Мерко и ги отстапува ингеренциите за урбанизмот на Владата

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко со отворено писмо до владата кое ќе го испрател и до странските амбасади.

Информира дека ингеренциите од областа на урбанизмот и ги отстапува на владата а поради фактот што не можел да им излезе во пресрет на потребите на бизнис заедницата и на граѓаните за идниот развој на општината.

-Јас како градоначалник на Општина Струга, имајќи ги во предвид и последните случувања и политичката состојба во државата одлучив да ви ги отстапам ингеренциите во урбанизмот , во делот на издавање на дозволи за градби , во делот на легализација на објектите , во делот на издавање концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО,пишува меѓу другото струшкиот градоначалник во писмото до владата.

Во еден дел од писмото Мерко објаснува дека општина струга била долго време предмет на негативна кампања преку неосновани политички и медиумски напади од што трпела последици но само и единствено поради Охрид.

Целта на долгорочната кампања против општината и градоначалникот на Струга е со една цел, спасување на дивоградбите во Охрид и отстранување на опасноста од губење на статусот на Охридското Езеро во УНЕСКО, наведува Мерко во писмото , во кое меѓу другото смета дека со тоа што не се дозволувало проширување на деталните и генералните урбанистички планови, се имало за цел намалување на туризмот и немање на работа за туристичките работници и градежните фирми, иако во Струга додека е тој градоначалник немало изградено ниту една дивоградба.

Дали одлуката на Мерко и отвореното писмо е испровоцирано од претпладневниот настан кога лице упаднало во општината и вербално им се заканило на повеќе мина, не е познато. Од МВР велат случајот е расчистен, против лицето ќе следел соодветен поднесок.

Досега нема коментар од владата каков би бил одговорот кон Мерко , нема ни од неговата матична партија ДУИ. Недостапен е и самиот Мерко. Инаку струшкиот градоначалник долго време е обвинуван за самоволие во вршењето на градоначалничката функција. Последно за што беше обвинуван е купувањето скап автомобил со општински пари.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер