Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
МакедонијаМицкоски: Бугарија треба да се праша зошто го блокира Акцискиот план за малцинстватаЗошто Бугарија го блокира Акцискиот план за малцинствата е прашање што треба да се упати до официјална Софија, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, станува збор за политика што источниот сосед со децении ја спроведува кон земјава. Мицкоски претходно посочи дека документот, подготвен во соработка со европски експерти, уште во јануари годинава, добил поддршка од 26 земји-членки на Европската Унија, но не и од Бугарија. Во таа прилика главните обвинувања меѓу Скопје и Софија беа за јазикот со кој документот бил испратен до Бугарија, а кој бугарското МНР потоа го нарече „достапен јазик“ во Македонија. -Па не знам, тоа прашање ќе треба на нив да им го поставите, не знам зошто, оти претпоставувам дека таа политика трае со децении, не е тоа политика почната од денес. За жал некои политички елити кај нас не успеаа тоа да го препознаат, и беа кратковиди и претпоставувам лекомислени или се водеа од лични интереси мислејќи дека ако потпишат бел лист хартија сите проблеми ќе бидат решени. Тоа така не иде во реалниот свет и во реалната политика. За жал направија големи проблеми, за ќе треба да ги решаваме тие проблеми и ги решаваме еден по еден.-Христијан Мицкоски – Претседател на владата. Канал 5 испрати прашање и до бугарското МНР за нивната позиција во врска со акцискиот план за малцинствата и појаснување каде според нив е застојот за документот. Сепак, одговор до емитување на прилогот не добивме. Последната информација објавена на нивниот веб-сајт, сепак е поврзана со Македонија и се однесува на Ива Михаилова од Кочани која бара лекување во Бугарија, но и биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош откако учествувала во сообраќајна несреќа со смртни последици. Во објавениот став, тие фрлаат и сомнеж врз случајот на обвинителството против Михаилова. Акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците, инаку произлегува од преговарачката рамка на земјава, а според информациите од македонската влада истиот е изработен од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија. Од владата во неколку наврати посочија дека станува збор за документ којшто содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со европските стандарди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАнџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос АнџелесХоливудската ѕвезда, актерката Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден.Актерката и хуманитарка, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, сега сака повеќе слобода и флексибилност во својот живот. Според извор што разговарал со магазинот *People*, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес. „Таа со години зборува за тоа дека сака да си замине од Лос Анџелес. Среќна е што сега има поголема слобода и можност да прави поинакви избори“, изјавил неименуваниот извор. На 12 јули, Џоли го одбележа полнолетството на близнаците Вивиен и Нокс, а според истиот извор, таа сега сака повеќе да патува со своите деца и да го истражува светот. „Нејзините деца отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Сакаше тие да искусат различни култури и делови од светот, а сега со нетрпение очекува заедно да патуваат и да откриваат нови места. Таа е подготвена за тоа“, додал изворот. Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа за време на снимањето на филмот *Mr. & Mrs. Smith* („Господин и госпоѓа Смит“), а се разделија во 2016 година, по 12-годишна врска и две години брак. Нивниот развод беше официјално финализиран во декември 2024 година. Актерката уште минатата година навести дека планира да го напушти Лос Анџелес штом нејзините најмлади деца ќе станат полнолетни. „Ќе можам да заминам оттука штом ќе наполнат 18 години“, изјави таа тогаш, мислејќи на Вивиен и Нокс. Таа додаде дека сака да им обезбеди мир, приватност и сигурност на своите деца, но дека веќе не го доживува Лос Анџелес како место каде што чувствува припадност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
АвтомобилизамВидео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време.Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време, совладувајќи ја патеката долга 1,16 милји (1,86 километри) за импресивни 41,98 секунди. За управувачот на електричниот прототип се наоѓаше реномираниот француски возач Ромен Дима; со оваа победа, тој му ја обезбеди на Ford третата последователна победа во финалниот дуел на фестивалот, надминувајќи го болидот од четвртата генерација на Формула Е. Третото место му припадна на легендарниот Shadow-Chevrolet DN4 – кој воедно беше и најбрзиот автомобил со мотор со внатрешно согорување – додека во првите десет се пласираа и Volkswagen Polo WRX, BMW M3 Touring 24H, Subaru Brataroo 9500 Turbo, Porsche 911 Cup (992.2), Nissan 300ZX Turbo, Dodge Viper GTS-R и Toyota-Judd Formula Supra. Резултатите уште еднаш покажаа колку конкурентни станаа електричните погонски системи во трките на угорнина, иако апсолутниот рекорд на Гудвуд сè уште го држи електричниот „McMurtry Spéirling“, кој ја совлада патеката за неверојатни 39,08 секунди во 2022 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Шоу бизЌерките на Здравко Чолиќ заедно на забаваУна и Лара Чолиќ, ќерките на легендарниот Здравко Чолиќ, ретко се појавуваат заедно во јавноста, поради што секоја нивна заедничка фотографија предизвикува голем интерес кај јавноста и кај нивните следбеници на социјалните мрежи.Овој пат, сестрите позираа заедно на прославата на роденденот, каде што атмосферата дополнително ја загреа настапот на популарниот пејач Дејан Матиќ. Фотографијата од настанот набрзо предизвика бројни реакции, при што многумина ги коментираа нивните елегантни модни избори. За овој настан, помладата Лара Чолиќ избра комбинација што го истакна нејзиниот едноставен и префинет стил. Постарата сестра, Уна Чолиќ, се одлучи за малку похрабра комбинација – црно сако со модерен детаљ во вид на плетенка – со што уште еднаш го покажа својот впечатлив моден израз. Иако се ќерки на еден од најпознатите пејачи во регионот, Уна и Лара главно водат приватен живот и ретко се појавуваат во медиумите. Токму затоа, секоја нивна заедничка објава или фотографија предизвикува дополнителна љубопитност кај јавноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook