Мерките истекуваат во понеделник: Горивата остануваат без повластени акцизи, се бара решение со „ОКТА“ - Канал 5

Мерките истекуваат во понеделник: Горивата остануваат без повластени акцизи, се бара решение со „ОКТА“

Владата викендов треба да одлучува дали мерките за намали акцизи од 2 денари за дериватите и повластената стапка на ДДВ од 10 % само кај бензините кои истекуваат в понеделик ќе продолжат или не. 

Мерките истекуваат во понеделник: Горивата остануваат без повластени акцизи, се бара решение со „ОКТА“

Од Владата за Канал 5 велат ќе се разгледа состојбата и доколку има основ мерките ќе бидат продолжени. И од министерството за енаргетика пред неколку дена посочија дека во насока на заштита на стандарот на граѓаните како министерство работат на изнаоѓање решени во однос на стабилизиација на трошоците на енергенсите, а една од превземените активности се и преговорите со рафинеријата ОКТА за евентуално повторно воведување на попустот за компаниите.

„Ги уверуваме граѓените дека Владата прави напори со цел соодветно да се одговори на актуелните предизвици во енергетскиот сектор. Дел од конкретните активности се и преговорите со рафинеријата ОКТА коишто во моментов се одвиваат во рамките на нашата поширока соработка.“- Министерство за енергетика

Инаку деновиве по новите меѓусебни напади меѓу САД и Иран цаната на нафтата на светските берзи варира, а од Меѓународната агенција за енергија предупредија дека глобалните резрви на нафта се празнат побрзо од очекуваното. Екпретите се надеваат дека војната на Блискиот исток ќе заврши наскоро и снабдувањето со нафтени деривати ќе се нормализира.

Во однос на цените на храната иако од Владата не ја исклучуваат можноста доколку е потребно да се интервенира и во тој дел, засега велат размислува за воведување мерки, бидјеќи инфлацијата е стабилна и во рамки на очекуваното.

„Ние успеавме да ја смириме инфлацијата уште пред да почне енергетската криза и беше прокетирана на околу 2,5 – 3 %, меѓутоа сигурно ќе имаме повисока инфлација и ќе гледаме да е во тие рамки и владата во иднина е спремна да ги спроведува сите законски решенија, дали тоа ќе биде во однос на ограничување на цени во иднина или пак во однос на намалување на ДДВ на одредени основни прехрнабени производи но ќе реагираме врз основа на ситуацијата и анализите.“- Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд

Дополнитлено министерството за економија и труд ги подготвило и потрошувачката кошничка и измените на законот за нефер трговски практики кој според најавите се очекува да бидат усвени летово. Оттаму посочија дека токму ваквата кошничка која ќе ја пресметува владата ќе помогне во иднина во случај на нови кризи при креирање на економските политики, одлуки и мерки. Со измените на законот за нефер трогвски практики казните треба да бидат поригорозни а со одредбите ќе бидат опфатени и добавувачите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер