Мицкоски: Аутизмот не е бариера. Бариерите се во нашето неразбирање - Канал 5

Мицкоски: Аутизмот не е бариера. Бариерите се во нашето неразбирање

Објава на премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 април – Меѓународен ден на свеста за аутизмот.

Мицкоски: Аутизмот не е бариера. Бариерите се во нашето неразбирање

„2 април – Меѓународен ден на свеста за аутизмот.

Аутизмот не е бариера. Бариерите се во нашето неразбирање. Денес, но и секој ден, нека ни биде потсетник дека различноста не е слабост, туку наша голема сила.

Лицата со аутизам имаат свој глас. Наше е да го слушнеме. И уште повеќе: да создадеме услови тој глас да се слушне гласно, јасно и рамноправно!

Како Влада, остануваме цврсто посветени на градењето на инклузивни политики, поддршка на семејствата, унапредување на образовните и здравствените услуги и создавање можности за достоинствен живот за секое дете, секој млад човек и секој возрасен со аутизам.

Продолжуваме да градиме емпатијата, зедно, чекор по чекор, кон општество каде никој не е оставен сам.“, стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Тава со ориз и копани

Во четврток (04.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Тоде Спасов.

„Гответе со Дракче“ - Тава со ориз и копани

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша ориз

4 парчиња копани

1 главица кромид

1 чаша златна мешавина

1 пилешка коцка за супа

2 ливчиња ловоров лист

масло по потреба

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“

Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“, граѓаните ќе имаат пониски трошоци и подобра поврзаност.

ВМРО-ДПМНЕ: Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“

Започнат е процесот за приклучување на Македонија кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“.

Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство.

Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации.

На состанокот што е закажан за 12 јуни 2026 година, претставници на Европската комисија заедно со министрите од државите од Западен Балкан ќе се разгледуваат различни аспекти поврзани со процесот на приближување кон европските дигитални иницијативи.

Со приклучувањето кон оваа иницијатива ќе се овозможи подобра поврзаност, пониски трошоци и поголема интеграција во европскиот дигитален простор, со што Македонија дополнително ќе се доближи до европските дигитални стандарди.

Граѓаните ќе можат да користат интернет, СМС-пораки, повици и други мобилни услуги во земјите од Европската Унија, по цени како во домашниот сообраќај.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската иднина на Македонија, како и на дигитализацијата и модернизацијата на државата.

Во јавноста често се слушаат тврдења за проевропска ориентација од страна на опозицијата, иако, според нивните досегашни политики во периодот кога беа на власт, недостасуваа конкретни резултати и реализација на најавените проекти.

За разлика од тоа, актуелните политики се насочени кон конкретни, мерливи и директни придобивки за граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арбелоа во Премиер лигата?

 Поранешниот тренер на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Алваро Арбелоа, е еден од кандидатите за менаџерската позиција во Фулам по заминувањето на Марко Силва.

Арбелоа во Премиер лигата?

Според „Атлетик“, челниците на лондонскиот клуб воделе разговори со Арбело, кој е меѓу фаворитите за преземање на тимот од „Крејвен Котиџ“.

Фулам во моментов нема трајно решение на клупата, бидејќи Силва го напушти клубот по пет години за да се приклучи на Бенфика. На почетокот на годината, Арбелоа привремено го презеде првиот тим на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо.

Поранешниот тренер на резервниот тим на мадридскиот клуб го водеше Реал во еден тежок период, но резултатите не беа на очекуваното ниво.

Неговото деби на клупата на „кралскиот клуб“ беше обележано со елиминацијата од Албасете во Кралскиот куп, додека во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Реал го запре Баерн Минхен со вкупен резултат од 6:4.

Мадридскиот тим ја заврши сезоната во Примера на второто место, осум бода зад шампионот Барселона. И покрај ова, Арбелоа би можел да добие можност за прв пат трајно да води клуб од едно од најсилните европски првенства.

Дополнителна предност е фактот што добро го познава англискиот фудбал, бидејќи во текот на својата играчка кариера играл за Ливерпул и Вест Хем во Премиер лигата. Според британските медиуми, преговорите меѓу Фулам и Арбелоа се во тек, а договорот наводно е блиску до реализација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер