Мицкоски: Бараме преодна влада без ДУИ, рамен терен за изборна борба и зачуван идентитет - Канал 5

Мицкоски: Бараме преодна влада без ДУИ, рамен терен за изборна борба и зачуван идентитет

„Ова е преодна влада која што ќе биде со важност до  организација на избори, а потоа граѓаните ќе одлучат. “

Мицкоски: Бараме преодна влада без ДУИ, рамен терен за изборна борба и зачуван идентитет

„Добро е да сме дел од тој процес, на тој начин ќе спречиме евентуална злоупотреба на изборниот процес и неправилности, што е важно за да имаме кредибилен изборен процес и тоа на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе им даде доверба дека процесот кој следи и претседателски и парламентарни се согласно законите и Уставот“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Кочани, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за преодна влада иако со ВМРО-ДПМНЕ и СДС се ривали.

Мицкоски појасни дека тоа треба да биде преодна влада без учество на ДУИ со сите останати политички партии, односно дека добро е консолидираната опозиција на албански политички партии да биде дел од таа влада, додека уставните измени да важат откако Македонија ќе стане дел од ЕУ.

„Идниот премиер нема да биде премиер поради договорот кој го направиле СДС и ДУИ, туку ќе биде премиер кој го избрале мнозинството пратеници во рамите на Собранието. Тоа го предложивме ние како ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме одговор од СДС“, рече Мицкоски.

„Кога станува збор за уставните амандмани ние рековме во ред, еве да речеме да го прифатиме гласањето за тие но, но да биде ефектот одложен односно со одложено дејство. Тоа значи практично околностите нема да се променат нема да имаме промена на устав тие амандмани нема да бидат дел од новиот устав се до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ. На тој начин го заштитуваме нашиот идентитет и на тој начин ние кажуваме дека нема да има дополнителни отстапки кои ќе можат да му наштетат на нашиот идентитет“, истакна Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Британија трет ден по ред се соборува температурен рекорд

Британските власти го продолжија портокаловото предупредување за екстремна топлина до недела, откако денеска беше забележана највисоката јунска температура досега регистрирана во земјата трет ден по ред.

Во Британија трет ден по ред се соборува температурен рекорд

Британските власти го продолжија портокаловото предупредување за екстремна топлина до недела, откако денеска беше забележана највисоката јунска температура досега регистрирана во земјата трет ден по ред, соопшти Метеоролошката служба.

Предупредувањето, кое ги опфаќа Лондон, југоисточна Англија, Источна Англија и делови од Источен Мидлендс, останува на сила до 9 часот наутро по локално време во недела поради очекуваната уште една топла и влажна ноќ, иако температурите постепено почнуваат да се намалуваат.

Продолжувањето доаѓа по реткото тридневно црвено предупредување за топлина кое заврши во петокот навечер, објави Скај њуз.

Рекордот беше срушен трет пат по ред

Во Велика Британија, јунскиот рекорд за температура од 37,3 степени Целзиусови беше привремено регистриран во петокот во Сантон Даунхам, Сафолк, откако рекордот беше срушен два дена претходно.

До оваа недела, јунскиот рекорд за температура во Велика Британија беше 35,6 степени Целзиусови, кој беше регистриран во Саутемптон во 1976 година.

Главниот метеоролог на Метеоролошката служба, Енди Пејџ, го опиша петокот како врв на топлотниот бран и трет ден по ред со рекордни јунски температури. „Овој невиден топлотен бран за јуни е уште еден показател за тоа како климатските промени ги менуваат границите на температурните екстреми во Велика Британија“, рече тој.

Бури и прекини во сообраќајот

Иако се очекува температурите постепено да опаѓаат во текот на викендот, метеоролозите предупредуваат на можни грмотевици што би можеле да донесат обилни врнежи од дожд, град, грмотевици и силни ветрови.

Топлотниот бран ги наруши транспортните и јавните услуги низ Англија оваа недела. Повеќе од 570 училишта беа делумно или целосно затворени, неколку болници прогласија вонредни инциденти, а железничките оператори ги повикаа патниците да избегнуваат непотребни патувања поради ризикот од оштетување на инфраструктурата од високите температури.

„Еуростар“, исто така, откажа некои услуги помеѓу Лондон и Париз поради екстремната топлина што го погоди поголемиот дел од Европа.

Метеоролошката служба објави дека на почетокот на следната недела се очекува температурите да се вратат поблиску до сезонскиот просек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни дали сака да биде органодарител

Јас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител по воведувањето на системот, изјави министерот за здравство Азир Алиу на вчерашната јавната панел-дискусија во Гостивар .

Секој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни дали сака да биде органодарител

Јас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител по воведувањето на системот, изјави министерот за здравство Азир Алиу на вчерашната јавната панел-дискусија во Гостивар посветена на органодарителството, на која тој ги презентира системските мерки за унапредување на органодарителството.

Со измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, кој веќе е во собраниска процедура, секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството.

„Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, безбедно и со двојна верификација. Секој граѓанин ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: Дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? “истакна Алиу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На порталот „uslugi.gov.mk“ има 352 услуги, месечно се користат речиси 14.000

Бројот на електронски услуги на порталот „услуги.гов.мк“ е тројно зголемен, а бројот на издадени услуги е деветпати поголем, кажа минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отчетот за двегодишнината од мандатот..

На порталот „uslugi.gov.mk“ има 352 услуги, месечно се користат речиси 14.000

Бројот на електронски услуги на националниот портал uslugi.gov.mk е зголемен од 120 во 2024 година на 352 годинава, а бројот на корисници надмиува 260.000, од кои околу 92.000 се регистрирани само во текот на минатата година. На отчетот за двегодишното работење, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, го издвои развојот на порталот како еден од клучните приоритети, посочувајќи дека месечниот број на издадени електронски услуги е зголемен десеткратно, односно од околу 1.300 на повеќе од 13.000, додека вкупниот број поднесени барања надминува 340.000. Потсети дека преку порталот без чекање на шалтери, граѓаните меѓудругото можат електронски да добијат изводи од матичните книги на родени, венчани и умрени, уверение за државјанство, потврди за неосудуваност, како и да поднесат барања за лични документи, услуги од социјалната заштита, даночни и пензиски постапки.

„ Македонија не смее да биде држава на чекање, мора да биде држава што испорачува, затоа што власта не е привилегија, туку да наследиш подобар систем од оној што си го наследил. Во Македонија предолго зборувавме за дигитализација, се најавуваа стратегии портали, системи реформи, но граѓанинот често не гледаше промена во секојдневниот живот, а ние сакавме да ја прекинеме таа пракса, реформа која граѓанинот не ја чувствува не е завршена реформа.“

Дигитализацијата има и темна страна – тн. Фишинг напади, вели Андоновски, по зачестените измами со лажни пораки поврзани со сејф сити системот.. порача дека единствената ефикасна заштита е зголемување на свесноста на граѓаните, па затоа апелира до граѓаните со особена внимателност да ги проверуваат пораките кои ги добиваат, пред да споделуваат свои лични податоци.

„Не постои друг механизам на заштита на граѓаните освен да бидат свесни дека не секоја порака што ја добиваат е вистинска и е од вистински испраќач. Секогаш прво се проверува испраќачот, дали сте сигурни дека тој испраќач е тој, а потоа и суштината на пораката, ја читате неколку пати да проверите дали вистина сте биле во таква ситуација, го познавате испраќачот, ја познавате пораката, дали има грешки во текстот, бидејки најчесто има.“

Меѓу клучните приоритети на министерството Андоновски вештачката интелегенција, образоанието и дигиталните вешини. Нагласи дека првите придобивки од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор преку националниот центар „Везилка“ ќе бидат видливи уште ова лето. Најави дека на есен вештачката интелегенција ќе се применува во секторите енергетика, , култура, здравство, земјоделство и во јавната администрација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер