Месец на машкото здравје - превентивни прегледи во геријатриската болница „13 ноември“ - Канал 5

Месец на машкото здравје - превентивни прегледи во геријатриската болница „13 ноември“

Триесет и четиригодишен маж е најмладиот пациент со канцер дијагностициран во Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ откако дошол на бесплатен преглед за рак на простата и уринарниот тракт.

Месец на машкото здравје - превентивни прегледи во геријатриската болница „13 ноември“

Канцерот може да се третира и уништи ако се дијагностицира на време, велат лекарите кои за време на месецот за машкото здравје прегледуваат во болницата „13 Ноември“. Иако свеста е подигната, а интересот е голем, припадниците на посилниот пол мора да знаат дека ракот е подмолна болест и не дава знаци, а и дека годишните граници повеќе не важат, алармираат докторите кои велат дека бројот на дијагностицирани со рак на уринарниот тракт е во пораст.

Се уште има можност сите заинтересирани да се јават на преглед, се закажува кај матичниот преку мој термин, велат од болницата.

Во посета на амбулантата беше и заменик Министерката за здравство Маја Манолева, која вели дека се работи на надминување на проблемите со термините за контролно снимање на веќе дијагностицираните.

Во оваа болница во просек се прават по 20 превентивни прегледи, а препораките се ноември да не биде единствениот месец во годината за да се посвети поголемо внимание на „машкото здравје“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Маж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата.

Опсадната состојба траеше речиси еден час.

Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе.

Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата.

„Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда.

„Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. 

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

Не е издадено предупредување за цунами.

Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер