3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ФудбалМеси прв пат тренираше под палката на новиот тренер(ФОТО)Лионел Меси се врати на тренинг во Барселона по недела и пол по неговите соиграчи.Минатата недела беше обележана со заминувањето или престојот на Меси во Барселона, додека во понеделникот и вчера Аргентинецот тренираше сам поради протоколот од Ла Лига за враќање на играчите на тренинг поради пандемијата на коронавирус. First workout of the day | Leo #Messi, @Phil_Coutinho, @5sergiob, @DeJongFrenkie21, and @ANSUFATI train with the group! pic.twitter.com/XbzEQTsOd7 — FC Barcelona (@FCBarcelona) September 9, 2020 Меси првпат тренираше под палката на новиот тренер Роналд Куман, а тој би можел да игра во сабота кога Барселона ќе игра подготвителен натпревар против Гимнастик од Тарагона. Сепак, треба да се очекува дека Куман нема толку брзо да го фрли Меси во оган. Покрај Меси, на тренинг се вратија и Филип Кутињо, Серхио Бускетс, Френки де Јонг и Ансу Фати. Сите освен Бразилецот изминатата недела ја поминаа со своите репрезентации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септемвриПремиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк присуствуваше на говорот на генералниот секретар на НАТО Марк Руте по повод 11 септември.Говор на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод одбележувањето на 25 години од нападите на 11 септември 2001 година врз Соединетите Американски Држави и првата и единствена примена на членот 5 од Северноатлантскиот договор (НАТО), објави на ФБ премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)Неверојатни сцени се видени на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Атлетико Индепендиенте Кочабама и Вилстерман Кооператива.При нерешен резултат 2-2 во судиското продолжение, домашниот тим притискаше силно, но аргентинскиот голман на гостинскиот тим успеа да го спаси својот гол со три спектакуларни одбрани. Сепак, и покрај ова, главниот судија Карлос Артеага досуди пенал за Индепендиенте, по што на теренот избувна општа врева. Следеше пауза од речиси дваесет минути, за време на која револтираните гости протестираа и го убедија судијата да ја промени својата одлука, но тој остана непомирлив. Потоа во центарот на вниманието се најде голманот на Вилстерман, Густаво Тесоноте, кој одлучи да го бојкотира изведувањето на најстрогиот пенал во знак на протест. Неговиот револт се манифестираше со прво свртување на грбот кон теренот, а потоа ноншалантно потпирање на стативата, мирно гледајќи го Ернест Адири како постигнува гол и му носи триумф на домашниот тим. A crazy moment in Bolivia as Argentine goalkeeper Gustavo Tesonotte refused to attempt to save a penalty in protest. The Bolivian football federation's National Referees Commission later suspended referee Arteaga. https://t.co/2eXhTye33a — Sky Sports (@SkySports) September 24, 2026 Овој необичен инцидент брзо стана вирален на интернет, алармирајќи ја Боливиската фудбалска федерација и локалната судиска организација да преземат итни мерки. Подоцнежната анализа потврди дека нема прекршок што заслужува највисока казна, што резултираше со суспензија на судијата на неодредено време.Тагови: Боливија голман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степениУтре времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 11 Попова Шапка, 14 Крушево, 18 Берово, 19 Претор, Маврови Анови, 20 Крива Паланка, Прилеп, 21 Охрид, Битола, Виница, 22 Тетово, Штип, 23 Кавадарци, 24 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Струмица, 25 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Утрото беше ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец. Во вечерните часови облачноста постепено ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во сабота ќе се задржи постудено време, а претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter