Мицевски: Кадрите кои се причина за кризите, не може да бидат излез и решение

На сите ни е јасно дека ова е Влада составена во кабинетот на Зоран Заев и дека оваа коалиција е резултат само на политички пазар, воден од тесно партиски и бизнис интереси и ништо повеќе. 

Ова е Влада, исто како и досегашната, која што нема кредибилитет и капацитет да ја извади Македонија од тешката ситуација во која што се наоѓа веќе подолг период, а е резултат на деструктивното и катастрофалното владеење на претходникот и учителот на Ковачевски, Зоран Заев, порача пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница на која се дискутира за изборот на новата влада, додавајќи дека голем дел од кадрите кои што се предлагаат за министри се дел од луѓето кои што ја доведоа Македонија во држава каде што цвета криминалот, корупција, држава во која што има голема финансиска, економска, здравствена, а последно и енергетска криза.

„Погубните политики на СДСМ кои беа водени од луѓе и кадри кои доведоа до страшна криза во Македонија во здравството генерално, вклучувајќи ги и последиците од КОВИД 19, енергетската криза, хаосот со снабдување на Скопје со топлина, како и економската криза во државата, сега ние треба да поверуваме и да очекуваме дека овие исти луѓе ќе донесат добро за државата и граѓаните", рече Мицевски.

Мицевски потсети и за едногласно усвоената, Декларација за утврдување на црвените линии во спорот со Бугарија.

„Впрочем, да Ве потсетам дека на 29 јули 2021 година овде во Собранието на Република Македонија, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сите едногласно сите политички партии донесовме Декларација за утврдување на црвените линии во спорот со Бугарија. Се надвор од рамките на таа Декларација, ќе Ве направи соучесник во предавството кое што се подготвува, но и соучесник во непочитувањето на волјата на граѓаните кои не гласале да бидеме нивни претставници и застапници во оваа законодавно Собрание", рече Мицевски.

Тој истакна дека, сепак, оваа Влада, исто како и претходната, од самиот старт е на стаклени нозе и нема иднина и дека оваа Влада нема легитимитет од народот бидејќи не е избрана од народот.

„На сите ни е јасно дека ова е Влада составена во кабинетот на Зоран Заев и дека оваа коалиција е резултат само на политички пазар, воден од тесно партиски и бизнис интереси и ништо повеќе. На сите ни е јасно како беше формирано ова парламентарно мнозинство кое го гледаме денес и треба да ја гласа оваа Влада. Сите го видоа новиот „демократски" начин на обезбедување на мнозинство на пратеници, преку видео изјави на непознати локации и пред бели ѕидови", истакна Мицевски.

Тој додаде дека токму затоа, оваа Влада не може да се нарече народна Влада и таа не е гласот и волјата на народот, туку таа глас и волја на одредени ликови кои ја држат Македонија и граѓаните во заложништво само за да си ја задоволат пустата желба за власт и фотелја.

Мицевски го повика мандатарот Ковачевски да не биде слеп послушник и извршител на досегашните деструктивни политики кои што Македонија ја доведоа до ова дереџе и дека ќе работи во интерес на граѓаните и државата.

„Се надевам дека нема да Ве заслепи златниот сјај на прескапиот прибор и дека доколку добиете шанса, ќе работите во интерес само на граѓаните и државата, а не во интерес на партијата, како што гордо протежираат и се фалат Вашите најблиски партиски соработници", рече Мицевски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер