Металург останува без македонските репрезентативци - Канал 5

Металург останува без македонските репрезентативци

Македонскиот ракометен шампион Металург до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе продолжи да се натпреварува, но без македонските репрезентативци. Претходно клубот го напуштија и неколку странски играчи.

Металург останува без македонските репрезентативци
На денешната прес-конференција по повод претстојниот дуел со Војводина од СЕХА лигата главна тема очекувано беше судбината на играчите во клубот.

- Официјално ќе кажам дека клубот го напуштаат Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Велко Маркоски, Никола Маркоски, Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Ацо Јоноски и Гоце Георгиевски. Правевме напори како управа на клубот да останат, но тоа не зависеше од нас и од тренерот. Се соочивме со финансиски проблеми и проблеми со спонзорите. Клубот нема да го затвориме, бидејќи тоа не во интерес. Уште еднаш благодарност до сите што биле дел од клубот, изјави Левче Китевски претстедател на Упрваниот одбор на РК Металург.

Во текот на денешниот ден ќе биде позната и судбината на Ренато Вугринец околу евентуалното негово заминување. Китевски исто така напомена дека играчите со раскин на договорите ќе ги добијат и финансиите што им ги должи клубот.

Тренерот на Металург Лино Червар имаше свое видување за ситуацијата.

- Тешко ми е поради нашите играчи. Пет години бевме заедно во клубот со играчите. Создадовме клуб кој двапати беше во ТОП 8 од Лигата на шампионите и еднаш во ТОП 16. Додека постои клубот, ќе сторам се за да помогнам, да ги кренеме овие деца што ќе играат, за да израснат во ракометари, рече Червар.

На прес-конференцијата беа присутни и навивачи, кои со големи емоции побараа од управата одговорност за настанатата ситуација во клубот и пред се за заминувањето на играчите.

- Во име на клубот Ви благодарам. Направивме сѐ за да ги задржиме вашите идоли, но има нешто посилно од тоа… Преговаравме, ги одигравме првите два натпревара, затоа не сакавме да излеземе со официјални информации. Ви се заблагодаруваме за поддршката. Бидете со нас и бидете трпеливи, затоа што верувам дека оваа генерација момци што доаѓа ќе бидат ваши идоли. Колку што вас ви е тешко, нас ни е дупло потешко, одговори Китевски.

Металург со најголемиот дел играчи од младинскиот погон ќе го игра утрешниот натпревар од СЕХА лигата со Војводина (почеток 17:30 часот) и ќе ги доигра натпреварувањата оваа сезона во Лигата на шампионите, СЕХА лигата, домашното првенство и куп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото.

10 европски дестинации за посета за време на есента:

1. Езерото Блед, Словенија

2. Баварските Алпи, Германија

3. Езерскиот округ, Англија

4. Трансилванија, Романија

5. Пертшир, Шкотска

6. Доломити, Италија

7. Долина на Лоара, Франција

8. Лапонија, Финска

9. Долина Дуро, Португалија

10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Индија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат.

„Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството.

Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“.

Ситуацијата во теснецот не се смирува

„Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството.

Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција.

Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина.

Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност.

Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер