СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!
1СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
2Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!
3Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност
3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
ФудбалМеси: За да ја освоиме МЛС, треба да примиме помалку головиФудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, објасни што треба да направи тимот за да ја освои МЛС.- Се подобривме и станавме значително посилни во последните две сезони. Сепак, сè уште сме неконзистентни и примаме многу голови. Ако сакаме да ја освоиме МЛС, треба да продолжиме да се подобруваме во дефанзива. Го почувствувавме тоа минатата година кога бевме први по регуларниот дел од сезона, а потоа бевме елиминирани во првото коло на плејофот, изјави Меси за „ESPN“. Оваа сезона, Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на плејофот, каде што го добија првиот натпревар од серијата против Нешвил Предаторс со 3:1. Реваншот ќе се одржи на 2 ноември во Нешвил. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на МицкоскиКако што најавивме СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски - Иван Стоилковиќ.Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници. Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се руши достоинството на Собранието и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратешки интереси на Македонија. Стоилковиќ не им служи на граѓаните на Македонија а за неговото останување во Владата директно е одговорен Христијан Мицкоски. Неговата поврзаност со српски разузнавачки структури и неговите јавни настапи и активности поврзани со Русија отвораат сериозно прашање: чии интереси застапува како член на македонската Влада? Македонија е членка на НАТО и земја со надворешна политика усогласена со надворешната политика на Европската Унија. Промовирањето спротивни геополитички агенди ја поткопува довербата кај сојузниците и им нанесува штета на нашите национални интереси. Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ. Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се велича Ратко Младиќ, осуден за геноцид. Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции. Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства. Министер во земја членка на НАТО мора да ги почитува државните стратешки определби. Не може функцијата да ја користи за промоција на политики што ги поткопуваат. На ова се надоврзуваат пцуењето, навредите и заканите во Собранието кон пратениците од СДСМ, до Фатмир Битиќи и до мене лично, како и до пратеничката Арбана Пашоли. Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата. Стоилковиќ не беше повикан на одговорност ниту некогаш лично се извини. Затоа политичката одговорност треба да се утврди пред Собранието. Државната функција не е партиска пропусница. Македонија има свои институции, свои интереси и своја надворешна политика. Стоилковиќ е дел од тој систем. Мицкоски го постави, го задржа и политички го штити. Затоа оваа интерпелација е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност. Со оваа интерпелација бараме политичка одговорност и јасен одговор од парламентарното мнозинство: дали ќе го заштитат достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат Стоилковиќ? Прес конференција на СДСМ - Митко Трајчулески, пратеник СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФорум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!Форумот на жени на ЛДП изразува длабок револт и згрозеност од срамните и мизогини ставови на Петар Богојески, кој ги оправда насилството и контролата врз жените под параванот на „машки надзор“. Ова не е никаква слобода на говор, туку брутална промоција на насилство и шовинизам во кој мажот е господар, а жената објект. Ниту една жена во Македонија не должи потчинетост или надзор никому – личната автономија и слободата се темел на секое цивилизирано општество! Поразително е што вакви средновековни сфаќања доаѓаат од коалиционен партнер на премиерот и човек кој образува идни воени кадети. Бараме итна реакција од Министерството за одбрана и Воената академија бидејќи лице кое релативизира семејно насилство нема никаков морален ниту професионален кредибилитет да учи идни офицери. Ја повикуваме Владата и Собранието веднаш да престанат со кукавичкото молчење и уште денес да го изгласаат Законот за електронска нараквица за демначи и насилници. Додека вие му давате простор на коалицискиот партнер да се изживува со жените на телевизија, жртвите на семејно насилство секојдневно живеат во страв за сопствениот живот. Насилниците заслужуваат строга казна а не промоција на национална телевизија. Ние нема да молчиме пред вашиот системски шовинизам!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилностОктомври е најуспешен месец досега во однос на користењето на платформата за интероперабилност. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска соопшти дека се реализирани рекордни 20 милиони трансакции. „За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Тоа значи дека денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги. На порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември. Во овие 30 илјади трансакции, предничат услугите достапни преку мобилната апликација m.Uslugi. “- изјави Андоновски пред 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што се одржува во Скопје. Оваа недела министерот очекува да се пушти и втората верзија на апликацијата со дополнителни подобрувања. „Ова е само почеток. Јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот. Ме радува што повеќе од 30.000 наши сограѓани веќе ја препознаа апликацијата и се нејзини корисници. Тоа се одразува и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе значајно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ - потенцира Андоновски. За посетата на Бон, каде што беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот денеска изјави дека најголем дел од разговорите се однесувале на дигиталната трансформација и имале можност да се запознаат со искуствата на „Дојче телеком“, особено во областа на сајбер-безбедноста. „Тие располагаат со центар за сајбер-безбедност, кој ги опслужува компаниите во рамките на групацијата, но и други клиенти во Европа и светот. Правиме напори за да привлечеме вакви инвестиции и во Македонија. Знаете дека државата има удел во „Македонски телеком“, а целта е да видиме како ваквите инвестиции и знаења можеме да ги пренесеме и кај нас. Сакаме да создадеме нови компании што ќе се занимаваат со сајбер-безбедност и да им помогнеме на малите и средните претпријатија, вклучително и на учесниците на оваа конференција, да ги зајакнат своите капацитети во процесот на дигитална трансформација и да бидат безбедни и заштитени“ - изјави Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook