Месина: Фаворити се Шпанија, Франција и Србија, но може да изненади и Грција - Канал 5

Месина: Фаворити се Шпанија, Франција и Србија, но може да изненади и Грција

Италијанскиот кошаркарски тренер Еторе Месина во интервју за италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ во најавата за Евробаскетот ги издвои и фаворитите.

Месина: Фаворити се Шпанија, Франција и Србија, но може да изненади и Грција
- Шпанија, Франција и Србија и покрај отсуствата се фаворити, но внимание треба да се обрне и на Грција, која може да биде изненадување на шампионатот, истакна Месина.

Токму селекцијата на Грција е првиот противник на Македонија во рамките на групата Ц во Загреб. Овој дуел се игра утре од 18 часот.

Инаку, за настапот на Италија на шампионатот, Месина изјави дека „ќе биде интересно бидејќи за првпат ќе бидеме комплетни“.

Еторе Месина како тренер има четири титули европски шампион, а во моментов е еден од асистентите во НБА екипата Сан Антонио. Како селектор на Италија има освоено сребрен медал на ЕП 1997 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху, се разговарало за воздушната одбрана на Украина и за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.

Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху, се разговарало за воздушната одбрана на Украина и за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, кои Белата куќа ги оцени како позитивни и продуктивни.

Двајцата лидери престојуваа во главниот град на САД за да присуствуваат на погребот на сенаторот Линдзи Греам, кој беше силен поддржувач на Израел и застапник за американската помош за Украина.

По средбата со Трамп, Зеленски рече дека американскиот претседател го прифатил барањето на Украина за добивање лиценци за производство на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Средбата со Нетанјаху пак, Трамп ја оцени како позитивна, а израелскиот премиер за медиумите соопшти дека двајцата имаат разбирање за како што посочи, заедничката цел иран да не произведе нуклеарно оружје...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода

Унгарскиот министер за заштита на животната средина, Ласло Гајдош, денеска изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од сушата.

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода

Во објава на Фејсбук, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски водостопански области ги надминал праговите утврдени со прописите, поради што биле воведени вонредни мерки, пренесе МТИ.

Според него, експерти од Дирекцијата за управување со води ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси на 74 отсто од територијата на земјата, со цел да се ублажат последиците од сушата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда.

Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација.

Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер