Меси има отворени врати да се врати во Барселона - Канал 5

Меси има отворени врати да се врати во Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, неодамна реизбран за трет мандат до 2031 година, зборуваше за можното враќање на напаѓачот Лионел Меси во клубот.

Меси има отворени врати да се врати во Барселона

- Меси секогаш ќе биде поврзан со Барселона, во која било форма што ќе ја избере. Нашите врати му се отворени доколку одлучи да продолжи да помага во зајакнувањето и подобрувањето на величината на нашиот тим, изјави Лапорта за шпанската „ТВ3“.

Меси играше за Барселона од 2000 до 2021 година. Тој е најдобар стрелец на клубот на сите времиња со 672 гола на 778 натпревари. Со Каталонците, напаѓачот ја освои Ла Лига 10 пати и Лигата на шампионите четири пати.

Од 2023 година, Аргентинецот игра за Интер Мајами во американската МЛС.

Триесет и осумгодишниот Меси е осумкратен освојувач на Златната топка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД, откако компанијата беше обвинета дека ги дизајнирала овие социјални мрежи за да создаваат зависност кај децата,

„Мета“ се согласи во следната деценија да го ограничи користењето на Фејсбук и на Инстаграм на тинејџерите на два часа дневно, а и да го блокира целосното користење од полноќ до 6 часот наутро, освен ако родителите не дадат согласност.

Овие ограничувања би можеле да бидат заострени доколку социјалните платформи Снепчет, Тикток и Јутјуб усвојат слични услови.

„Мета“, исто така, ќе ги исклучи повеќето известувања за тинејџерите во текот на наставата, од 8 до 15 часот, и ќе ги зајакне мерките за спречување на пристапот на децата до содржини со старосни ограничувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа одлука е донесена со цел директна заштита на природните богатства и зачувување на шумскиот фонд во овој критичен период. Од надлежното министерство апелираат до сите граѓани на максимална одговорност и претпазливост, со цел да се избегнат инциденти и појава на нови пожари на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија на автомобил во Санкт Петербург, убиен висок руски офицер

Утринава се случи експлозија на автомобил во Санкт Петербург во која загинал висок руски воен офицер, додека неговата сопруга со тешки телесни повреди е пренесена во болница. 

Експлозија на автомобил во Санкт Петербург, убиен висок руски офицер

Инцидентот се случил на паркинг во станбена зона на Ростовска улица во моментот кога возачот го активирал моторот на своето возило.

Ударниот бран бил толку силен што ги разнел задните стакла, го откорнал поклопецот од моторот и задниот браник. Делови од автомобилот и метални парчиња биле расфрлани на десетици метри околу местото на настанот.

Според тамошните медиуми возачот им подлегнал на повредите на лице место. Неговата сопруга, која исто така се наоѓала во возилото во моментот на експлозијата, во критична состојба е хоспитализирана на одделот за интензивна нега. Официјалните руски власти сè уште не го соопштуваат идентитетот на загинатиот офицер, ниту точната причина за експлозијата.

Ова е трет пат високо рангиран руски воен офицер да биде разнесен од почетокот на месецот. На 13 август во експлозија на улица во Севастопол загинна капетанот Роберт Шагеев од руската морнарица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер