Мерлин го посвети концертот на мајка си, во публиката и Ѓоковиќ со сопругата (ВИДЕО) - Канал 5

Мерлин го посвети концертот на мајка си, во публиката и Ѓоковиќ со сопругата (ВИДЕО)

Концертниот спектакл на Дино Мерлин заврши со настап полн со емоции. Сараевскиот кантавтор ја маѓепса меѓународната публика на неговиот прв концерт во живо од почетокот на пандемијата.

Мерлин го посвети концертот на мајка си, во публиката и Ѓоковиќ со сопругата (ВИДЕО)

Концертот бил наречен Една ноќ и се одржа во Порто Монтенегро во Црна Гора .

Билетите за ова шоу се продадоа во рекордно време, а фановите во публиката уживаа цели два часа низ музичките приказни за триесетгодишната кариера на Мерлин.

"Човек може да биде само индивидуа во општеството, бидејќи ние никогаш не можеме да создадеме слика за себе. За да се чувствуваме комплетни, ни требаат други. Ни треба некој што ќе не доврши", рече Дино Мерлин, на првиот концерт во живо после епидемиолошките мерки.

На сцената му се придружила словенечко-црногорската уметница Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, со која го изведе хитот Доѓи. Меѓу многуте гости беа Новак Ѓоковиќ, кој бил меѓу првите што добил билет и НБА кошаркарот Никола Вучевиќ, кој игра за Чикаго Булс.

"Мајка ми никогаш не беше среќна кога ја зедов гитарата. Се прашувам дали би била среќна вечерва. Но, еве и разгледница на мајка ми од Порто Монтенегро, наместо диплома за машинство", рече Мерлин, чии три синглови од претстојниот албум имаат повеќе од 45 милиони прегледи на YouTube.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара.

Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем.

YouTube video

Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер