Мицкоски:Членовите на Судскиот С. на кои им се изгласа недоверба немаат кредибилитет - Канал 5

Мицкоски:Членовите на Судскиот С. на кои им се изгласа недоверба немаат кредибилитет

Членовите на Судскиот совет на кои Собранието им изгласа недоверба повеќе немаат никаков кредибилтет да ги извршуваат функциите, порача премиерот Мицкоски. 

Мицкоски:Членовите на Судскиот С. на кои им се изгласа недоверба немаат кредибилитет

Тој и денеска го повтори ставот дека очекува морална одговорност од нив и самите да се повлечат по изгласаните интерпелации.

„Јасно кажаа парламентарците, тие кои што ги избраа дека овие членови го изгубија целиот кредибилитет и дека повеќе немаат никаков кредибилитет да ги извршуваат овие функции. Впрочем тоа тие го докажуваат со изборот на партискиот врховен судија којшто доаѓаа од ДУИ, знаете како гласаа, не терба тука јас да објаснувам“,-– Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Собранието наскоро треба да одлучува и за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но во Владата се уште не размислувале кој би можел да го наследи, изјави Мицкоски, додека во Советот на јавни обвинители и понатаму го чекаат произнесувањето на Коцевски по владиниот предлог за негово разрешување.

Според Мицкоски се уште постојат корумпирани судии и обвинители и порача дека е изнанден како некои од нив се однесувале по последната акција на МВР и Бирото за јавна базбедност за акцијата за злоупотреби при набавка на мазут во која на бизнисменот Ратко Капушевски синоќа му беше одреден 30 деневен притвор, додека сопственикот на компанијата „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски заработи домашен притвор.

„За мене се алармантни информациите поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата која ја спрведе МВР и Бирото за јавна набавка пред два дена. Навистина сум шокиран сум како се однесувал и како продолжува да се однесува. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, местото им е во големите хациенди изградени во западна Македонија. Мислам дека многу скоро ќе се кае но тогаш ќе биде доцна“-– Христијан Мицкоски, претседател на влада .

Премиерот Мицкоски одгвоори и на заканите од ДУИ за можна политика криза доколку се чепне во Законот за јазиците. Според него заканите од интегративците ќе продолжат... но политичка криза нема да има бидејќи, како што рече на ДУИ не им бил важен јазикот ниту правата на Албанците, туку само како да се спасат од криминалите кои ги правеле во минатото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. 

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис.

„Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“.

Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Иран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. 

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата.

„Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму.

Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Александар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. 

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат..

Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер