Меси излезе со две неверојатни барања за да остане во ПСЖ - Канал 5

Меси излезе со две неверојатни барања за да остане во ПСЖ

Договорот на славниот Аргентинец Лионел Меси со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната и челниците на клубот прават сѐ за да го убедат да ја продолжи соработката.

Меси излезе со две неверојатни барања за да остане во ПСЖ

Француските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но сериозно размислува за продолжување на соработката со Парижаните.

Сепак, тој постави два неверојатни услови за новиот потпис.

Наводно бара годишна плата од 40 милиони евра и загарантирано место во стартниот состав. Аргентинецот сака да биде сигурен дека ќе игра без разлика на неговата моментална форма и кој ќе биде тренер на тимот следната сезона.

Само под тие услови е подготвен да го земе пенкалото во рака и да стави потпис на новиот договор.

„Аргентинецот сака да остане во форма, бидејќи планира да игра на Копа Америка следната година за репрезентацијата на својата земја“, пренесуваат француските медиуми.

Договорот се уште не е постигнат, но се очекува преговорите да се водат во наредниот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија.

Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина.

Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.

ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев.

Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили.

Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“.

Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Жителите на градот Гаопинг во кинеската покраина Џијангси се разбудија во хаос. 

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови загина најмалку едно лице, а 11 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Во раните утрински часови, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи се бореа да пронајдат преживеани, објави кинескиот државен радиодифузер CCTV.

Трагичните сцени се резултат на тајфунот Саудел и студениот фронт што донесе обилни дождови и поплави во покраината Сечуан. Жителите беа заробени, патиштата беа оштетени, а клучните јавни услуги беа сериозно нарушени.

Гаопинг е погоден од екстремните временски услови што ја погодија Кина во последните месеци, особено во планинските области.

Тајфунот Саудел, 18-ти што ја погоди Кина оваа година, дополнително ја влоши ситуацијата кога во четвртокот по трет пат стигна до копното во округот Џијангпу, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади луѓе поради предупредувања за силни ветрови и обилни дождови. Во соседната покраина Џијангси, тајфунот погоди 128.500 жители во 53 окрузи, принудувајќи речиси 8.700 луѓе да се евакуираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер