Меси одговори дали ќе ја напушти Барселона - Канал 5

Меси одговори дали ќе ја напушти Барселона

Лионел Меси имаше интервју за шпанското радио RAC1 каде повторно одговори на прашањето дали ќе ја напушти Барселона.

Меси одговори дали ќе ја напушти Барселона

Освен на терен, Меси е многу вешт и во разговор со новинарите, па затоа во стилот на најдобрите политичари избегна конкретен одговор, но значајно е што не негираше дека сепак сака да ја напушти Барселона.

"Сега се чувствувам навистина добро, вистина е дека поминав многу тешко време ова лето. Ги имав сите тие чувства на почетокот на сезоната, но сега сум добро. Се чувствувам подготвен за сериозна борба за сè што е пред нас. Возбуден сум. Знам дека клубот минува низ тежок период, има голема напнатост околу сè во Барселона, но јас сум возбуден за тоа што претстои “, рече Меси.

Да потсетиме, Меси беше сигурен дека си заминува минатото лето и веќе го информира клубот за тоа, но тогашниот претседател на клубот Хосеп Марија Бартомеу го блокира неговото заминување поради клаузула во договорот.

Меси затоа реши да остане бидејќи не сакал да се тужи против клубот каде што поминал цел живот, но затоа неговиот договор истекува следното лето. Тој може да се договори да замине во нов клуб веќе по новата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

Во врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии.

Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години.

Потребни сер 6.000 евра.

Сите кои се во можност можат да донираат на:

143 482 за корисници на А1.

143 109 за корисници на Телеком.

Халк Банка: 270 700 122 675 849

Примач: Марко Џолевски

НЛБ Банка: 210 501 786 673 895

Примач: Марко Џолевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор

Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор, при утврдувањето се води сметка за почитувањето на човековите права ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

притисни ентер