Мицкоски без коментар на изјавата на Рокас за можен пробив во евроинтеграциите

Бугарија е таа која се меша во внатрешните работи на Македонија, а не обратно. Ова го порача премиерот Мицкоски по реакцијата на бугарското МНР дека изнесувал манупулативни тези за одлуките од судот во Стразбур.

Мицкоски

Вели барањето за спроведување на 14-те пресуди од Стразбур донесени во корист на македонската заедница во Бугарија се темелат исклучуво на Резолуцијата за заштита на човековите права и не преставуваат никакво мешање во внатрешните работи на Бугарија.

„Доколку промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една суверена и независна држава, тогаш навистина не знам што е тоа. Исто така јас би се повикал на меѓународното право, на Конценцијата за заштита на правата на заедниците и тука не можам да одбегнам, а да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија коешто се темели на 14 пресуди од Стразбур да го реализира. И тука треба сите ние како граѓани да дадеме поддршка на таа македонска заедница во Бугарија, која за жал во 21 век во земја членка на ЕУ не може тоа право да го оствари“-– Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Реакција пристигна и од македонското МНР. Велат Бугарија повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли на Македонија.

- Истакнуваме дека почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права не се билатерални прашања, туку задолжителна обврска на секоја земја-членка на Советот на Европа. Македонија останува целосно посветена на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи како темелни вредности на европската интеграција, и не може да прифати нивно негирање или релативизирање, вклучително и кога станува збор за правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија, наведуваат од МНР.

Најавите од евероамбасадорот Рокас за засилена дипломатска активност за надминување на спорот со Бугарија, премиерот Мицкоски не сакаше да ги коментира, но порача дека членството во ЕУ останува втора стратешка цел на земјава.

Според аналитичарот Благојче Атанасовски и покрај засилената дипломатска актвност на Унијата можноста за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение меѓу Софија и Скопје е мала. Но потегот на европските лидери го оцени како чекор во вистинска насока.

„Доколку европските политичари и високи фуинкционери дојдат во Скопје, а евентуално и во Софија ќе се остварат разговори на пониско дипломатско ниво како да се најде решение. Но јас сум скептик дека ќе се изнајде соломонско решение во овој дадент момент доколку продолжат тврдите политички ставови на официјално Скопје и официјална Софија. Апсолутно не гледаам каде би можеле да најдат допирина точка за да се премости спорот“- – Благојче Атанасовски, политики аналитичар.

Атанасовски е на став можно поместување би донеле евентуални гаранции од Брисел и од Софија дека нема да има нови билатерални баарања на евроинтегративниот пат на земјава.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Верска церемонија заврши трагично откако маж се удави во езеро во Гватемала.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Застрашувачката снимка го прикажува Мигел Сут (45) како стои на страната на водата длабока до половината додека членовите на христијанската црква се подготвуваат да крстат друг верник во езерото Атитлан во југозападниот град Сан Лукас Толиман, објави Дејлимаил.

Двајца мажи потоа се гледа како трчаат во водата кога лицето кое се крсти изгубило рамнотежа и паднало наназад во езерото. Сут се наведнал напред за да помогне, но и тој изгубил рамнотежа пред да исчезне под површината на водата во настанатиот хаос.

Неколку други луѓе скокнале во езерото за да го бараат Сут, а се слуша како жена извикува „Помош“. Дополнителните снимки покажаа дека групата се бори да стигне до брегот откако не успеале да го спасат Сут.

"О, се удавил. О, се удавил. Го нема", рекла загрижена жена во позадина.

„Го изнесуваат, нема спасувачи.

„И се удави оној во црно. Имаше уште еден“, рекол маж во близина на жената.

На друго видео се гледа како Мигел Сут е извлечен на брегот, каде што други верници се обиделе да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, која ја потврдила неговата смрт.

„Тоа беше моментална и очајна ситуација“, изјави Хуан Кук, еден од членовите на црквата, за порталот Centra News.

„Направивме сѐ што можевме да го спасиме, но не успеавме, не одговори на укажаната прва помош.“

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Во германскиот град Вајлбург во тек е драматична потрага по момче со аутизам, Павлос (6), кое вчера исчезнало после училиште.

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Околу 130 лица од итната помош трагаат по малото дете кое исчезнало во вторникот попладне. За него се загрижени спасувачите, семејството и целиот град.

Синоќа, откако момчето било пријавено за исчезнато, противпожарното возило емитувало гласовна порака од мајката која директно му се обраќа на момчето.

„Павлос, ова е твојата мајка. Излези и не се криј, те молам. Ни недостигаш“, рекла таа, пренесува RTL.

Од звучниците се пуштала и една од неговите омилени детски песни, пишува Билд.

Градоначалникот на Вајлбург, Јоханес Ханиш, утринава преку видео на Инстаграм вети дека секој камен ќе биде превртен додека не се најде Павлос, кој има аутизам.

Тој им се заблагодари на граѓаните за нивното сочувство и упати апел.

„Побарајте го Павлос во вашите градини, бараки, подруми и ќошиња! Ве молиме имајте ги очите отворени“, рече тој.

Можно е момчето да талкало по улиците или да се криело во канцелариите во градот. Сведоците последен пат го виделе Павлос на железничката станица Вајлбург во вторникот, откако тој го напуштил основното училиште.

Цела ноќ дежурале доброволци од полицијата, противпожарната служба, градот, спасувачките служби и Федералната агенција за техничка помош (ТХВ). Барале од воздух со хеликоптер, со брод во вода и со кучиња трагачи по нивите и ливадите. Денеска биле распоредени и хеликоптери и коњаница.

„Над 100 полицајци трагаат по Павлос“, велат властите.

Службите за итни случаи утрово одржаа брифинг.

„Потрагата ја опфаќа целата област Вајлбург. Ќе ги пребаруваме, меѓу другото, јавните згради во градот и визбите кои биле отворени во моментот кога момчето исчезнало“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата Карстен Вернер.

Спасувачите веруваат дека Павлос можеби се криел и веројатно е исплашен.

Градоначалникот Ханиш го опиша момчето со корени од Еритреја како авантуристичко, желно да се искачи и да ужива во водата. Ова е и една од причините поради која интензивно се одвива потрагата покрај реката Лан.

Целиот град (околу 13.000 жители) френетично го бара исчезнатото дете. Многумина се надеваат дека момчето навистина нашло топло скривалиште во зграда, бидејќи ноќта надвор била студена на околу шест степени Целзиусови.

Како што информираат од полицијата, засега не се сомничи дека имало кривично дело.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

Жена е уапсена во округот Кејп Меј, Њу Џерси, поради наводна употреба на кучешки ремен со електричен шокер врз своето дете, соопшти локалното обвинителство.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

"Полицијата на Њу Џерси започна истрага на 17 март, откако дете дошло на училиште со видливи повреди на телото. Истрагата утврдила дека повредите биле предизвикани од кучешки ремен со електричен шокер.", соопшти обвинителството на Кејп Меј, пренесува Sky News.

Мајката на детето, 30-годишната Кимберли Круз-Фелисијано, е уапсена и обвинета за тежок напад, загрозување на благосостојбата на детето, манипулација на сведоци и други поврзани обвиненија.

Круз-Фелисијано е обвинета дека му се заканувала на детето со дополнително насилство доколку некому каже дека користела оглавник за кучиња со електричен шокер.

Уапсената Кимберли Круз-Фелисијано моментално се наоѓа во притворскиот центар Кејп Меј, во очекување на судење.

притисни ентер