Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визи
1Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визи
3Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес
ФудбалМеси: Сите сакаа да го копираат ГвардиолаНапаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси во Пеп Гвардиола го гледа највлијателниот тренер во модерниот фудбал.„Гвардиола е од друг свет, го гледа она што никој друг не го гледа. Го смени фудбалот. Сите сакаа да го копираат неговиот стил во Барселона. Всушност, на овој начин тој несвесно ѝ наштети играта: луѓето се обидуваа да играат како Барселона без да разбираат како да го прават тоа. Имавме совршен тим со Чави, Андрес Иниеста и Серхио Бускетс во средината на теренот, совршена комбинација на играчи и тренер“, рече Меси во интервју за каналот Simplemente Fútbol на Јутјуб. Аргентинецот Меси наведе дека сè уште не одлучил дали ќе остане во националниот тим за одбрана на светската титула на Светското првенство следната година. „Оваа година ќе биде клучна за мојата одлука во врска со Светското првенство во 2026 година. Ќе лажам ако кажам дека не размислувам за тоа“, рече Меси. /МИАТагови: Гвардиола Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визиМакедонија самостојно и успешно го решава проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната, дециден е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој информираше дека веќе се издаваат долгорочни работни визи, а склучени се договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека разговорите со Словенија, Австрија и Германија се во завршна фаза. Претходно дел од медиумите во соседството објавија дека Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија испратиле заедничко писмо до Европската комисија со барање за системско решение најдоцна до 10 август. Во однос на овие информации Николоски повтори дека земјава проблемот го решава на експертско ниво -Ова прашање го водиме самостојно, од причина што други земји е злоупотребено. Дел за естрада, дел за политички поени таму и се што кажаа од тие соседни држави до сега не се реализирапе. Би замолил македонските транспортери за тоа се свесни и им е доволно јасно да не се потпаѓа под туѓи пропаганди и ние да си ја гледаме нашата работа, а во моментов сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решаваат проблемите за нас,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски. И превозниците сметаат дека решението треба да се бара преку билатерални договори со секоја земја од Шенген-зоната. Од „Макам-транс“ велат дека имаат доверба во домашните институции и во активностите што ги презема Министерството за транспорт..Како позитивен пример ја посочуваат Хрватска, но додаваат дека сè уште треба да се прецизираат процедурите и потребните документи за добивање годишни визи. -Уште на првиот состанок пред протестите кажавме дека не станува збор за политичко барање, туку за чисто егзистенцијален проблем кој сакаме да биде надминат. Имаме доверба во работата на нашите државни органи, бидејќи без нив не може да се реши проблемот затоа што сепак тоа мора да биде на билатерална основа,- Билјана Муратовска – генерален секретар на „Макам Транс“. Во меѓувреме, еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, изјави дека Европската комисија им предложила на земјите членки и на државите од Западен Балкан да се договорат за долгорочни визи за професионалните возачи. Во интервју за Европскиот весник ЕНР, Брунер нагласи дека ова би било привремено решение, додека долгорочно решение ќе се бара преку новата визна политика на Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаЗаконот за соодветна и правична застапеност на пленарна седница Законот за правнична застапеност ја разгори атмосферата во Собранието. Опозициските пратеници од албанските партии влегоа во кавга со потпретседателката Весна Бендевска, на која и забележуваат зошто по завршување на расправата не го стави законот на гласање туку премина на следната точка од дневниот ред на седницата. Неколку часа се пријавуваат со процедурални забелешки, како единствена алатка да го кажат нивниот став дека законот се прескокнувал поради отсуство на пратениците од Вреди кои се неопходни за финалното гласање. Бендевска тврди дека не го крши деловникот. Вели дека точниот датум и час на гласање ќе го одреди претседателот Африм Гаши, а потсети и дека таква пракса имаше и во време на Талат Џафери. На кратко на седницата се појави и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој вообичаено присуствува кога треба да се гласаат поважни закони со бадентерово мнозинство. Законот за правична застапеност, кој доаѓа како замена за балансерот, ќе се носи со т.н. „мал бадентер“, односно покрај мнозинство од присутните пратеници ќе биде потребно и мнозинство од присутните коишто припаѓаат на немнозинските заедници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процесОсум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес за земјите-кандидати, со јасно дефинирани правила и временска рамка за нивното членство. Во документот, зад кој стојат Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Словенија, се нагласува дека процесот мора да остане заснован на заслуги, при што секоја држава ќе напредува според сопствените реформи. Истовремено, се предупредува дека воведувањето нови политички предуслови и постојаното менување на правилата во текот на преговорите ја поткопуваат довербата во процесот на проширување. -Избегнување на непотребни нови пречки. Континуираното додавање нови барања, политички предуслови или дополнителни институционални пречки во текот на пристапниот процес ги демотивира земјите-кандидати, ја поткопува кредибилноста на европската перспектива и го ослабува влијанието на Унијата во соседството. - Нон-Пејпер. Дополнително, во документот се предлага и воведување на заштитни клаузули со кои ЕУ би обезбедила и по евентуално членство на земја-кандидат, да се следи спроведувањето на обврзувачките меѓународни договори кои биле составен дел од пристапниот процес, особено во делот на добрососедските односи. Сепак, според авторите, ваквите одредби не би воведувале нови барања и услови, туку би гарантирале исполнување на веќе преземените обврски. -Заштитните клаузули, кога е соодветно, би можеле да се приспособат за да обезбедат продолжување на спроведувањето, и по пристапувањето, на обврзувачките меѓународни договори што претставувале суштински дел од пристапниот процес на една земја-кандидат, особено во контекст на добрососедските односи. Таквите одредби не би создавале нови обврски, туку би ги зајакнале обврските што веќе биле составен дел од условите за пристапување-- Нон-Пејпер. Новиот нон-пејпер доаѓа еден месец по француско – германската иницијатива со која Макрон и Мерц од самитот ЕУ –Западен Балкан во Тиват предложија нов модел за постепена интеграција во Унијата. Во документот, покрај постепено вклучување во одделни политики и во заедничкиот европски пазар пред полноправно членство на земјите-кандидатки, се предлагаше и воведување на процес на интеграција врз основа на јасно дефинирани етапи и преодни фази. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook