Метју Пери откри дека не можел да гледа епизоди од серијата „Пријатели“ и се расплака (ВИДЕО) - Канал 5

Метју Пери откри дека не можел да гледа епизоди од серијата „Пријатели“ и се расплака (ВИДЕО)

Актерот Метју Пери, ѕвездата на „Пријатели“, откри дека не можел да ги гледа старите епизоди од култната серија.

Метју Пери откри дека не можел да гледа епизоди од серијата „Пријатели“ и се расплака (ВИДЕО)

Речиси 30 години по првата епизода на Пријатели, многу луѓе ширум светот сè уште уживаат да гледаат репризи на серијата, но Метју не е еден од нив. Тој вели дека не може да се натера повторно да ја гледа серијата поради неговата битка со зависноста, која започнала на снимањето на „Пријатели“.

„Не ја гледав серијата затоа што само ќе треба да повторувам „алкохол, дрога, кокаин“. За секоја сезона можев да кажам што користев тогаш и затоа не сакам да ја гледам. Тоа е сѐ што гледам. “, рече тој во интервју за CBC. Се присетил и на тешките моменти од животот и борбатата со зависноста, а во еден момент дури и заплакал пред камерите.

"Во еден момент се тресев толку многу што ако сакав да се префрлам само од полицата за книги на масата, морав да го сторам тоа потпирајќи се на нешто. Тоа отиде толку далеку", рекол актерот.

„Знаете, она што секогаш ме тера да плачам е фактот дека ова не е фер. Не е фер што морав да поминам низ оваа болест додека остатокот од екипата не. Тие добија сѐ што добив, но јас бев единствениот кој мораше да се борам со овие работи, и се уште се борам“, рече тој низ солзи.

Во претходното интервју за списанието People, Пери рече дека неговата зависност започнала кога добил улога во серијата. Тогаш имал само 24 години. За време на снимањето, неговата зависност ескалирала, а во 2018 година за малку ќе го чинела живот. Сепак, актерот веќе некое време е трезен.

"Благодарен сум што сум жив, тоа е сигурно. И тоа ми дава можност да правам сѐ. Колку и да е мрачна мојата приказна, таа е некако и приказна со надеж. Затоа што се уште сум тука", заклучил актерот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и посвежо

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. 

Утре променливо облачно и посвежо

Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот.

Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност.

Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година.

Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела.

Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели:

„Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други.

Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти.

Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград

Вучиќ синоќа го призна изборниот пораз. 

Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград

Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер