МФ: Солидарно против Covid-19: #МојаНаграда само со дневни награди од 500 денари, повратот на ДДВ може да се донира

МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда во духот на солидарноста се приклучуваат кон борбата против Covid-19. Дел од фондот #МојаНаграда ќе се насочи кон борбата против Covid-19, така што дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари.

Месечните извлекувања од по 100.000 за мај и јуни нема да се одржат. Граѓаните ќе можат и да донираат средства од својот поврат на ДДВ преку апликацијата МојДДВ.

Фондот на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е намален за 4,4 милиони денари, средства кои ќе се вложат во Covid-19 фондот. Од почеток на мај до крајот на јуни ќе се доделуваат по 10 дневни награди од по 500 денари преку #МојаНаграда, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари ќе запрат во мај и јуни. Со ова, наместо 12 извлекувања, ќе има 10 извлекувања за повисоките парични награди.

Месечните извлекувања ќе продолжат од 4 јули, кога ќе се одржи петтото извлекување во кое ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања од скенираните фискални сметки за периодот од 01.04.2020 година до 30.06.2020. Втората премија од 3 милиони денари ќе се извлекува на крај од наградната игра на 19.12.2020 година.

Граѓаните преку апликацијата „МојДДВ" ќе можат и да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 за борбата против Covid-19. Преку опцијата „скенирам и донирам", со која e надоградeна апликацијата „МојДДВ" граѓаните ќе можат одберат дали сакаат да го донираат својот поврат од ДДВ за првото тримесечје од 2020 година. Изборот ќе може да го направат до 5ти мај.

На граѓаните преку апликацијата им се на располагање две опции -,да, го донирам мојот поврат на ДДВ" и ,,не, благодарам". Оној кој потврдно ќе одговори на опцијата за донација, дава согласност за донирање на целиот износ кој треба да му биде вратен на трансакциска сметка, и нема да има можност за отповикување на дадената согласност. Корисникот кој ќе одговори негативно на прашањето, ќе има можност да го промени одговорот се додека е отворена опцијата за избор, а ако не го промени мислењето повратот ќе му биде исплатен на трансакциска сметка. Можноста за донирање, односно откажување од повратот за првото тримесечје е до 5 мај.

За првото тримесечје во 2020 граѓаните преку скенирање фискални сметки оствариле право на поврат од 5,59 милиони евра. Во овој период скенирани се 49,95 милиони фискални сметки, се наведува во соопштението од Минситерството за финансии.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер