители, таму има еден замислете еден виш јавен обвинител кој што бара да се намали првостепената пресуда. Затоа што овој случај има прв дел од пресуда од 3 и пол години, се жали обвинителот на ниска казна, неговиот надреден кој што е во Вишото ја прифаќа одлуката односно прифаќа таа да биде помала од 2 години.“, рече Мицкоски.

„Зарем вие очекувате од овие луѓе нешто повеќе. Јас не. Образ ѓон.“, изјави Мицкоски.

„Ако некој мисли дека ние имаме кратко помнење се лаже, нема така едноставно да поминуваат некои работи. Правдата мора да биде неприкосновена и да ја добијат сите.“, дециден е Мицкоски.

Во однос на реформите, Мицкоски истакна дека се во завршна фаза и очекува до крајот на јуни да бидат донесени, но како што рече лично има дилема дека нешто од тоа ќе функционира со вакви судии и обвинители.

„Тие се работат и се во завршна фаза. И се дел од реформската агенда и има јасен датум дека до 30.06 треба да се донесат. Но, искрен да бидам лично мислам и имам дилема дека нешто од тоа ќе функционира со овие вакви судии и обвинители кои се бирани на начин на кој што се бирани. Не сите, туку мала група, но таа мала група го контаминира она поголемо ткиво кое заслужува да биде и судија и обвинител.“, истакна премиерот Мицкоски, сопштуваат од Владата.

Стармер од Тирана: Путин е тој што ги одолговлекува работите и предизвикува одложувања

-Путин е тој што ги одолговлекува работите и предизвикува одложувања на прекинот на огнот.

Стармер од Тирана:  Путин е тој што ги одолговлекува работите и предизвикува одложувања

Она што се случи денеска е доказ дека Путин е тој што ги одолговлекува работите и предизвикува одложувања на прекинот на огнот. Мора да имаме санкции бидејќи Путин ја продолжува својата агресија на овој начин, изјави британскиот премиер Кир Стармер, на заедничката прес-конференција во Тирана, со неговиот албански колега Еди Рама.

-Веќе неколку месеци Украина е јасна во однос на прекинот на огнот. Путин беше агресор и го попречува мирот, ова е Русија и тој е Путин. Ова е доказ за она што го реков, Путин е тој што ги влече работите надолу, рече Стармер околу неучеството на рускиот претседател Владимир Путин, на мировните преговори денеска во Турција, објавија албанските медиуми.

Од своја страна, Рама, откако иронично кажа дека ни најмалку не чувствуваат носталгија, што „ниту еден руски претседател или премиер не стапнал во Албанија и никој од тука не одлетал во Русија“ ја повтори поддршката на неговата земја за Украина.

Во неговиот познат стил тој одговорил и на прашањето на британски новинар, за двајцата премиери, дали разговарале за прифатни центри за мигранти во Албанија „Ние сме верни на бракот со Италија, а останатото е љубов“.

-Бев јасен уште од првиот ден кога го започнавме процесот со Италија, тоа беше единствен договор со Италија поради нашиот посебен однос, но и поради географската положба што е доста значајно. Да бидам искрен со вас, многу земји прашаа, а ние рековме не. Ние сме верни на бракот со Италија, а останатото е љубов, рече Рама.

Неговиот гостин изјави дека за ова прашање разговарале со голем број земји, и оти истото го гледа како иновативно и важно прашање.

-Тоа што сакам да го направам е да го зголемам бројот на овие центри за реадмисија. Работата што ја направивме со Албанија, со потпишаните договори, е од витално значење. Мило ми е што ги покривме празнините и вративме 24 илјади албански граѓани кои дојдоа нелегално, додал тој.

И двајцата оценија дека е вистинска привилегија што за првпат во посета на Албанија е британски премиер, што е „доказ за силните односи што постојат меѓу двете земји“.

Љутков: Библиотеките мора да се приспособат, да бидат подостапни за сите граѓани без исклучок

На попреченоста не треба да се гледа како на пречка туку како на предизвик.  Таа треба да биде поттик за библиотеките да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и похумани. 

Љутков: Библиотеките мора да се приспособат, да бидат подостапни за сите граѓани без исклучок

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во рамките на Конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“, порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани без исклучок.

„На попреченоста не треба да се гледа како на пречка туку како на предизвик. Таа треба да биде поттик за библиотеките да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и похумани. Затоа денес, кога технологијата ни нуди сè поголеми можности, немаме изговор да не го направиме тоа. Говориме за пристапност во физичка смисла – како пристап до просториите, но и за пристапност до содржините – преку Брајово писмо, аудиокниги, дигитални формати, приспособени образовни програми и персонализирана поддршка“, рече министерот Љутков.

Според Љутков, сите ние, а особено институциите што ја носат одговорноста за културниот развој, мора да гледаме на достапноста не како на дополнителна обврска, туку како на основен принцип. Оваа конференција е важен чекор во таа насока.

„Како Министерство за култура и туризам, свесни сме за предизвиците со кои се соочуваат библиотеките денес, затоа ние сме тука да ве поддржиме не само со зборови, туку и со дела. Да креираме заедно културни институции во кои достапноста и грижата не се додаток, туку темел“, порача Љутков.

На Петтата конференција на библиотекари, што се одржува во Велес во организација на Библиотекарското здружение на РМ, учествуваат библиотекари од земјава и од странство: Србија, Косово, Албанија, Хрватска, Индија и Босна.

Тошковски на светскиот полициски самит: Македонија со големо значење во регионалната безбедност

--Македонија со големо значење во регионалната и европската безбедност.

Тошковски на светскиот полициски самит: Македонија со големо значење во регионалната безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, учествувал на светскиот полициски самит во Дубаи – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината во полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави.

На самитот, како што објави на неговиот фејсбук профил Тошковски, во неговото обраќање, дал осврт на улогата на македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот – мала по димензии, но голема по значење кога станува збор за регионалната стабилност и европската безбедност.

- Истакнав дека Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани, напиша Тошковски на фејсбук.

притисни ентер