Меси одби да се тестира на корона ,Барса го казни со 565.000 евра за непослушност - Канал 5

Меси одби да се тестира на корона ,Барса го казни со 565.000 евра за непослушност

Лионел Меси, откако Барселона го одби неговиот предлог да се разделат како џентлмени со разумна компензација, започна војна со Барселона. Клубот ја прифати.

Меси одби да се тестира на корона ,Барса го казни со 565.000 евра за непослушност

Симболот, капитенот и најдобриот играч на Барселона не се појави на денешниот задолжителен тест за коронавирус, а тој рече дека нема да се појави ниту утре во клупскиот камп на првиот тренинг пред новата сезона.

Ова го објавија каталонското радио Марка, кои додадоа дека ставот на Меси ја изненади Барселона. Клубот очекувал неговата легенда да се појави на тестот и да започне со подготовките, бидејќи тој сè уште е играч на Барселона, иако сака да си замине. Меси, пак, верува дека не е должен да учествува во активностите на Барселона откако официјално побара да си замине.

Затоа постои непомирлива разлика во ставовите на суперѕвездата и клубот, кој инсистира на тоа дека во договорот со Меси стои дека тој е играч на Барселона до крајот на јуни 2021. Тој може да замине само ако друг клуб му исплати отштетна клаузула од договорот, што изнесува 700 милиони евра.

Директорот Рамон Планес го изјави тоа како официјална позиција на клубот на презентацијата на новиот играч Франциско Тринка. „Меси е играч на Барселона и ние воопшто не размислуваме да го пуштиме“, рече тој.

Барселона не престанува само да ги негира желбите и плановите на Меси. Според шпанските медиуми, заради неговото не присуство на задолжителниот тест за корона и извесното недоаѓање на почетокот на подготовките, клубот ќе ја казни легендата со одземање на четвртина од неговата месечна плата.

Договорот меѓу Барселона и Меси, потпишан во ноември 2017 година, кој беше предмет на жесток спор во последните десет дена, е нешто за што се согласуваат двете страни. Му гарантира плата на Меси од 2,26 милиони евра месечно. Тоа значи дека непослушноста ќе го чини 565 илјади евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок.

„Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија.

По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката.

Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз.

Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз.

Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво.

Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе.

Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода.

Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер