Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
1Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
2Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Шоу бизМетју Меконахи ќе игра главна улога во историски филм за бунт на селанитеДобитникот на Оскар, Метју Меконахи наскоро се враќа на големото платно.Покрај тоа што го гледаме во овогодинешниот криминалистички трилер Ривалите на Амзија Кинг, чија премиера ќе биде во март, Дедлајн потврди дека Меконахи ќе глуми во новиот филм на режисерот Пол Гринграс. Филмот е „Гневот“, порано познат како „Худ“, кој е сместен за време на Бунтот на селаните во 1381 година во Англија. Бунтот беше одговор на социо-економските и политичките тензии од тоа време и на високите даноци што ја финансираа Стогодишната војна помеѓу Кралството Англија и Кралството Франција. Меконахи во филмот ќе глуми селанец кој станува водач на бунтот. Иако сè уште не е потврдено, се шпекулира дека оскаровецот ќе го портретира Ват Тајлер, водачот на бунтот кој беше погубен од офицери лојални на кралот Ричард Втори. Покрај режијата на филмот, Гринграс го напишал сценариото и работи и како продуцент заедно со Џејсон Блум и Џоана Кеј. Гринграс е инаку познат како режисер на три филма од акциониот серијал Џејсон Борн и како режисер на познатите филмови United 93 и Green Zone. Последен пат го видовме Меконахи на големото платно во 2019 година, кога глумеше во „Господата“ во режија на Гај Ричи. Тој ги помина 2020-тите како гласовен актер во анимираната серија за возрасни Агент Елвис и семејниот филм Пеј 2. Годинава ќе се појави во филмот Ривалите на Амзија Кинг, а глумеше и во филмот на Гринграс „Изгубениот автобус“, кој моментално е во постпродукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче. Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад. „Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче. За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина. Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година. Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. „Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче. Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата. „Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во ЊујоркМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум. Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“. На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.Тагови: Димитреиска -Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио КоштаМакедонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook