МФ достави барање до 21 меѓународнa институциja и банка за финансирање на брзата пруга - Канал 5

МФ достави барање до 21 меѓународнa институциja и банка за финансирање на брзата пруга

ЏП Морган, Голдман Сакс, Дојче Банк, Рајфајзен банк, Банка на Америка, се само дел од списокот со 22 банка до кои денеска МФ испратило писмо со барање понуди за финансирање на брзата пруга што ќе се гради по коридорот 10.

МФ достави барање до 21 меѓународнa институциja и банка за финансирање на брзата пруга

Станува збор за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои дел се институции со коишто земјата и претходно соработувала на одредени проекти, а одговорите со условите се чекаат до крајот на месецот.

Физибилити студијата за брзата пруга од Табановце до Гевгелија е во фаза на изработка, а сумата од 1, 91 милијарда евра, пари кои Македонија ги бара од меѓунардоните финансиски институции и комерцијални банки, Владата ги добила по направена компаративна анализа на цени на прокети за изгрдаба на двоколосечни брзи пруги во регионот.

Будимпешта – Белград: 8,8 мил. евра/км

Белград - Нови Сад: 13,3 мил. евра/км

Загреб – Ријека: 9,7 мил. евра/км

Во анализата каде се опфатени брзата пруга од Будимпешта до Белград, Белград – Нови САД, Загреб – Ријека, Будимшета – Ѓер, се дошло до заклучок дека најниската цена за километар изнесува 8,8 милиони евра, додека највисоката 14,4 милиони, па така согласно најниската цена државава 200 километри ќе ја чинат 1,76 милијарди евра, но како што велат со дополнитлените, но и непредвидени трошоци сумата може да стигне до речиси 2 милијарди евра. Од овие средства 1, 91 милијарда ќе се бараат на меѓународениот пазар, додека останаите 5 % државата ќе ги обезбеди од Буџетот.

Брза пруга Табановце – Гевгелија

200 км х 8,8 мил = 1,76 милијарди евра

+4 % за студии и основен проект

+10% за надзор, експропријација и други непредвидени трошоци

= 2.010 МИЛИЈАРДА ЕВРА

95 % или 1,91 милијарда евра кредит

„Оваа проценета вредност е индикативна и истата е предмет на потврда/ажурирање за време на изработка на прокетната документација.“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарјаќи на новинарско прашање рече дека ако се оди по план очекува годинава да почне и изградбата.

„Што се однесува до намерата на МФ да најде средства за пругата што е дел од коридорот 10, добија задолжение од Влада и очекувам периодов да испрата барање до потенцијалните заемодавачи и ако се биде како што треба оваа година очекувам почеток на изгрдабата на оваа пруга.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Дополнитлено вели забрзано се работи и на патната инфраструктура, и на Коридорите 8 и 10 Д. Според најавите на стартот на летната сезона, следниот месец, треба да биде пуштена во употреба делницата од Врбјани до Охрид, а по отстранувањето на опасната карпа која надвисуваше на експресниот пат Градско Дреново – поточно на потегот од Фариш до Дреново, Мицкоски очекува до крајот на месецов граѓаните да може да возат и по овој патен правец.

„Негде до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун тие 4 – 5 километри каде што имаме свлечиште кое што свлечиште треба да се санира, некаде околу 40тина километри треба да се стават во функција. Исто така тука има доцнење во прокетирањето на оние свлечишта кои треба да се санираат но очекувам патото да се пушти до крај на 2026 почеток на 2027. Во однос на Дреново Фариш карпата е веќе решена и очекуам до крја на месец да биде пуштена и таа секција.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Во моментов во земјава се градат 4 авотпати, во вкупна должина од 150 километри, а премиерто Мицкоски вели дека годинава реализацијата е за 4 пати поголема во однос на истиот период лани, а во текот на годината очекува оваа реализација да се зголмеи и 8 пати во однос на лани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС продолжува со лаги и манипулации сега за ЕУ и посетата на Урсула фон дер Лајен.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско.

СДС на Филипче и Заев се квислинзите.

Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ.

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава се што може да се продаде.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Урнат рекордот во женска конкуренција, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји го исполнија Скопје, кое уште еднаш покажа дека може да биде голема спортска сцена со полни улици, публика, бодрење и атмосфера што го следеше секој чекор до целта.

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Скопје денеска повторно живееше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

На маратонот, Кенија го освои првото и второто место во машка конкуренција, со Дерик Чеге Нјороге на врвот со време од 2:12:56 и Едвин Кимару Косгеј на второто место со 2:13:20. Трет беше македонскиот маратонец Дарио Ивановски, кој истрча 2:13:48.

Кај жените, Кенијките ги освоија сите три места на подиумот, а Долфин Кемунто Нјагака со време од 2:32:05 постави нов рекорд во женска конкуренција. Втора беше Мерси Џебичии Кипкемои со 2:39:39, а третото место ѝ припадна на Естер Чесанг Какури со 2:40:18.

Кенија го презеде врвот и на полумаратонот, каде што нејзините натпреварувачки ги освоија сите три места во женска конкуренција. Победата ја однесе Валентин Џебет со 1:13:15, пред Чарен Чепкепмои со 1:15:08 и Нанси Гитаига со 1:17:24.

Во машка конкуренција, исто така, на подиумот се најдоа исклучиво кенијски тркачи: најбрз беше Кенеди Кипкемои Роно со 1:05:26, втор Хилари Киптум Мајјао Кимајо со 1:06:11, а трет Џон Њугуна Курија со 1:06:59.

На најкратката трка, на 5 километри, домашните натпреварувачи го освоија врвот во двете конкуренции. Кај мажите, најбрз беше Андреј Арсов со 16:28, пред Гилман Јунуза со 16:35, додека третото место му припадна на Швеѓанецот Фредрих Урбон со 16:43.

Во женска конкуренција триумфираше Хајдари Ирма со 19:43, втора беше Емили Ивановска со 20:53, а третото место го освои Црногорката Лана Ивковиќ со 21:00.

Но, денешниот маратон не го одбележаа само резултатите. Скопските улици беа полни со учесници на маратонот, полумаратонот, трката на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетната трка.

Се трчаше во друштво, со семејството и пријателите, но и покрај илјадници луѓе со кои учесниците можеби за првпат се сретнаа токму денес. Меѓу нив имаше искусни маратонци, рекреативци, учесници од сите генерации, но и бројни странски гости и туристи кои викендот во Скопје го искористија и за да бидат дел од маратонот и да го почувствуваат градот во неговото најраздвижено издание.

Долж патеката тркачите имаа поддршка на секој чекор – од освежителни станици со вода, електролити и овошје, до места за дополнување енергија и медицинска помош. Музичките точки и настапите низ градот дополнително го подигнаа расположението, па патеката беше исполнета со музика, аплаузи и бодрење. За непречено одвивање на маратонот се погрижија и бројните волонтери, кои беа со тркачите од стартот до целта и се грижеа за нивното освежување и поддршка во текот на трката.

Сонцето, полните улици и публиката која не штедеше глас беа дел од сликата на денешното скопско утро. Од најмладите до највозрасните, од домашните тркачи до гостите од десетици земји, сите беа дел од истата атмосфера и истото движење низ градот.

За многумина, денешниот ден не беше само прашање на време и пласман, туку можност да ја истрчаат својата трка, да го почувствуваат Скопје на поинаков начин и да стигнат до целта со поддршката од луѓето покрај патеката.

Со рекорден број учесници и тркачи од 63 земји, 22. Виз Ер Скопскиот маратон уште еднаш покажа дека е ден кога спортот, дружењето и добрата енергија го освојуваат градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, денеска во Горни Подлог, Кочанско, учествуваше на манифестацијата Денови на кочански ориз, се сретна со оризопроизводителите и граѓаните од овој крај.

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Таа посочи дека тие изразуваат сериозно незадоволство и загриженост поради ниската откупна цена и неможноста да ги покријат производствените трошоци.

„Од разговорите со сите оризопроизводители, состојбата е катастрофална. Оризот што се откупува достигнува цена од само 16 денари за килограм, таа цена за 1 килограм ориз е страшно понижувачка„ изјави Каранфилова Пановска.

Заменик претседателката Каранфилова Пановска потсети дека во 2021 година, во времето на СДСМ, откупната цена на оризот изнесувала 42 денари за килограм.

Посочи дека сегашната цена не ги покрива трошоците на оризопроизводителите, кои се соочуваат со поскапување на нафтата, ѓубривата и механизацијата, додека недостигот од откуп дополнително ја влошува состојбата.

За да им се помогне на земјоделците во овој период на криза, СДСМ минатата недела поднесе закон во Собранието со кој предлага дополнителна финансиска поддршка од 10 денари за килограм произведен и откупен ориз. Целта е оризопроизводителите да обезбедат средства за следната сеидба.

Каранфилова Пановска предупреди дека без оваа поддршка, оризопроизводителите може да се соочат со неможност да ги посеат нивите следната година.

Таа ги повика владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целата владина коалиција да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат потребните средства за поддршка на оризопроизводителите и за продолжување на домашното производство на храна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер