Меси изгради куќа од 5 милиони евра во родниот град, ја нарекуваат „Тврдина“ (ФОТО)

Лионел Меси изградил куќа вредна околу 5 милиони евра во родниот град Росарио.

Аргентинските медиуми пишуваат за тоа: „Монструозно голема зграда со кино, теретана и десетици соби“. Тврдината, како што ја нарекувале во аргентинскиот град, е изградена на имот создаден со спојување на три земјишта што Меси ги купил во најбогатиот дел на Росарио наречен Кентаки.

Зградата има меѓу 20 и 25 соби, кино доволно големо за да го собере семејството на Меси и на неговата сопруга Антонела Рокуцо. Има и теретана, подземна гаража за 15 автомобили и огромна игротека за деца, која го зафаќа целиот последен кат на Тврдината.

Меси и неговата сопруга ја опремиле и ги украсиле со детали нарачани од Израел, Милано и Париз. За да ја заштитат приватноста, од соседот кој има балкон над нивниот базен, на работ на имотот засадиле три големи дрвја абонос од Тексас. Изградбата на куќата ја надгледувал таткото на Меси, Хорхе, а сега неговиот син со сопругата и децата имаат луксузна викендица во татковината кога ќе дојдат од Европа.

Меси има и луксузна куќа и во Барселона. Тој уште во 2009 година купил вила во Беламар, ексклузивен дел на Кастелдефелс во близина на каталонската престолнина, за 5 милиони евра. Се претпоставува дека тој потрошил повеќе за адаптации и реновирање на оваа зграда во следните 12 години отколку што платил за куќата.

Бред Пит е во тајна врска со 23 години помлада шведска пејачка

Актерот Бред Пит наводно тајно се гледа со шведската пејачка Лике Ли.

Иако нема официјална потврда за нивната врска, на социјалните мрежи се проширија гласини за нова холивудска романса откако од анонимен извор протече информација дека парот бил виден на заедничка вечера, пренесува The Sun.

Популарниот актер и 23-години помладата пејачка се соседи, поради што нивната наводна романса полесно се криела. Имено, Лике Ли е на само три минути возење од Бред Пит.

„Бред и Лике успеаја да влезат „под радар“ затоа што се соседи. Се` е совршено за Бред да има некој што живее толку блиску што може да го добие под радар“, рекол добро информиран извор.

Холивудскиот заводник наводно се гледал со пејачката од средината на 2021 година, а пред тоа бил поврзуван со израелската професорка Нери Оксман, како и со германската манекенка Никол Потуралски.

Инаку, Лике Ли со поранешниот сопруг, музичарот Џеф Баскер, го има петгодишниот син Дион, додека Бред Пит се уште води битка за старателство над шест деца со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Слика на Ботичели е продадена за 45 милиони долари

Ретка слика на Ботичели е продадена на аукција во Њујорк за 45 милиони долари.

Делото „Христос - Човек од болка“ е продадено за 39,3 милиони долари плус трошоци и провизии, за вкупно 45,41 милиони долари.

Се продавала по цена што ја надминала проценката на Сотби (40 милиони долари), но беше половина од рекордната цена постигната минатата година со сликата на тој италијански ренесансен мајстор „Младиот човек со медалјон“ (92,2 милиони долари).

Според експертите, сликата датира од почетокот на 16 век, од доцната фаза на делото на Сандро Ботичели (1445-1510) позната по неговите дела изложени во галеријата Уфици („Пролет“, „Раѓање на Венера“) , чии фрески ја красат и Сикстинската капела во Ватикан.

Аукциските куќи го искористија динамичниот пазар на уметност во 2021 година по падот на понудата во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Во 2021 година, Sotheby's имале најголем промет од своето постоење, 7,3 милијарди долари.

Денешната аукција, посветена на старите мајстори, се одржа во текот на утрото во Њујорк и на интернет за да им се овозможи на европските и азиските купувачи да учествуваат на неа.

Бајден: Во Врховниот суд за прв пат ќе членува Афроамериканка

Американскиот претседател Џо Бајден планира да најде замена за судијата на Врховниот суд Стивен Брејер до крајот на февруари и сака тоа за прв пат да биде Афроамериканка.

Судијата Стивен Брејер официјално му го објави своето пензионирање на Бајден во писмо објавено денеска. 83-годишниот судија планира да се повлече од функцијата кон средината на годината, доколку дотогаш Сенатот го потврди неговиот наследник.

„Не сум донел одлуки освен едно - личноста што ќе ја изберам ќе биде некој со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет, а таа личност ќе биде првата афроамериканска жена некогаш номинирана за Врховниот суд. Тоа требаше да се случи одамна “, рече Бајден, кој ги остварува ветувањата од кампањата за претседателските избори.

Заминувањето на Брејер по 27 години работа му дава прва шанса на Бајден да назначи некого во Врховниот суд, но тоа назначување нема да ја промени идеолошката рамнотежа на телото. Во моментов во судот има шест конзервативни судии, именувани за време на мандатот на републиканските претседатели, и тројца либерални.

Конзервативното мнозинство покажа голема подготвеност да ги измени законите за чувствителни прашања како што се абортусот и поседувањето огнено оружје. Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, назначи тројца судии за време на неговиот четиригодишен мандат.

Обраќајќи се пред Белата куќа, Брејер зборувал за важноста разновидна нација како што е Соединетите држави да ги решава длабоките поделби со строго придржување кон законите.

Брејер беше назначен од Бил Клинтон и тој е заслужен за важни пресуди како што се правото на абортус и пристап до здравствена заштита, правата на ЛГБТ заедницата, а исто така ја доведе во прашање оправданоста на смртната казна.

Демократите во моментов имаат многу мало мнозинство во Сенатот, па затоа сакаат брз процес на назначување во тоа тело, секако пред среднорочните избори на 8 ноември, на кои републиканците се надеваат дека ќе го вратат мнозинството.

Демократите и либералните активисти затоа ја поздравија одлуката на Брејер да се пензионира во време кога мнозинството во Сенатот сè уште е на страната на демократите, давајќи му можност на Бајден да назначи помлад судија кој може да служи со децении. Според Уставот на САД, девет членови на Врховниот суд се назначени од претседателот доживотно и се потврдени од Горниот дом на Конгресот, Сенатот.

притисни ентер