ФудбалМеси веќе си купи вила во Мајами од 7,3 милиони долари, знак дека ќе игра во тамошниот Интер Изминативе неколку дена главна тема во фудбалските кругови ширум светот е заминувањето на Лионел Меси од Пари Сен Жермен, па сега многу фанови се заинтересирани за следниот потег на славниот Аргентинец.Љубителите на фудбалот со нетрпение чекаат да дознаат во кој клуб ќе игра Меси во иднина, едни го поврзуваат со Саудиска Арабија додека други го селат Аргентинецот во САД, поточно во Мајами. На интернет се појави една информација која може да ги отстрани сите можни дилеми, а станува збор за новиот имот кој Меси го купил. Имено, Меси за време на својата богата кариера заработил неколку стотици милиони евра, а дел од парите издвоил за да купи луксузен стан во Мајами, а за овој имот искеширал неверојатни 7,3 милиони долари. Messi to Miami? Lionel Messi's family just purchased this $7.3M condo in South Beach, per @trdny 🌇 ➖ Entire 9th floor at Regalia Miami ➖ 5,515 sq. feet ➖ Fully furnished 4 br, 4.5 bath ➖ 1,000 bottle wine cooler pic.twitter.com/tXv937WHOE — Front Office Sports (@FOS) April 21, 2021 Станот се наоѓа на деветтиот кат во луксузната зграда Regalia Miami и има површина од 5.515 метри квадратни. - Меси во Мајами? Семејството на Лионел Меси само што го купи овој стан за 7,3 милиони долари – пишува во објавата на „ФОС“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобусиГрадоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје информираше дека е потпишан договорот за набавка на 150 електрични автобуси. Набавката ја спроведе централната власт, договорот е потпишан со унгарската фирма „Икарус“.– Сум ги видел автобусите, ултрасовремени. Нашите тимови веќе работат на двете позиции, Автокоманда и Ѓорче Петров, каде ќе се поставуваат полначите за електричните автобуси – рече Ѓорѓиевски. Тој најави дека наредната недела ќе биде распишан тендерот за проектирање и изградба на трасата за системот БРТ за брзиот автобуски превоз. Тендерот за нови автобуси го спроведе Министерството за транспорт и врски. Ова беше трета јавна набавка по ред, откако првите две беа поништени. Министерот Александар Николоски пред еден месец кога заврши тендерот рече дека првите 30 автобуси ќе стигнат до крајот на декември. Според условите во тендерската документација, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци. Проценетата вредност на целокупната набавка, според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, изнесува околу 51 милион евра. Од 150 автобуси, 100 ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови. Новите автобуси значително ќе го подобрат квалитетот на јавниот превоз во Скопје. Патниците повеќе години наназад се соочуваат со нередовен превоз, а ЈСП „Скопје“ нема доволно возила за да ги задоволи потребите на градот, објави „Плус инфо“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисХоливудска ѕвезда падна во депресија на трибините на УС Опен по поразот на Ѓоковиќ (ФОТО)Легендарниот холивудски актер, Орландо Блум, беше на трибините на Отвореното првенство на САД на првиот ден од турнирот, каде што дојде да го гледа Новак Ѓоковиќ во дуел против Маријано Навоне од Аргентина.Орландо Блум и претходно доаѓаше на натпреварите на Новак и фотографите често го фотографираа на трибините во ложата, а овој пат истото беше и кај Артур Еш, објави Телеграф. Сепак, за разлика од многу други ситуации, кога го гледавме насмеан, сега се забележани фотографии каде што е видливо незадоволен и лошо расположен. Очигледно, болната ситуација со Новак Ѓоковиќ и тортурата низ која помина поради повредата на теренот влијаеше и на легендарниот актер. Речиси целиот стадион беше со Новак Ѓоковиќ, кој плачеше во финишот од натпреварот кога повеќе не можеше да издржи бидејќи неговото тело откажа. Во тој момент, Орландо Блум изгледаше како да страда подеднакво со Новак Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
ЕвропаУапсен е напаѓачот на забавата во Швајцарија, уби 22- годишна Италијанка и рани петминаШвајцарската полиција уапси 43-годишен маж осомничен за пукање на рејв забава во Арау, каде што минатиот викенд беше убиена 22-годишна Италијанка, а пет лица беа ранети. Апсењето е извршено по обемна потрага по инцидентот на хиподромот Шахен. Жртвата е идентификувана како Марија Спинели. Пукањето се случило во раните утрински часови во недела, околу 2:30 часот, веднаш по завршувањето на техно забавата „Aarau Rave VOL. 7“. Според изјавите на сведоците за швајцарскиот весник Blick, посетителите првично помислиле дека станува збор за огномет. Паниката се појавила само кога некој извикал: „Сите на подот!“. 🔴 Several people were reportedly killed or injured in a shooting at a party in the Swiss city of Aarau, prompting a major police and emergency response. Follow: https://t.co/Ez42KDda7X pic.twitter.com/vllmaPoqeA — PressTV Extra (@PresstvExtra) August 30, 2026 Еден од сведоците му рекол на Blick дека се обидел да реанимира жена која крварела од прострелна рана, но без успех. Полицијата подоцна потврди дека таа починала на местото на настанот. Другите петмина повредени, четири мажи и една жена, сите на возраст меѓу 24 и 27 години, биле пренесени во болница. Нивните повреди се движат од полесни до тешки, а сите живеат во Швајцарија. Истрага и апсење По пукањето во Арау, главниот град на северниот швајцарски кантон Аргау, полицијата започна голема операција. Во соопштението за медиумите, тие наведоа дека претресот резултирал со апсење. „Како дел од претресот, во понеделник, 31 август 2026 година, малку пред еден часот наутро, беше приведен 43-годишен швајцарски државјанин. Потоа, човекот беше уапсен под сомнение за сторено кривично дело“, објави полицијата. Тие додадоа дека засега се претпоставува дека сторителот дејствувал сам. JUST IN: Shots heard at event in Aarau, Switzerland. Police confirm there are multiple victims. (Video: Blick) pic.twitter.com/nZMKcGtMGD — Open Source Intel (@Osint613) August 30, 2026 Полицијата, исто така, соопшти дека истрагата за точниот редослед на настаните, позадината на злосторството и можниот мотив е сè уште во тек. Реакции на трагедијата Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја објави смртта на италијанската државјанка Марија Спинели. „Моите мисли се со другите повредени, меѓу кои и двајца италијански државјани, и со сите погодени од овој настан“, напиша таа на социјалната мрежа X. Тркачкиот клуб Аргау, кој управува со хиподромот, го изрази својот шок од инцидентот. „Изразуваме најдлабоко сочувство до сите погодени и нивните семејства во овие тешки времиња“, се вели во нивното соопштение. Швајцарскиот диџеј Текибо, кој настапи на забавата, напиша на Инстаграм дека настанот бил „апсолутно рок“. „Техно и рејв забавите треба да бидат места на слобода и безбедност, а не места каде што се случува нешто вакво“, рече тој. Настанот беше најавен како техно забава на покриениот хиподром за околу 3500 посетители. Градот Арау, кој се наоѓа на околу 45 километри западно од Цирих, има приближно 22.300 жители.Тагови: Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44