Место јануари, „Сејф сити“ ќе почне да казнува од февруари - Канал 5

Место јануари, „Сејф сити“ ќе почне да казнува од февруари

Казни за сообраќајни прекршоци од 1-ви февруари следната година. 

Место јануари, „Сејф сити“ ќе почне да казнува од февруари

Системот „Безбеден град“ и официјално започнува да функционира со еден месец одложување, иако првично истиот требаше да стапи на сила со почетокот на новата година, потврдуваат од МВР.

Можноста за ова неодмана ја најави минстерот Тошковски поради потребата од технички подобрувања и законски измени кои треба да поминат во Собрание.

Овој дополнителен еден месец МВР ќе го искористи и за точно да го одреди прагот на толеранција за брзината над која ќе се санационираат возачите.

-За редовната примена е предвидено да се донесе решение според европските стандарди и практики и се очекува тогаш да се утврди и прагот на толеранција кој ќе биде во интерес на граѓаните. Целта секако не е МВР да казнува за минимални надминувања, туку да ги спречува опасните брзини и безобѕирни употреби на моторни возила кои предизвикуваат сообраќајни незгоди кои одземаат човечки жртви, изјави, Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Во првата фаза, системот ќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10. Планот е постепено да се прошири низ целата земја, за како што очекуваат од МВР, драстично да се намалат тешките сообраќајни несреќи со смртни последици, црна статистика на која Македонија е во врвот на Европа..

-Системот ќе продолжи да се развива и надградува и во иднина. „Безбеден град“ ќе стане „Безбедна држава“ и ќе го регулира сообраќајот низ целата држава. Еволуцијата на системот „Безбеден град“ ќе биде исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и цела држава кој ќе спасува животи, ќе го регулира сообраќајот а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат правилата на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот,- МВР.

Пробниот период за „Сејф сити“ започна пак на почетокот на месецов. Првите ден беа регистрирани 110.000 прекршоци, но нивниот број веќе следниот ден беше преполовен.. Освен за брзо возење, ќе се казнува и за поминување на црвено, погрешно паркирање и истечена регистрација на возилата.

Казните ќе се доставуваат електронски, преку СМС порака, електронска пошта, со линк за преземање на записник и платен налог. Ако се плати во рок од 8 дена, глобата се намалува за 50%. Плаќањето ќе биде електронско, а МВР веднаш ќе добива потврда за уплата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер