ФудбалМеси сака да игра на Светското првенство во 2026 годинаАргентинскиот фудбалски великан Лионел Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но рано е за официјални најави, изјави селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони.Скалони, кој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, ја објасни желбата на 37-годишниот рекорден осумкратен освојувач на „Златната топка“ да остане во тимот. -Првото нешто што треба да се каже е дека и тој и неговите соиграчи се свесни дека останува разумно време и дека тој и сите други сакаат да играат на Светското првенство. Ќе треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите. Меси знае што мислиме и е најинтелигентен од сите нас, изјави Скалони за ДССПОРТС. Скалони зборуваше и за одлуката на поранешниот аргентински напаѓач Анхел ди Марија да се повлече од националниот тим откако минатата година го освои вториот трофеј на Копа Америка. -Од она што го кажа, се е готово. И на најдобар можен начин. Да напишеше свој филм, своја книга, своја фудбалска приказна, мислам дека немаше да ја напише толку добро како што ја заврши, рече Скалони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваХаланд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна трпеза полна со месо, колбасиХаланд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна гозба – трпеза полна со месо, колбаси и колачи – а потоа испрати и порака.Светската фудбалска ѕвезда норвешкиот репрезентативец и напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, 26-ти роденден го прослави на свој начин – со раскошна гозба за време на паузата по Светското првенство. Маестралниот голгетер одигра важна улога во норвешката репрезентација на овогодишното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, предводејќи ја својата селекција до најдобриот пласман во историјата, пред да бидат елиминирани од Англија во четвртфиналето. Бидејќи до почетокот на новата сезона во Премиер лигата има уште неколку недели, Халанд одлучи да одмори на Сардинија, каде што ужива на јахта со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен. На својот роденден, тој сподели фотографија од нејзиниот профил на Инстаграм на која се гледа импресивна трпеза. Масата е полна со огромни порции месо на скара, колбаси, палачинки, јајца, бејгели и овошје, како и голем избор на торти и пецива, додека во позадина се протегаше погледот кон морето. Подоцна, тој објави и фотографија на која се релаксира на јахта со викиншки шлем на главата, придружена со кратка порака: „26 години. Прекрасно.“ Халанд е познат по една од најекстремните диети во светот на фудбалот. Тој внесува околу 6.000 калории дневно за да ја одржи својата импресивна физичка градба.Тагови: Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Секси пејачка носи само две лентиНоси само 2 розеви ленти, никогаш не сте виделе вакво минијатурно бикини!Атрактивната српска пејачка Теодора Џеверовиќ успеа да ја разбуди имагинацијата на своите следбеници кога сподели фотографии во минијатурно бикини. Таа покажа дека е во топ форма, а во една прилика откри и како успева во тоа. Теодора позира на лежалка во розов костим за капење, а тетоважата меѓу градите и на бутот се во преден план. Таа речиси секојдневно објавува видеа и фотографии од теретана, па не е изненадување што има совршено тело, а неодамна откри дека за појадок се труди да комбинира овошје и житарици за да има рамен стомак и доволно енергија во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
КошаркаПоранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клубПоранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клуб, ќе игра на Филипините.Како што објави менаџерот на српскиот центар Бобан Марјановиќ, познатиот Мишко Ражнатовиќ, искусниот центар потпишал краткорочен договор со тимот SGA од Филипините, за кој ќе настапува на турнирот „Вилијамс Џонс куп“ во Тајван. Интересно е што овој тим е основан во 2023 година. Тој не се натпреварува во ниту една лига, туку учествува на споменатиот куп, кој го има освоено двапати. Марјановиќ минатата сезона ја помина во екипата на Илирија, каде што имаше просек од 13,9 поени и 8,6 скока. Останува да видиме што го очекува по завршувањето на соработката на Филипините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter