Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Ѓуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“
МакедонијаМФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓанитеЗголемена транспарентност и подобар надзор согласно европските стандарди.Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на давателите на финансиски лизинг, корпоративното управување, механизмите за надзор, транспарентноста во работењето и заштитата на корисниците на финансиски лизинг. Новите правила носат појасни договори, можност за предвремена отплата без дополнителни трошоци, поголема контрола врз работењето на лизинг-компаниите и повисоки стандарди за заштита на корисниците.“ Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Дополнително, се овозможува договорите за финансиски лизинг да се склучуваат и во електронска форма, доколку се исполнети условите согласно прописите за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и прописите за спречување перење пари, заштита на лични податоци и други релевантни прописи. Со измените се воведува можност корисникот на финансиски лизинг во секое време целосно или делумно да ги отплати преостанатите обврски согласно амортизацискиот план, без дополнителни трошоци. Со тоа се обезбедува и право на намалување на вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот. Дополнително, се зајакнува заштитата на корисниците преку прецизирање дека давателот на финансиски лизинг не може да го користи предметот на финансискиот лизинг како залог без претходна писмена согласност од корисникот. Согласноста треба да биде дадена пред нотар, во посебен документ – изјава, одвоена од договорот за финансиски лизинг и општите услови, со јасно наведување на правните последици од таквата согласност. Давателите на финансиски лизинг ќе имаат обврска да ги објавуваат годишните финансиски извештаи, заедно со извештајот и мислењето на овластениот ревизор, на своите интернет-страници. На овој начин, физичките и правните лица како корисници на лизинг ќе имаат можност за подобар увид во работењето на друштвата за лизинг пред воспоставување деловен однос. Со измените се зајакнува и надзорот преку унапредување на прекршочните одредби, како и финансиската стабилност на давателите на финансиски лизинг преку зголемување на минималниот износ на основната главнина од 6.000.000 на 30.000.000 денари. Во насока на зајакнување на интегритетот на субјектите што вршат финансиски лизинг, со измените се имплементираат и препораките на MONEYVAL Комитетот при Советот на Европа во областа на спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризам. Се воведуваат критериуми за соодветност и репутација што треба да ги исполнуваат основачите и членовите на органите на управување на давателите на финансиски лизинг.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЃуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“Актерот Бранко Ѓуриќ Ѓуро ѝ го честиташе 30-тиот роденден на својата ќерка Зала преку емотивна објава на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии на кои се заедно.На фотографиите е прикажана Зала, од раното детство па сè до денес, придружени со трогателна порака од Ѓуро. View this post on Instagram A post shared by branko djuric (@branko_djuric_djuro) „Среќен роденден, моја мала принцезо! Остани среќна и здрава. Ти благодарам за сите убави, луди, среќни и незаборавни моменти на твоето патување од 0 до 30 години. Ти благодарам што си наша“, напиша тој. Зала тргна по стапките на своите родители и работи како актерка. Таа се појави во филмовите „Šesti autobus“ и „Deda ide na jug“, а глумеше и заедно со својот татко во претставата „We Will, We Will Rakija“. Претставата беше поставена според нејзиното сценарио, додека Ѓуро ја режираше. Претходно оваа година, Зала објави дека станала мајка, иако не откри детали за приновата. Ѓуро има и ќерка, Ела, со сопругата Тања, како и син, Филип, од првиот брак.Тагови: Бранко Ѓуриќ Ѓуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Тамагочи“ за 21-от век: Закерберг го претстави новиот уредИзвршниот директор на „Meta“, Марк Закерберг, неодамна го претстави „Meta Charm“ – мал рачен уред дизајниран да ја интегрира вештачката интелигенција во секојдневниот живот.Според пишувањата на „Der Spiegel“, уредот е со големина приближно колку „Тамагочи“ и поседува мал екран на допир, микрофон, две камери и можност за поврзување преку 5G мрежа. За разлика од мобилниот телефон, „Meta Charm“ нема да поддржува гласовни или видеоповици; наместо тоа, тој е првенствено наменет да овозможи пристап до софтверот за вештачка интелигенција на „Meta“. Закерберг не ја објави цената на уредот ниту земјите во кои тој ќе биде достапен, но наведе дека се очекува да се најде во продажба до Божиќ. Уредот работи со помош на „Meta AI“ – асистентот со вештачка интелигенција на компанијата, кој беше пуштен во употреба во САД пред неколку недели. „Meta AI“ е наменет да им помогне на корисниците во извршувањето на секојдневните задачи, како што се пазарењето и банкарските услуги. Со воведувањето на „Meta Charm“, „Meta“ има за цел да ја намали зависноста на корисниците од паметните телефони и од оперативните системи на „Apple“ и „Google“. „OpenAI“, компанијата што стои зад „ChatGPT“, развива сличен уред со помош на поранешниот главен дизајнер на „Apple“, Џони Ајв. Аналитичарот од индустријата, Ави Грингарт, истакна дека „Meta“ успеала да го „протне“ својот производ пред конкурентите како „OpenAI“, напоменувајќи дека иако е малку веројатно паметниот телефон наскоро да биде целосно заменет, новите уреди би можеле да го надополнат. Во исто време, тој предупреди дека „Meta“ се соочува со предизвик во однос на довербата на корисниците кога станува збор за заштитата на приватноста. Извор: Б92Тагови: Тамагочи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
СветНапад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сиренитеРуско борбено беспилотно летало погоди област во близина на граничниот премин Јагодин-Дорохуск – на украинската страна од границата со Полска – што предизвика реакција од полската војска.Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност. Потполковникот Јацек Горишевски, портпарол на Оперативната команда на полските вооружени сили, потврди дека руско беспилотно летало се урнало во близина на Јагодин. „Беспилотен систем на Руската Федерација повторно се урна недалеку од преминот Дорохуск – уште еднаш во близина на Јагодин“, изјави Горишевски за ТВН24. Државната гранична служба на Украина соопшти дека леталото погодило област на неколку стотици метри од границата, додека самиот граничен премин Јагодин останал неоштетен. Ukraine's Border Guard Service says the Yahodyn checkpoint on the Polish border was not hit, after a Russian Geran-5 jet-powered drone reportedly came down nearby. pic.twitter.com/uoX7A4CF9i — Open Source Intel (@Osint613) September 28, 2026 Истовремено, полската војска подигна авиони како одговор на руските напади врз западна Украина. Според достапните информации, нема потврда дека некое руско летало го нарушило полскиот воздушен простор. Поради безбедносната ситуација, работата на два гранични премини – Дорохуск и Зосин – беше привремено прекината, а областа беше ставена под засилен надзор. Состојбата на готовност беше укината откако се утврди дека не постои непосредна закана за полската територија. Посебно внимание привлекоа извештаите дека било употребено беспилотно летало на млазен погон од типот „Геран-5“. Полските воени претставници изјавија дека достапните информации укажуваат токму на тој тип на летало. Овој граничен коридор и претходно бил цел на руски напади. Претходно овој месец, беспилотно летало погоди бензинска пумпа во Јагодин, на околу 800 метри од полскиот граничен премин, додека во друг инцидент беше погодена локомотива во близина на границата. Овој најнов инцидент дополнително го сврте вниманието кон областа што се наоѓа веднаш до една од најважните копнени врски меѓу Украина и Полска.Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter