Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минимална плата, Владата ќе прифати - Канал 5

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минимална плата, Владата ќе прифати

„Ставот наш околу минималната плата е многу јасен и не се темели на никакви импровизации. “

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минимална плата, Владата ќе прифати

„Ставот наш околу минималната плата е многу јасен и не се темели на никакви импровизации. Ние моравме како Влада, а на предлог на министерството за економија и труд да донесеме минимална вредност на минималната плата, по закон. И врз основа на тој закон луѓето од министерствата ја пресметаа и таа се усвои таква кава што е. Значи моменталната состојба на минималната плата е согласно закон кој што го договорил истиот овој Синдикат кога бил репрезентативен.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.

Мицкоски потенцираше дека тие како Влада мора да го почитуваат законот.

„Ние мораме како Влада да почитуваме закон и сме го почитувале тој закон и сега дали на некој тоа му се допаѓа во вредност или не му се допаѓа, тоа е друго. Лично јас сметам дека треба да биде и 1000 евра минималната плата, и тоа можеби е малку. Лично сметам дека на тој начин приходите на Буџетот ќе бидат поголеми, но дали тоа бизнисот ќе може да го издржи е прашање кое што треба да го одговорат работодавачите.“, изјави тој и додаде:

„До сега надвор од закон се утврдувала вредноста на минималната плата во рамки на Економско социјалниот совет и дијалогот кој што таму го води Владата, работникот и работодавачот. Сега претставници од страна на работниците немаше бидејќи репрезентативноста на Синдикатот истече. Во меѓувреме министерствата за правда, економија и труд и социјална политика, демографија и млади номинираа свои претставници во комисијата која што треба да определи репрезентативност на синдикатите, таа комисија е комплетна.

За време на состанокот кој што го имавме со синдикатите сите се сложија со еден предлог, а тоа е нивото од 10 проценти кое се утврдува за да се пресмета репрезентативноста од членовите на синдикалната организација да се пушти 5 проценти.

Ние не сме против, ние сме за, и веќе дадов налог да се изготви законски измени со кој што ќе биде на 5 проценти и на тој начин ќе бидат опфатени поголем бројот од синдикатите и ќе бидат дел од Економско социјалниот совет.

Мицкоски посочи дека откако ќе се формира тој економски социјален совет подготвен е веднаш да се свика седница и доколку работодавачите и работниците се усогласат за минималната плата, тој е подготвен да се интервенира во законот.

Откако ќе се формира овој Економско социјален совет ние сме подготвени веднаш да организираме седница и на таа седница да се дискутира за утврдување на минималната плата надвор од законскиот оној кој што е донесен, и подготвени сме веднаш да интервенираме во законот доколку работниците и работодавачите се усогласат, дали тоа ќе биде 25.000, 27.000, 30.000 денари, како ќе се договорат, ние така ќе прифатиме.“, дециден е Мицкоски, соопштуваат од Владата.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево одлучија да ги укинат економските санкции врз Сирија, објави високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, јави ДПА.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на X.

„ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години - и ќе продолжи да го прави тоа.“

ЕУ има за цел да игра водечка улога во закрепнувањето и идната реконструкција на Сирија, додаде таа.

Санкциите против поединци и организации поврзани со режимот на поранешниот претседател Башар ал-Асад и оние одговорни за насилната репресија врз сирискиот народ и кршењето на човековите права ќе останат на сила.

Дополнително, ограничувањата за извоз на оружје, како и стоки и технологии што се користат за внатрешна репресија, засега ќе останат на сила.

Земјите-членки на ЕУ уште во февруари се согласија за постепено олеснување на санкциите со цел да се поддржи брзото економско закрепнување во Сирија, како и нејзината реконструкција и стабилизација, потсети ДПА.

Мерките во енергетскиот, транспортниот и банкарскиот сектор првично беа суспендирани до јуни. /МИА

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита.

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид.

Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од фондовите за странска помош за репатријација на луѓе од активни конфликтни зони, вклучувајќи околу 500.000 Хаиќани.

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита што им овозможи легално да останат во САД, бидејќи не можеа безбедно да се вратат во своите татковини.

Но, со враќањето на администрацијата на Трамп и заострувањето на имиграциската политика, ситуацијата се менува.

Трамп претходно најави започнување на „најголемата програма за депортација во американската историја“, со цел отстранување меѓу 15 и 20 милиони мигранти од земјата. Според нацрт-документите, планот е развиен откако Министерството за внатрешна безбедност на 5 мај објави дека мигрантите кои доброволно ќе се вратат во своите земји ќе можат да добијат финансиска помош во износ од 1.000 долари.

Освен Украинци и Хаиќани, во документите се споменуваат и Авганистанци, Палестинци, Либијци, Суданци, Сиријци и Јеменци како потенцијални цели на идните депортации. /МИА

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата Икс дека ѝ се заблагодарил на Урсула фон дер Лајен и на „целата Европска Унија“ за 17-тиот пакет санкции против Русија, нарекувајќи го „чекор во вистинската насока“.

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Тој наведува дека важно е да се воведат строги ограничувања врз руската флота танкери, која служи за финансирање на убиствата, како и врз сите шеми што Русија ги користи за зајакнување на својата воена индустрија.

Колку е поголем притисокот врз Русија, толку повеќе стимул ќе има Москва да се движи кон вистински мир. Разговаравме и со Урсула за подготовките за 18-тиот пакет санкции на ЕУ. Руската нафта, енергетската инфраструктура, банките и финансиските шеми - ова се областите што најмногу влијаат врз Русија и затоа најмногу придонесуваат за мирот. Им благодарам на сите што се залагаат за построги санкции и донесуваат решителни одлуки. Детално разговаравме и за вчерашниот разговор со претседателот Трамп и нашата заедничка дипломатска соработка со нашите партнери. Европа мора да биде вклучена и ние го координираме секој чекор што е можно поусогласено, напиша Зеленски.

притисни ентер