Мицкоски бара средба со Ковачевски за одредување датум за предвремени парламентарни избори

Овие тимови ќе работат со тимови во власта во меѓупериодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори, про боно без никаков надомест и никакви привилегии. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предложи на премиерот Димитар Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори, кои, како што рече, би биле природно решение за „катастрофалните состојби во кои се наоѓа земјата". Тој на Ковачевски му остави рок до 10 мај да се изјасни, а доколку премиерот го одбие предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори".

На тој состанок, нагласи Мицкоски, ќе предложам и четири тима од ВМРО-ДПМНЕ составени од луѓе со искуство и луѓе кои се покажале во минатото, во четири акутни области – економија, надворешна политика, здравство и образование, во кои се детектирани клучни акутни проблеми во моментот во земјата.

– Овие тимови ќе работат со тимови во власта во меѓупериодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори, про боно без никаков надомест и никакви привилегии. Тука сме да и помогнеме на Македонија кога и е најтешко, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Ова, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе овозможи да се решат „акутните проблеми во општеството и да се ослободат граѓаните од тензијата во која живеат". А потоа, нагласи тој, на предвремените парламентарни избори народот нека одлучи во каква држава сака да живее и каква иднина сака да има.

– Не барам Ковачевски да брза. Нека размисли, знам дека ќе го советуваат да одбие. Но, нека размисли, нека преспие, нека се советува со повеќе луѓе. Очекувам одговор во следните десетина дена. Нека биде краен рок 10 мај – вторник. Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа што ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава, а потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори, рече Мицковски.

Ако премиерот ја одбие понудата, според Мицковски, ќе се покажело дека државата нема лидерство, а народот ќе морал „да дојде по своето, затоа што сето ова како што имало почеток има и крај".

Тој од македонските граѓани побара обединување и поддршка околу политиките на ВМРО-ДПМНЕ, за како што рече, „да може да се порази власта на следните предвремени парламентарни избори и за да може да бидат исправени грешките од изминатите пет години".

– Барам да бидете сите вие високо свесни, целосно да ги разберете околностите во кои се наоѓа Македонија и важноста за тоа дека сега во овие моменти сите ние немаме право на грешка, бидејќи грешната проценка, раситнувањето на обединетата сила на народот прескапо ќе ја чини земјата, но и дека кога е најтешко ВМРО-ДПМНЕ секогаш било со народот, со Македонија, па дури потоа сме ги ставале партиските интереси во фокусот. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и не го заборавајте моментот дека ВМРО-ДПМНЕ постои за Македонија. И мојата цел е да се обедини народот, на едната страна, ние обичните луѓе на нашата Македонија, на другата, осамени корумпираната елита од власта која мора да падне, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на прес-конференцијата се осврна и на прашањето за преговорите со Бугарија истакнувајќи притоа дека е неприфатливо да се дозволува соседните држави да се мешаат во нашите внатрешни работи, па откако „ќе ги исполниме критериумите за ЕУ, да мора да ги исполниме и критериумите на Петков, кои се за негова домашна употреба".

– Петков штити свои државни интереси, проблемот е што недостасува заштита на македонските интереси. Зад овие интереси не стои нашата држава и нејзините институции. И ако условот е да се исполнат сите бугарски барања, кои ќе значат исполнување на нивната бугарска декларација, на наша штета, тоа е нешто со кое ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи ниту пак да се помири. И ако има отворање на Уставот, чин со кој е предвидено дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата на истиот, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност. Повторувам, да се знае сега, нема тоа да го поддржиме и нема тоа да помине, рече Мицковски.

Мицковски вели дека е свесен оти Ковачевски е „подготвен да потпише се" и оти само чека да види дали ќе може тоа да го помине во Бугарија.

– И тоа најверојатно во овој пластелин, нашиот вештачки Парламент ќе помине, но за промени во Уставот им требаат две третини, тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено./МИА

Трамп: Украина нема да биде исклучена од можните мировни преговори со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија за ставање крај на војната.

Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши. /МИА

Руте: САД се трајно посветени кон силен НАТО

Трошоците за одбрана веќе растат, порача Руте. 

Новиот американски секретар за одбрана Пит Хегсет на денешното заседание на Северноатлантскиот совет пренесе јасна порака за трајната посветеност на САД кон силен НАТО и за јасните очекувања на Америка сите сојузници да го преземат својот фер дел од товарот, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

- Сите сојузници и Украина се обединети во нивната желба за мир во Украина. Сите се согласуваме дека треба да ја доведеме Украина во најдобра можна позиција за преговори. И ни треба одржлив и траен мир, а не Минск Три. Не можеме да дозволиме претседателот (на Русија, Владимир) Путин да победи, порача Руте на прес-конференцијата по завршувањето на средбата на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Руте информира дека на средбата, на која учествуваше и министерот за одбрана Владо Мисајловски, биле одобрени плановите предложени од врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи за зајакнување на одвраќање и одбраната на НАТО, со цел, како што рече, „да можеме да ги заштитиме нашите една милијарда луѓе“.

- За да се осигураме дека сме целосно подготвени да ги реализираме овие планови и во иднина, ни требаат повеќе воени капацитети, а за тоа ни треба значително поголеми одвојувања за одбраната. Нема време за губење. Од тоа зависат нашата континуирана слобода и просперитет.

Трошоците за одбрана веќе растат, порача Руте.

Тој потсети дека земјите членки на НАТО и Канада од 2014 година значително ги зголемија своите издвојувања за одбрана, а само лани во одбранбените потреби инвестирале 485 милијарди американски долари, што за 20 отсто повеќе во споредба со 2023 година.

- Но, треба да направиме повеќе, многу повеќе. И ние треба да го направиме тоа побрзо. Од нашите денешни дискусии е јасно дека сојузниците ја препознаваат потребата да инвестираат многу повеќе. Неколкумина на денешната средба најавија значителни зголемувања на трошоците. И очекувам многу министри да се вратат дома од денешниот состанок со уште поголемо чувство за итност, потенцира Руте.

Тој нагласи дека министрите разговарале и за потребата од зголемување на одбранбеното производството, паралелно со зголемувањето на трошоците за одбрана.

- Нашата индустрија мора да биде способна да го произведе она што дополнителните пари ни дозволуваат да го набавиме. Веќе видовме значително зголемување на одбранбеното производство ширум Алијансата во последниве години. Ние произведуваме повеќе и побрзо од кога било во последните децении. Но, можеме и мораме да направиме повеќе, додаде генералниот секретар на НАТО.

Според Руте, за да се обезбеди кредибилитетот на напорите на НАТО за одвраќање и одбрана во следните години, земјите членки треба да се префрлат на размислување како во за време на војна, на тоа треба да се прилагоди и индустријата.

- Индустријата презеде чекори за подобрување на производствените капацитети, но таа може подобро. Сигналите за (зголемената) побарувачка се јасни и тие ќе продолжат да растат. Денеска договоривме ажуриран Акциски план за обнова на силна одбранбена индустрија од двете страни на Атлантикот, информира Руте, додавајќи дека силната одбранбена индустрија ќе ја направи Алијансата посилна и ќе создаде повеќе работни места во Европа и Северна Америка.

Руте соопшти дека на денешното заседание на Советот НАТО-Украина, што се одржа во рамки на министерската средба, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ги информирал своите колеги за најновите случувања на теренот, а американски секретар Хегсет, пак, ги запознал со иницијативата на претседателот на САД, Доналд Трамп за мировни преговори за ставање крај на конфликтот во Украина.

- Разговаравме за важноста на нашата континуирана поддршка за Украина, што е клучно за да може оваа брутална војна на агресија да дојде до праведен и траен крај, рече Руте.

Тој посочи дека се разговаравме и за потребата европските сојузници и Канада да вложат повеќе напори во обезбедувањето безбедносна помош за Украина.

- Сојузниците вчера и денеска најавија нови пакети воена поддршка. Ова ќе и помогне на Украина во нејзината сегашна борба и да ги изгради своите вооружените сили на долг рок. Сето ова испраќа јасен сигнал дека Европа и Канада преземаат поголем дел од трансатлантското споделување на товарот, додаде Руте.

На почетокот на прес-конференцијата Руте се осврна и на денешниот инцидент во Минхен во кој се повредни најмалку 28 лица, од кои неколкумина потешко, кога автомобил влета во група луѓе, нагласувајќи дека е изразува шок и тага од овој, како што рече, по се изгледа намерен напад.

- Изразуваме солидарност со нашата сојузничка Германија и нашите мисли се со жртвите и нивните најблиски, истакна Руте./МИА

притисни ентер